1:16 Мahindra CJ4 - рачно правена макета

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Има нешто, но е ептен малку за жал. Иако сум веќе четврта недела дома, немав време да сработам нешто посериозно од макетите иако тоа беше планот. Освен што е средина на учебна година, немам услови (читај греење) во работилницата за да работам во зима. Празници, семејство, пријатели... на кратко - јануари.

Она што всушност се случува е тоа што полека се спремам за посериозен „напад“ - разгледувам алати, набавувам материјали и разгледувам начини за подобрување на деловите од моите модели. Зимата е долга, тука-таму по некој колоквиум и услови има само за brainstorming.

Долго време мачев мака со материјалите и спојувањето, но тоа со челикот и со лемењето го решив. На ред е спојувањето на склоповите меѓу себе - шасијата со школката, делови од подвозјето со шасијата итн. Целта ми е деловите да ги изработам, да му удрам финиш (полирање или фарбање) и да ги прицврстам со навојна врска (народски кажано - со штрафови) и лепењето да го сведам на минимум. Тоа не е можно ако ги нема овие:

DSCN0150_zps13b3eda6.jpg

ова се минијатурни завртки и навртки - метрички навој М1.6. Во план е набавка на асортиман од М1 до М2 затоа што со една димензија не правам ништо.

Има милион видови на стеги по продавниците за алати, но сите се столарски, често преголеми и сите се пластични. Пластиката нема да ми брка работа при лемењето, работам често со отворен пламен па ги набавив овие метални.
DSCN0148_zps74f1c745.jpg

Набавив и гума со H профил која ќе ја користам како кедер. Во едниот жлеб влегува металот од каросеријата а во другиот прозорот (стакло или пластика, небитно)
Не знам колку се гледа на сликава...
DSCN0151_zps280138a3.jpg

Долго време се восхитувам на моделарите кои прават чуда од месинг, па морав да го набавам и тоа чудо. Предноста на месингот е што се леми исто како и челикот, но нема да зар'ѓа што овозможува да стои во залиха долго време. Челикот пред лемење мора темелно да се исчисти од р'ѓата инаку нема да фати. Друга предност на месингот е тоа што со пламенот од бренерот се омекнува и со соодветни калапи може да се добијат сложени форми... Ќе видите делови од месингот дури напролет кога ќе можам да лемам во работилницата. Во план е еден многу интересен модел.
DSCN0152_zpsd32c60e8.jpg

Целта за овие месец-два кои ми се полабави е да се свртам кон алуминиумот т.е. моделот Маhindra CJ 4. Можам да го работам во соба затоа што само ќе лепам и нема многу прав или отпад од него. Впрочем, црвениот и воениот Вилис ги направив дома. Се надевам дека наскоро изработката на деловите за Махиндрата ќе заврши па ќе ја подготвувам за фарба...

Засега работам на цртежи за деловите кои ми недостигаат за во моментот кога ќе ми се пружа шанса за работа дирекно да преминам на изработка. Во моментот спремам постоље за веќе изработените макети. Треба да изгледа вака некако:
postolje2_zps4ced060e.jpg

Тоа е тоа отприлика и се надевам дека наскоро ќе има позначителен апдејт.
 
После ова што го направив денес... или ќе има update почесто (еднаш на ден следните 2 седмици) или ќе спијам надвор вечерва. Трето нема :vozbud:

DSCN0156_zps6b31e6a8.jpg

Си ја преселив работилницата во собата, на местото каде што ги направив макетите од аватарот.

Stay tuned :)
 
Некој паметно ја искористил кутијата од математички плочки ?? :pos:
 
Ја позна? Хаха, одлична е за чување на ситен алат и далеку е од пензија :)
 
Ја позна? Хаха, одлична е за чување на ситен алат и далеку е од пензија :)
Ако незнам да познам праска боја, ама не потемна, туку посветла (ебати то безвезните навики на жените)... математичките плочки, букварката и сличните “тропалки“ си ги сакав многу, не за друго, редовно ми се истураа в чанта.

Патем, праска е овошје, не е боја :icon_lol:
 
Ако почниме со безвезни женски навики, ем ќе ни требаат 100 страни ем ќе ни се нафрлат од сите страни, батали :D

Почнав со блокот од моторот, прв пат правам мотор за макета ама гледам дека со ограничени ресурси ќе се измачам допрва.
Се решив да го правам оригиналниот мотор од Махиндрата, се работи за F-134 Hurricane (F-head, 134cui~ 2.2 литри, бензинец) за да биде попрепознатлив.
Плус, ако некогаш и го вратам оригиналниот мотор на 1:1, нема да мора да ја преправам макетата :D Доста муабет, еве некоја слика

Вака треба чудото да изгледа
JeepEngineF134HurricaneSml.JPG

А еве до каде стигнав ова попладне
DSCN0166_zps01bc4b9a.jpg

DSCN0168_zpsbee7af2f.jpg

DSCN0165_zpsb514eb58.jpg

DSCN0167_zps7818d683.jpg

Кога ќе ги ставам сите приклучни делови ќе биде таман, не е премал моторот...
DSCN0169_zpsb0519a9e.jpg

DSCN0170_zpsf62c2500.jpg
 
Ако почниме со безвезни женски навики, ем ќе ни требаат 100 страни ем ќе ни се нафрлат од сите страни, батали :D

Почнав со блокот од моторот, прв пат правам мотор за макета ама гледам дека со ограничени ресурси ќе се измачам допрва.
Се решив да го правам оригиналниот мотор од Махиндрата, се работи за F-134 Hurricane (F-head, 134cui~ 2.2 литри, бензинец) за да биде попрепознатлив.
Плус, ако некогаш и го вратам оригиналниот мотор на 1:1, нема да мора да ја преправам макетата :D Доста муабет, еве некоја слика

Вака треба чудото да изгледа
JeepEngineF134HurricaneSml.JPG

А еве до каде стигнав ова попладне

Кога ќе ги ставам сите приклучни делови ќе биде таман, не е премал моторот...
Појди кај колегиве во Производно, на 3D-принтерот нека ти го исштампаат :)
Речи им дека за семинарска ти е... :D
 
Појди кај колегиве во Производно, на 3D-принтерот нека ти го исштампаат :)
Речи им дека за семинарска ти е... :D
Кој ќе напрај 3Д модел за на принтер?

Башка прашање е дали е возможно толку ситна работа да ја погодат?
 
Кој ќе напрај 3Д модел за на принтер?

Башка прашање е дали е возможно толку ситна работа да ја погодат?
Оти кој ќе напрај? Треба само познавања од Inventor или SolidWorks да имаш...
И може на машински со тие што се 3D принтери да се направи со тие димензии.
 
Стридер, за ова сериозно размислував да ги направам тркалата, т.е. да прашам барем кај некој од професорите затоа што веќе слушав м.обработка и производни системи, и го видовме принтерот во работилницата...Моторот ќе го правам од нула, тркалата поради формата не можам рачно да ги направам.

3D моделот е најмал проблем Џиш, Inventor ми легна супер и не би требало да биде проблем. Видов испринтани делчиња, мали, и намерно ги земав во рака за да видам дали се цврсти и за тоа што ми требаат мене се одлични. Дури и најситните детали се познаваат.

Проблемот е што мене ми требаат 5 тркала само за еден модел, а поентата на 3D принтерите е rapid prototyping, значи правиш едно тркало или калап па потоа со друга технологија правиш серија. Јас и да направам калап, пак ќе заглавам затоа што немаме силикони и смоли за леење, мора од нет да ги нарачувам. 10 тркала испринтани сигурно ќе бидат стотина евра, скапа работа е.
 
А да испринташ 5 прототипа т.е. 1 прототип во 5 делчиња... незнам само дали ќе ти дозволат институт да си играш со принтерот и да си печатиш.
А за моторот ти е најпаметна таа опција, ем најмалце малтретирање ќе имаш, ем совршени резултати ќе добиеш. После само исфарбај си го и... тадаааам, готово! :)
 
Нема шанси, моторот го правам од нула и крај.
Тркалата се со надворешен дијаметар од 45mm, така да мислам дека може во еден потег да одат, заедно со бандаж.

Абе имав направено пробен цртеж во Inventor ама не можам да го најдам да закачам рендер...

Edit> Најдов две шугави слики што сум сликал со мобилен, цртежите никаде не можам да ги најдам во компјутер да направам асален рендер.
Dzish еве 3D модел на бандажот и руската гума за Лада Нива. Фали трагот од другата страна и по некоја буква, тука уште не е готова.

DSC_0303_zpsd272b7b6.jpg

DSC_0304_zps34f82108.jpg

Strider знае за што зборувам :)
 
Е ова ми се допаѓа... Само рачунај дека на принтерот ако ги печатиш ќе бидат целите пластика, заедно со гумите. Исто како на оние евтинине играчки од пазар :)
Пак мораш некаков компромис да направиш... или пластични тркала, или од друг модел да најдиш каде што ќе си бидат убави гумите. Како и да е, пиши понатаки шо ќе направиш и дали ќе ти дозволат со принтерите да си играш.
 
Проблемот е што мене ми требаат 5 тркала само за еден модел, а поентата на 3D принтерите е rapid prototyping, значи правиш едно тркало или калап па потоа со друга технологија правиш серија. Јас и да направам калап, пак ќе заглавам затоа што немаме силикони и смоли за леење, мора од нет да ги нарачувам. 10 тркала испринтани сигурно ќе бидат стотина евра, скапа работа е.
Шо би било ако напрајш калап за бандаж, и наместо со пластика да го полниш со метал? Калај/олово мешавина... се топат на ~200 степени.

Или барај на ebay... ако начекаш некоја смола,знајш кај сум.

Edit> Најдов две шугави слики што сум сликал со мобилен, цртежите никаде не можам да ги најдам во компјутер да направам асален рендер.
Dzish еве 3D модел на бандажот и руската гума за Лада Нива. Фали трагот од другата страна и по некоја буква, тука уште не е готова.

DSC_0304_zps34f82108.jpg
Гумата си ја погодил, ама бандажот излега како од УАЗ џиповите.... + на нивата има кружни дупки во средината :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom