1:16 Мahindra CJ4 - рачно правена макета

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Инструментите ќе бидат принтани и вметнати позади после фарбање. Воланот е утре на ред. Цевката за воланот не е фиксирана и ќе претрпи измени за да ја добие финалната положба.

Како и секогаш, одлично изработено !!! Едно прашање, од каде наоѓаш стирен, од тука или го нарачуваш од странство ??? Инаку совет за инструментите, од кога ке ги испринташ земи додај им одозгора проѕирна тврда пластика (се наоѓа најчесто како амбалажа на електронски производи) па залепи ги на инструмент таблата, многу пореално ке изгледа финалниот производ. :)
 
zocc, стиренот го купив пред година-две од Амазон, кај нас не успеав да најдам. Купував од риселерот SmallParts ама сега се превземени од Амазон и нормално ништо не праќаат кај нас... Инаку за инструментите така и беше планот.

Продолжив со воланот и некои ситници како рачките на менувачот и редукторот. Се надевам дека го доловив ефектот на гумените манжетни кои ги обвиткуваат :)
Она што не се гледа од сликата е бравата за палење и палката за трепкачите (не ми текна друг збор:D )

DSCN1315.jpg

DSCN1317.jpg

Почнав со кроење на теписонот што не се покажа баш лесно... И покрај тоа што формата на подот е рамна а контурите без сложени линии, тешко беше да се погоди точно...

DSCN1319.jpg

Тука теписонот е поставен за проба, ќе го лепам после фарбање и нема да има зјај помеѓу поединечните делови :)
DSCN1320.jpg

Засега ентериерот изгледа вака
DSCN1318.jpg

Уште се мислам воланот да биде фиксиран малку завртен...
На ред се педалитеи ентериерот е 99% готов. Денес немав повеќе трпение за да ги направам. Поздрав :)
 
Почнав со кроење на теписонот што не се покажа баш лесно... И покрај тоа што формата на подот е рамна а контурите без сложени линии, тешко беше да се погоди точно...
Браво, одлично напредуваш, едвај чекам да го завршиш и да го видиме во целост. Сигурно ке биде перфектно. Инаку за теписонот, земи креп-трака и залепи ја на местото каде сакаш да ставиш теписон. Убаво израмни ги ќошевите и земи тенок маркер и полека исцртај ги линиите на делот. Потоа полека одлепи ја и залепи ја на парчето теписон и сечи по линиите. Мене вака ми успева и одлично изгледа. Значи правиш едноставен темплејт од делот што сакаш да го тапацираш. :)
 
Друга финта му правам на теписонот, ќе видиш утре фотка :D
 
Друга финта му правам на теписонот, ќе видиш утре фотка :D
Е па ајде стави слики да ја видам финтата, многу ме интересира. Може ке научам нешто ново. :)
 
Конечно боја...
DSCN1333.jpg

Кога ќе легнат сите детали со црна боја сликата ќе се подобри, вака еднобоен не изгледа баш најубаво. Плус белата боја е проблематична, не покрива секаде подеднакво со првиот слој. Утре втора и трета рака. Размислувам за безбоен лак...
 
Одлично и не размислувај за безбоен лак туку стави му, така бојата ке добие во длабочина и плус ке ја заштитиш од несакани оштетувања. Јас на моите модели секогаш прскам безбоен лак, сјаен или мат. Исто така ако планираш да му ставиш налепници или амблеми, тогаш мора да ставиш безбоен лак за да не се одлепуваат или лупат на допир. Сега го довршувам камионот Renault Magnum, тој е прскан на крај со лак па ке видиш како изгледа :)
 
Фала на сугестијата, сега ќе барам безбоен.
Каква боја користиш за твоите макети? Купуваш моделарска? Оти јас фарбам со улјени бои, па да знам каков лак оди врз нив... Дали ги стругаш со водена шмиргла пред лакот? Оти како и да фарбаш површината секако ќе има некоја точка прав или ако не внимаваш може и да потечи боја.

Досега не сум имал проблем со одлепување, црвениот Вилис од аватарот има испишано Willys на хаубата и маската со онаа самолепливата хартија за реклами (тапет). Вранглерот нема да има никакви ознаки и декали.
 
Највеке користам енамел бои од Revell кои ги нарачувам од странство но ги прскам со air brush кај еден мој добар другар кој работи бродови. Инаку користам и обични спрејови во лименка, е таму треба шмирглање со водена шмиргла зошто спрејот ја расфрла бојата нерамномерно. За сјаен безбоен лак користам најнормален во спреј што можеш да го најдеш во секоја подобро снабдена продавница за бои. За мат користам безбоен прајмер за пластика и имам многу добри резултати со него. За налепниците мислев ако користиш water slide налепници и логоа, зошто било кои други се премногу дебели и изгледа нереално. Water slide кога ке ги залепиш и покриеш со една рака безбоен лак изгледаат како да се штампани на каросеријата т.е. не се приметуваат рабови. :)

Еве ги, баш од овие бои користам :
 
Ревел се закон, јас за зелениот Вилис употребив Olive Matt (не се сеќавам на кодот), презадоволен сум. Ја најдов случајно во оглас на наш форум и си ја купив од човек во Скопје заедно сосе почетнички ербраш. Треба да купам вакви и јас, но лошо планирам. Треба на време да си порачам како не би ги чекал долго. Од тоа мое нетрпение денес стигнав до овде :D Не можам да чекам уште еден ден да барам лак и да го чекам да се суши, па ги опнав деталите кои беа расфрлани по кутии...

трепкачите се од провидна портокалова пластика и им врежав линии од задната страна
DSCN1335.jpg

вака изгледа без шасија (теписонот и рол барот не се залепени)
DSCN1337.jpg

DSCN1336.jpg

еве го со шасијата и со тркала кои се преголеми во обем а со претесен траг
DSCN1340.jpg

Сега следуваат ситници како што се фарови. штопови, брисачи, ретровизори, резервно
тркало....

Додека ја чекав бојата да се суши, ги направив овие
DSCN1341.jpg

Тоа се преден и заден браник (по три парчиња) за 2x Willys СЈ-3А и еден СЈ-2А.
Овие се изработени од челик 0.3mm кој многу потешко се обработува од алуминиумот. Позитивна страна е тоа што се леми и целата конструкција е далеку посолидна отколку алуминиумската. За овој проект понатаму....
 
Вранглерот доби стакло на шофершајбната, гума за неа како и гумата која стои помеѓу металната рамка и каросеријата... Шофершајбната имаше опција да се спушта, но се одлучив да ја залепам и сега е фиксна.

DSCN1342.jpg

DSCN1345.jpg

толку за денес :)
 
Деновиве фарбав ситници и немаше ништо посебно за покажување па не пишав ништо.
Денес се што беше готово заштрафив, склопив и залепив - ја заштрафив шасијата за школката перманентно, ги залепив теписоните, рачките на менувачот и редукторот, седиштата добија боја, и го залепив рол-барот. Шалтаблата ги чека инструментите и само таа не е залепена. Недостигаат штоповите, резервното тркало и таблички.

Еве некоја слика од ентериерот
DSCN1355.jpg

DSCN1354.jpg

DSCN1360.jpg

Монтирав и гуми (од некоја играчка) кои засега остануваат на макетата. Ги имам вкупно 6, така што и резервната ќе биде иста.
DSCN1356.jpg

DSCN1357.jpg

Вратите одговараат добро, но вака без нив изгледа подобро и најголем дел од времето ќе бидат извадени.

Бонус фамилијарна фотка - Willys MB 1943 година, Willys CJ 3B 1953 година и Wrangler YJ 1993 година
DSCN1359.jpg

3.jpg

Недостига само Махиндрата која е следна за довршување :)
 
Секоја чест за изработеното и стрпливост што ја имаш :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom