1:16 Мahindra CJ4 - рачно правена макета

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Па планирав да го направам воланот некако да врти, да не биде фиксен. Затоа што ќе ги правам сите делови од управувањето (спони, носач, цевки) можно е да ги направам да вртат тркалата. Проблемот е во тоа што се ќе биде некако лабаво, а и главчините ќе бидат проблематични. Ова го знам затоа што претходно се обидував нешто и не излезе според очекувањата.

Инаку, ако издржи времето договорено е да одам во Прилеп за олдтајмер собирот на 11 Октомври (вторник) така што ќе ја носам Махиндрата, а и останатите макети кои ги имам направено (Вранглер, Willys CJ 3B и MB).
Јас сум од Прилеп и ќе бидам на собирот, ако дојдиш I will find you!!! :D
 
Во овие ладни ноемвриски денови, исполнети со обврски баш и нема време за работа околу макетите. Иако не работам ништо, собирам планови и идеи за во иднина. Еве што успеав да испробам денес...

DSCN0987.jpg


DSCN0993.jpg


DSCN0994.jpg


Oва е првата верзија...
DSCN0992.jpg


а ова е вториот обид
DSCN0995.jpg


DSCN0997-1.jpg


Табличката ја направив колку да ја испробам техниката и задоволен сум засега. Очигледно треба да го подобрам фонтот (читај ракописот :D ), другото е горе-доле ок. Затоа што е пробно, и затоа што немам толку време не го фарбав алуминиумот во бело како што е оригинално. Тоа здравје на пролет.
 
Во овие ладни ноемвриски денови, исполнети со обврски баш и нема време за работа околу макетите. Иако не работам ништо, собирам планови и идеи за во иднина. Еве што успеав да испробам денес...

Табличката ја направив колку да ја испробам техниката и задоволен сум засега. Очигледно треба да го подобрам фонтот (читај ракописот :D ), другото е горе-доле ок. Затоа што е пробно, и затоа што немам толку време не го фарбав алуминиумот во бело како што е оригинално. Тоа здравје на пролет.
Мајсторе алал да ти е. :) Не си пратил ништо ново оддамна, што се случува со џипчево?? Баш ме интересира. (y)
 
Ништо посебно поради обврски со факултетот. Се надевам дека после 18ти јануари ќе чепнам нешто посериозно оти дотогаш имам колоквиуми . Инаку, во меѓувреме си купив лупа со постоље, и еден материјал со кој ќе пробам да го направам теписонот... Плус, не можам да работам затоа што во работилницата немам греење.
 
Генијална работа , секоја чест мајсторе
 
се чудам на нервите како можиш на толку ситни детали да работиш..ама сето тоа е љубов..браво !!
 
Зоцц, еве го материјалот што планирам да го користам како теписон, но ќе го пробам дури летоска кога ќе стигнам до тапацирот...
DSCN1037.jpg


Инаку, еве што си земав во меѓувреме како алатка за ситниците кои ги правам
DSCN1036.jpg


Не е многу голема но врши работа.
 
Мислам дека ке ти заврши работа материјалот за тапацир зошто џипот е во поголем размер него моите коли. Супер за лупата т.е. популарно наречена "трета рака", ке ти служи многу, највеке за додавање на детали на ситни делови, се користи и за фарбање на истите. Ај па чекам апдејт на Mahindra-та. :)
 
После толку време и тука да напишам нешто... Нема ништо ново околу Махиндрата затоа што решив конечно да го завршам Вранглерот кој е почнат од 2009 година. Не работев во изминатиов период ништо поради обврските со факултет, но собирав материјали, алати и следев изработка на многу други макети. Во периодот што следи освен набавка на некои ситници кои ми фалат (засега) спремам нова работна маса и разгледувам уште нешто алат да набавам. Со жица од месинг, нов бренер и малку калај се прави ова

375818_366835176705078_1495909616_n.jpg


Рол-барот е првиот дел кој го изработив од месинг, и по набавката на 0,4мм плоча месинг најверојатно започнувам со изработка на Willys СЈ-3А. Додека да стигне материјалот ќе се обидам да го завршам Вранглерот а во меѓувреме ќе одмарам со ситниците кои и недостигаат на Махиндрата. Споевите не се најфините кои сте ги виделе, ама со секој нов спој учам нешто ново.

На ред е држачот на резервната гума...
 
Продолжив со трим панелите на вратите... Внатре недостига рачката за прозорецот, а надвор ретровизорот. Тие ќе ги направам сега после паузата...

rkqqwW0KGrHqMOKkEEtlCvQbyQBLhC8Sfrg_27.jpg

close enough :D

... веќе настанува гужва и заличува на ентериер...
DSCN1289.jpg



Внатре вратите се готови...
DSCN1291.jpg
 
Не се знае, треба денес да земам компресорче па ќе видам како ќе биде...
 
Конечно малку боја после толку време... Ги поминав шасијата и рол-барот. Тестирав електричен пиштол за фарбање, но тој не е за волку ситни работи. На крајот по се изгледа ќе стругам се и ќе фарбам одново со ер браш..

DSCN1293.jpg


DSCN1294.jpg
 
Цело попладне го потрошив да го направам ова...
DSCN1305.jpg


DSCN1306.jpg


DSCN1308.jpg


И после петнаесетина индивидуални парчиња стирен, изгледа вака
DSCN1311.jpg


Ова е идејата...
roCFW0KGrHqEOKkEEtkgoJ7EgBLj9nICw_27.jpg


Инструментите ќе бидат принтани и вметнати позади после фарбање. Воланот е утре на ред. Цевката за воланот не е фиксирана и ќе претрпи измени за да ја добие финалната положба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom