Batistuta
..пак од скриен број...
Вест напиша:Романот "За мојата малечка" од Тони Парсонс во издание на "Матица Македонска" се занимава со вечната тема на љубовта. Делото е сага за осаменоста, за човечката потреба за љубов и за нејзиното вистинско лице. Приказната се плете околу ликот на младиот писател во бетонската џунгла на Хонгконг кој живее со сознанието дека ја изгубил љубовта на својот живот. Раскажана во прво лице приказната има интимен и исповеднички тон, но ни трага од патетика. Без големи мисли, дефиниции и егзалтации Парсонс сепак топло и искрено проговорува за желбата и потребата на современиот човек за она што во лудата трка на животот луѓето го подзаборавиле и се навикнале на блокирана комуникација, на едновечерни врски и на љубов без љубов.
Солидно романче, ми се допаѓа и тематиката што ја обработува и како тоа е доловено и прикажано. Оценка 7,5/10.