Книги што сте ги прочитале и коишто ви оставиле впечаток?

  • Креатор на темата Креатор на темата Police
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ја читам Агата, ама последново нешто што го прочитав „Убиство на теренот за голф“ ме остави без зборови.

Кристи е ѕверка. :мафијаш:
 
Оскар и дамата во розево - Ерик Емануел Шмит

Книгава ми остави посебен впечаток затоа што дејствието е раскажано преку очите на едно дете кое е болно од леукемија. Односно, целата книга е претставена со писма кои госпоѓата во розево ги чита. Овие писма ги напишал самиот Оскар пред да умре од леукемијата. Малку е потресна, меѓутоа го изнесува животот на оние кои се болни од некои многу сериозни болести. Односно, ја покажува целта на животот дури и кај оние за кои не останало ни тронка надеж.
 
Можеби чудно, можеби неверојатно но „Малиот принц“ - Антоан де Сент-Егзипери ја прочитав пред неколку часа, во еден здив.

Книгава мора да ја прочитаме кога ја надминуваме фазата детство. Во еден здив ја „проголтав“. Толку е исполнета со искреност, секој збор има симболика, секој настан е метафора што уште не можам да се изначудам поради кои причини е ставена како лектира во основно образование. Книгата мора да ја прочита секој возрасен човек за да знае како да го зачува детето во себе, за да му даде нов правец на сопствениот живот и сопствените сфаќања за навидум безначајни нешта. Малиот принц е лик што ќе го засакате уште на првите 10тина страници и на крајот ви е жал што морате да се разделите од него.

Лекција за животот, искреноста и пријателството.
 
‘‘Демијан‘‘ од Херман Хесе и ‘‘СЛИКАТА НА ДОРИЈАН ГРЕЈ‘‘ на Оскар Вајлд..Значи книгава треба секој да ја прочита:helou::wink:
Има и други добри, али у моментоф не ми текнуе:))
 
"Убиството на Роџер Акројд" од Агата Кристи. Сум читала книги од Агата кои ми биле просечни (пример Убиство со огледала, Последниот случај на Поаро) ама оваа дефинитивно не е таква. Интересна е од самиот почеток сосема до крајот. Пишувана е во прво лице, од еден од сведоците на убиството, доктор. На моменти има хумор. Се работи за една вдовица која била уценувана поради тоа што го убила споругот. поради грижа на совест, таа врши самоубиство. Веднаш после тоа, се случува убиство и врз локалниот богаташ - Роџер Акројд, за кој сите претпоставувале дека ќе се омажи. Книгава нема шанси да ве разочара, има феноменален крај.
 
Тунел од Ернесто Сабато е прва книга што ми паѓа на памет која баш ме раздрма кога ја прочитав. Е сега Сабато малку забегува со слепите луѓе, опсесија му се, ама книгата е лудило. Има и други одлични книги што можам да ги набројам тука, ама така саат време ќе треба да пишувам.
П.С. Книгата е малку егзистенцијалистичка, не им ја препорачувам на луѓе што не сакаат да се заморуваат со такви прашања.
 
„Емануела“ од Емануела Арсан. Уметничка еротска исповед на нимфоманката Емануела која не бира него кој и дојде со тој има секс без обврски иако има вереник. Они се свингери и живеат слободно во 70сетите коа немало Сида и такви глупости. Емануала вика и да имав брат и со него би имала секс, многу добра книга, ја препорачувам на сите!
 
senki na veterot

dobra kniga za sekoj koj saka mracni trilert so isprepletena sodrzina vo sekoj slucaj odlicen triler zaedno so idrata na gavolot
 
Многу се зачитав у последен период.
"Опасна желба" - Аманда Квик.
"Исповед од харемот" - Бранко Миленковиќ.
Првата е бестселер, витези, благородници, богатство, љубов итн.
Втората е тажна и возбудлива приказна за една млада девојка која поминува 4 години во харем со други девојќи, исполнувајќи ги сексуалните заповеди на својот Господар.
 
Вештица :)
на моменти смешна, на моменти запрепастувачка, на моменти претажна.. Сјајна книга!
 
Петтемина што ги среќаваш во рајот-од не ми текнува авторот :) Наизглед е од оние површни романчиња што се читаат за два саата, ама во суштина барем за мене е подлабока од обична "поучна" приказна. Те тера да се подзамислиш и да не се замараш толку со прашањето зошто нешто или некој ти се случил баш во одреден момент. Еден ден се' ќе дознаеш :)
 
Петтемина што ги среќаваш во рајот-од не ми текнува авторот :) Наизглед е од оние површни романчиња што се читаат за два саата, ама во суштина барем за мене е подлабока од обична "поучна" приказна. Те тера да се подзамислиш и да не се замараш толку со прашањето зошто нешто или некој ти се случил баш во одреден момент. Еден ден се' ќе дознаеш :)

Мич Елбом. :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom