Син ми е причината за мојот концерт во Скопје!!!
Понеделник, 04.05.2010
Бекстејџ : Најпрвин здраво и како си?
- Возбуден сум затоа што сум овде и затоа се чувствувам добро.
Бекстејџ : Имаше ли време да прошеташ наоколу, да видиш нешто од Скопје?
- тоа што го видов досега е одлично. Времето е прекрасно, имав можност да трчам по кејот на реката.
Бекстејџ : Повеќе од 7.000 луѓе во моментов те чекаат надвор. Го чекаат твојот концерт. Кои се твоите ветувања за вечерва?
- Ветувам настап со многу енергија. Ќе пејам песни од моите четири албуми, Get rich or die tryin, Massacre, Before I self distruct...мислам дека вечерва ќе настап малку подолго од вообичаено затоа што прв пат сум овде и сакам да бидам добар пример за што всушност е хип хоп спектакал.
Бекстејџ : Како одлучи Скопје да биде дел од твојата светска турнеја?
- Дома имам голема карта на светот. Ставам маркери на сите места каде што сум настапувал. Овде немаше маркер, Скопје го имав пропуштено. Сега ја поправам таа грешка. Кога ќе завршам со оваа светска турнеја, навистина нема да има многу места во светот кај што не сум настапувал.
Бекстејџ : Фифти Сент според тебе кој е најголемиот хип хоп изведувач?
- Јас сум голем фан на 50 cent мислам дека е одличен. Од време на време ме иритира, мислам дека треба да застане и да и дозволи на публиката да се одмори од него... Јас одлучив да пишувам, агресивни текстови, реалните состојби во општеството, мојата музика ја пресликува суровата реалност. Не ја почувствував славата што произлегува од мојата работа, морав да се задоволам со реакциите на публиката. Трофеите кои и никогаш не ги добив не ми се потребни. Публиката е мојата најголема награда.
Бекстејџ : Во еден момент од твојот живот, изјави дека за тебе најголем рапер или хип хоп изведувач е Еминем. Што ќе речеш денес за него?
- Во моите очи Еминем е сеуште најголемиот рапер. Неговите песни и албуми ме тераат да мислам така. Мислам дека луѓето не го разбираат вистински и правилно. Еминем има продадено повеќе од 80 милиони албуми. Тоа е навистина многу.
Бекстејџ : Покрај тоа што си одличен музичар, ти си и одличен актер. Се појави во филм со Роберт ДеНиро и Ал Пачино. Како е да се биде во филм со вакви холивудски легенди?
- Чувството е прекрасно. Тоа е животно искуство од кое многу се учи. Те учи како истовремено да работиш и да успеваш. Тоа искуство ми покажа како и во иднина да бидам поголем и подобар во вакви проекти. ДеНиро го запознав и приватно во тој проект. Имавме можност да се спријателиме и да бидеме поопуштени еден пред друг. Ал исто така е одличен, ама мислам дека тој разговараше со мене само затоа што ДеНиро го правеше тоа. Сигурно сакаше да знае за што всушност разговараат 50 Cent и Де Ниро.
Бекстејџ : Морам да ти кажам дека си навистина фин ама дека изгледаш многу страшно? Знаеш нели?
- да , знам.........хахахахахахахахахахахахахахах
Бекстејџ : Ако јас бев рапер ќе бев исплашена од тебе. Од каде доаѓа таа самодоверба?
- Мојот прв албум излезе во 2003 та година а сега е 2010 а во меѓувреме направив одлични бизнис зделки настрана од музиката кои ми овозможија голема финансиска моќ како и можност најважните одлуки да ги носам сам. Тоа ме направи сигурен во себе.
Бекстејџ : Дали си среќен?
- да, сум. Неодамна сватив што сакам од животот. Да си добар, успешен и згоден не е доволно. Мораш да најдеш што навистина те прави среќен. Само тогаш ќе бидеш целосно исполнет. Успехот е тунел без дно. Воден од амбицијата, целиот твој живот ќе се трудиш да направиш нешто ново и подобро. Еден ден застанав, си реков дека денес морам да бидам среќен, да одморам малку и да уживам во тој успех. Сватив дека не сакам да се разбудам еден ден и да сватам дека мојот син има 25 години а јас неговото растење не го видов.
Бекстејџ : Колку години има твојот син денес и дали е среќен со татко како тебе?
- тој има 13 години и апсолутно е среќен. Во секој случај ја има потребната финансиска сигурност. Мојот син е причината зошто јас сум овде. Тој е моја инспирација и мотивација. Поради него се фокусирам на се ова.
Бекстејџ : Ја сака ли твојата музика?
- тој е многу прибирлив. Кога нешто му се допаѓа знае да каже ама знае да изгерагира и ако направам музичко парче што не му се допаѓа.
Бекстејџ : 50 cent ќе се вратиш ли во Скопје повторно?
- Апсолутно!