Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Ете не мислев дека толку брзо ќе ја завршат работата. Не беше во 6 сабајле како што пишав, туку во 3.30 уште подлабоко во ноќта. Нз кој попогрден збор да го употребам во моментов.

Сите што го прават овој злостор под итно да ги удри гром додека стојат под дрво, ЗА ИРОНИЈА!

Ама џабе ако вака пак збориме тука, треба реакција и јак протест
 
Тоа е тоа.Не ги изгласавме 3 пати по ред ги отеравме у курац и нив и нивниот проект и сега ќе не "казнуваат".
А и што се нервираш,патот под нозе......или Аце Велики и Св. Павле и чао пријатно. :)
Нека гнијат тука диктаторот,неговите партијски војничиња и браќата......
Абе брат, не дека е тешко да се исселам, ама моја татковина е ова, ми текнува дете кога бев татко ми како ми објаснуваше за нашите корени. И онака веќе се исселени најголем дел од интелектуалците во државава, нема да си гнијат гнасите овде, туку Мојата Татковина ќе се распадне. А не сакам ни да помислувам на тоа..
 
Нема грешка протест. Не гледаш уште во 5 сабајле партиските газолижачи отворија тема: Зомби го рушат Скопје! - Оти не дозволиле сечење на дрвата.
Види им го мозокот само.
 
Оф мори муко. На протести ги оставаме навивачите и деца од 15 години да си ебат мајката, не излегуваме за битни прашања, не излеговме кога ги убија децата на Смилковско, не излеговме кога поставија Учка министер за одбрана, за дрвата ќе излегле. Колку луѓе реално уште ги тангира тоа што Талат Џафери е министер за одбрана? Или сите си легнаа на брашното, пошто гледам некако мирни сме по тоа прашање.
Така да, џабе зборувате за протести.
 
Што ве гледам чудни,па тоа се невидени градежни малверзации,огромни пари лежат и се перат таму,ако треба и ќе припукаат кога веќе е за пари.
 
Оф мори муко. На протести ги оставаме навивачите и деца од 15 години да си ебат мајката, не излегуваме за битни прашања, не излеговме кога ги убија децата на Смилковско, не излеговме кога поставија Учка министер за одбрана, за дрвата ќе излегле. Колку луѓе реално уште ги тангира тоа што Талат Џафери е министер за одбрана? Или сите си легнаа на брашното, пошто гледам некако мирни сме по тоа прашање.
Така да, џабе зборувате за протести.

Да не мењаме тема, имаше протести и за тоа, какви такви. Ама работава излегува дека и протестот не служи за ништо бидејќи нема никаков ефект од тоа што и да правиш...
 
Да не мењаме тема, имаше протести и за тоа, какви такви. Ама работава излегува дека и протестот не служи за ништо бидејќи нема никаков ефект од тоа што и да правиш...
Да бе, какви такви, гаќите им се стресоа на властите од 15 годишни деца, да не зборувам колку сериозно ги сфатија :facepalm:
Последен оф топик.
 
Погодете ја оваа загатка:
Кој се тие?
За сечење дрва се шампиони
А да ја намалат цената на струјата, никаде ги нема
Затоа имаме најмалку зеленило и најскапа струја
Точните одговори пратете ги .......
 
Ама зошто протест бре луѓе, граѓаните сами се организираа и ги спречија идиотите вчера да ги исечат дрвјата. Појасно од тоа, здравје.
Ама очигледно заборавија какви гниди се од власта, кои како пички најголеми во три ипол по полноќ отидоа да ги сечат. Глувци грозни смрдливи.
 
Чудо што не настрада некој човек во целава ситуација. Толку пари има само во тој плацот, така лесно да го дадат нема шанси. Искрено, може да ги срушат и кулите во близина, само за да изградат нови барокни згради.
 
Алооо луд,какво рушење на кулите бе......:P
Труиш нова барокна фасада на 12 катница и терај даље :D:ROFLMAO:
 
Дрва сечење, споменици клавање се прават во тоа време секаде во свет од практични причини бидејќи нема сообраќај.
Замислете да ги сечат дрвата во 6 наутро или во 4 попладне и да ги блокираат улиците.
И мора да има полиција при ваков протокол за да го обезбеди просторот од несакани минувачи.
За останатото колку се право што сечат дрва не коментирам.

Ако не се лажам пред некоја година имаше и сеча на дрва на Партизанска, ама не се правеше преку ноќ.
 
Чудо што не настрада некој човек во целава ситуација. Толку пари има само во тој плацот, така лесно да го дадат нема шанси. Искрено, може да ги срушат и кулите во близина, само за да изградат нови барокни згради.
Пер, НЕ ИМ ДАВАЈ ИДЕИ, ко шо се луди и иронијата ја сфаќаат за сериозно. Коа јадевме трици за портата и од пуста иронија рековме дека треба и зградата на ЕВН да ја направат, овие сериозно се нафатија.
 
Имаш право. Чек дур читаат да им дадам уште по некоја идеја.

Споменици на Камени Мост, барокна фасада на МТВ, катна гаража до крстот на Водно, црква во Градскиот Парк и лавови пред Зелено пазарче.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom