Нема грешка протест. Не гледаш уште во 5 сабајле партиските газолижачи отворија тема: Зомби го рушат Скопје! - Оти не дозволиле сечење на дрвата.
Види им го мозокот само.
Знаеш шо е исто така интересна работа...
Шо народов почна да се дели и за тоа дали ќе се сечат дрва или не... Ситно политичките препукувања се сведоа на тоа сеа кој е Зомби, а кој е Дрвосечач.. Фала богу дека не сум за тоа што се прави сега (со дрвосечава), но невероватно е како и еднава и другава група воопшто не ја согледуваат манипулацијата позади сево ова...
Не ме сфаќај погрешно, али народов е дефинитивно глуп ко патлак.. а тоа е резултат затоа што не си ги знае своите уставни права и не знае што треба да бара и да очекува од оние што ги бира...поважно му е Бранко да е во Затвор, а Грујо да биде неизлечив од говорната маана..
Еве што велат темелните вредности од Уставот ни наш.. поточно Првата и 11 темелна вредност...
„Член 8
Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:
—
основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во
меѓународното право и утврдени со Уставот;
— слободното изразување на националната припадност;
— владеењето на правото;
— поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;
— политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски
избори;
— правната заштита на сопственоста;
— слободата на пазарот и претприемништвото;
— хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;
— локалната самоуправа;
—
уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и
унапредувањето на животната средина и на природата и
— почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.
Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е
забрането.“
Како и чл. 43 од Економските социјални и културни права..
„Член 43
Секој човек има право на здрава животна средина.
Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.
Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните
на здрава животна средина.“