Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Му благодарам за се на Бизонот, ќе ги паметам неговите игри кои ни помогнаа во освојување на втората титула во Премиер лигата (вкупно трета во историјата на Челси), ќе паметам како се бореше на секоја утакмица, како „гризеше“ по теренот, неговиот феноменален гол против Барселона во 1/2-финалето од ЛШ 2009та (се да му ебам на Овребо), а имаше и солиден учинок во освојувањето на двојната круна во 2010. Повредите го сјебаа, инаку и сега ќе газеше сФе пред себе. Голема штета, но што е тука
е.

.
Michael_Essien_498092a.jpg
 
Се најдобро нека му е на Есиен во понатамошната кариера.Ни остави супер моменти и мемории на нас фановите на Челзи,посебно головите со Арсенал и Барселона..
The Bison !!
 
Епа тоа е тоа. Си оди играчот кој ни беше омилен верувам на сите последниве две сезони.
Од Мата, Хазард и Оскар очекував Мата да е тој кој ќе остане долго во Челзи и ќе стане легенда на клубот, ама тоа е. И убаво пиша Давор, Дрогба имаше седено на клупа, Лампард, Тери, еве Кол седи на клупа. Дури и еден Торес седеше на клупа и не сакаше да си оди туку да остане и да се бори за своето место.
Да, Мата не играше колку што заслужува, ама кога играше воопшто не си ги искористи минутите за да си го зачува местото на терен. 11 стартови во ПЛ. Значи бил стартер на пола од утакмиците до сега во ПЛ, а никој без да погледне статистика не би го погодил ова. Зошто? Затоа што воопшто не е во форма сезонава и ништо не успеа да направи. И како да игра кога како измена ти влага Оскар и одма почнува со асистенции и голови.

Во останатиот дел од сезоната убеден сум дека ќе имаше дури и поголема минутажа него до сега. Муабетите дека сака место за СП се глупости. Он до сега не играше, сега ќе играл. Ако после пола сезона во која не ти оди се ко што треба, се откажуваш од клубот и од навивачите кои толку те ценеле, почитувале, слободно оди си.
А и на клубот му одговара од финансиски аспект, па се нашле на пола пат.

Тоа е тоа, сигурно нема да го пцујам или да се свртам против него сега. Криво ми е што си оди, нека му е со среќа понатаму со кариерата, ќе видиме како ќе се снајде.

За хејтерите на кои им е крив Мурињо, погледнете го насловот на темава. Јас читам
ЧЕЛЗИ не Мата
 
Значи бил стартер на пола од утакмиците до сега во ПЛ, а никој без да погледне статистика не би го погодил ова. Зошто? Затоа што воопшто не е во форма сезонава и ништо не успеа да направи.
Е ова.
Сега нека си се радуваат фановите на Јунајтед, после ќе сфатат дека можеби го преплатиле играчот :D


Ма да што пишувате за Мата како да не е наш играч, во моментов Хуан си е наше дете :icon_mrgr:
 
Глеав некое клипче од Салах на Јутубе и не изгледа лош, напротив многу добар е.:D
 
Имаше една статистика за голови и асистенции на Мата кога имал 21 година и Салах сега. Нормално, Салах со повеќе голови и асистенции :D
 
Decki ve molam poveke ne se zamarajte so Mata.Igraci imalo i ke ima.Barem kapka pocit da imashe nemashe vo Gejnajted da odi.Bidna shto bidna.Ne e kraj na svet.Odime ponatamu...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom