Епа тоа е тоа. Си оди играчот кој ни беше омилен верувам на сите последниве две сезони.
Од Мата, Хазард и Оскар очекував Мата да е тој кој ќе остане долго во Челзи и ќе стане легенда на клубот, ама тоа е. И убаво пиша Давор, Дрогба имаше седено на клупа, Лампард, Тери, еве Кол седи на клупа. Дури и еден Торес седеше на клупа и не сакаше да си оди туку да остане и да се бори за своето место.
Да, Мата не играше колку што заслужува, ама кога играше воопшто не си ги искористи минутите за да си го зачува местото на терен. 11 стартови во ПЛ. Значи бил стартер на пола од утакмиците до сега во ПЛ, а никој без да погледне статистика не би го погодил ова. Зошто? Затоа што воопшто не е во форма сезонава и ништо не успеа да направи. И како да игра кога како измена ти влага Оскар и одма почнува со асистенции и голови.
Во останатиот дел од сезоната убеден сум дека ќе имаше дури и поголема минутажа него до сега. Муабетите дека сака место за СП се глупости. Он до сега не играше, сега ќе играл. Ако после пола сезона во која не ти оди се ко што треба, се откажуваш од клубот и од навивачите кои толку те ценеле, почитувале, слободно оди си.
А и на клубот му одговара од финансиски аспект, па се нашле на пола пат.
Тоа е тоа, сигурно нема да го пцујам или да се свртам против него сега. Криво ми е што си оди, нека му е со среќа понатаму со кариерата, ќе видиме како ќе се снајде.
За хејтерите на кои им е крив Мурињо, погледнете го насловот на темава. Јас читам
ЧЕЛЗИ не Мата