Просечна плата

  • Креатор на темата Креатор на темата de_crecy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 февруари 2010
Мислења
32
Поени од реакции
13
Дали некој знае каде може да се види колку изнесува просечна плата во Македонија?
 
Мислам дека околу 13.000 беше така нешто....Што не е точно ни 2 % од реалната слика во Македонија........ На Хартија едно , во пракса друго...
 
Мислам дека околу 13.000 беше така нешто....Што не е точно ни 2 % од реалната слика во Македонија........ На Хартија едно , во пракса друго...

Просекот е негде 20.000 ...е сега дали е тоа реално, размислете
 
Не е битна просечна плата, битно е поскапувањево деновиве...се се качи, само плата не така да номинална може да е и 20 и 30% поголема, ако цените скокнат 50 и 100 и 150%, а плата остане иста, џабе бркаме бројки. Треба да бркаме пониски цени низ продавници -шеќерот е 47 у тедико, ако не го качиле у меѓувреме.
 
Просекот е негде 20.000 ...е сега дали е тоа реално, размислете
Паа можеби и е релано.Овде просек креваат тие што работат во администрација.А бидејќи во Македонија има 30% невработеност голем процент од тие официјално невработени се вработени меѓутоа непријавени и зимаат ептен ниска плата неможеме да кажеме дека 20.000 е просек.Би рекол дека средната класа заработува некаде околу 9-10 илјади денари.
 
Просечна плата за месец септември 2010 година изнесува 20.554 денари по работник. Извор ти е веб страната на заводот за статистика, stat.gov.mk. Просекот треба да биде и поголем, но бројките се вакви поради тоа што многу од работниците во Македонија дел од платата ја земаат на рака, во кеш.

--- надополнето ---

Паа можеби и е релано.Овде просек креваат тие што работат во администрација.А бидејќи во Македонија има 30% невработеност голем процент од тие официјално невработени се вработени меѓутоа непријавени и зимаат ептен ниска плата неможеме да кажеме дека 20.000 е просек.Би рекол дека средната класа заработува некаде околу 9-10 илјади денари.
Средната класа би требало да заработува толку колку што е просекот.
 
Не е битна просечна плата, битно е поскапувањево деновиве...се се качи, само плата не така да номинална може да е и 20 и 30% поголема, ако цените скокнат 50 и 100 и 150%, а плата остане иста, џабе бркаме бројки. Треба да бркаме пониски цени низ продавници -шеќерот е 47 у тедико, ако не го качиле у меѓувреме.
Му викаат на Трпе:
-Трпе бензинот поскапел, слушна?
Трпе одговара:
-Мене ми е гајле, јас секогаш ставам за 500.
Сега можеме во пракса да го спроведе вицот со Трпе.
 
Средна класа 10 000 денари ? тоа во нашиве услови, со ове набилдани цени е сиромаштија, далеку е од средна класа.
Ако под средна класа подразбираш да купуваш хедис производи, да се облекуваш во шутка, да идеш пешки од ѓорче до маџари затоа што 30 денари е авторбус... Како тогаш би опишале најниска класа ? јадеш на два дена, без оглед дали измеѓу има празник, чекаш да ти се соберат еден тон обврски за да искочиш на тој пат од ѓорче до маџари и во еден ден да ги завршиш сите, за облека не знаеш кога последен пат си ја испрал не па ли да купиш нешто...
се на се... 10 000 се стварно малку пари за живот барем во скопје, за околу не знам како е, и нејќам да нагаѓам....
 
Најлошо стојат текстилците (заедно со продавачите во маркети, пиљари).
 
сите стојат лошо, ова не е од вчера
во Велес барем просечна плата се движи околу 6000-7000 со исклучок на административците, како крпат крај со крај тие луѓе мене не ми е јасно, јас како информатичар зимам 12000 носам патики стари 2 години и секој месец позајмувам од мама 2-3 000 денари за да закрпам, а не гледам фамилија
побетер здравје
 
Тукушто вратени од пазарење и тоа во една од поефтините -Тедико. Цените се качени на сите производи -зејтин, шеќер, кафе, чоколадо на пример од 35 на 40, шеќерот на 48 ипол, бели пецива у Вегера исто се качени...со просечна плата лека полека може да се сликаме. Само нека праат и понатаму претстави со А1, кантони, имиња...мамата, средна...ова и во Бурунди се нарекува ниска класа.
 
сите стојат лошо, ова не е од вчера
во Велес барем просечна плата се движи околу 6000-7000 со исклучок на административците, како крпат крај со крај тие луѓе мене не ми е јасно, јас како информатичар зимам 12000 носам патики стари 2 години и секој месец позајмувам од мама 2-3 000 денари за да закрпам, а не гледам фамилија
побетер здравје

Информатичар си, а зимаш 12000 денари???
 
сите стојат лошо, ова не е од вчера
во Велес барем просечна плата се движи околу 6000-7000 со исклучок на административците, како крпат крај со крај тие луѓе мене не ми е јасно, јас како информатичар зимам 12000 носам патики стари 2 години и секој месец позајмувам од мама 2-3 000 денари за да закрпам, а не гледам фамилија
побетер здравје
Ако се државни, према вашите плати зимаат "солидно" (што и да значи тој збор во овој контекст). Зависи, од 15-26.000, стаж, раб. место (26 пред пензија, со сите можни бодови)...замисли со тие (ај нека просек е 20 илјади) со скопски цени :) Среќа ги имаме пазарчињата барем за облека.

Затоа, кога ќе минам покрај столбовите, коњовите, биковите...ми се крева више коса на глава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom