draganask
те сакам СОНЦЕ
- Член од
- 4 декември 2007
- Мислења
- 401
- Поени од реакции
- 24
- Возраст
- 39
Гледам досега никој не отвори тема, а верувам дека има голем дел од вас кои го гледаа изборот за Мис Македонија 2010. Ако не се лажам изборот беше пред два дена, имаше пренос на телевизија и се одржа во Њу Стар. Кандидатките беа навистина која од која... Секоја година мислам дека се полош избор на девојки се пријавува. Никаква женственост, никаква елеганција, повеќето не личеа воопшто за соодветни кои требало да се пријават на ваков избор. Колку што сфатив, од сите учеснички се одбраа шест финалистки од кои требаше да се одбере Мисот, првата и втората придружничка, дали тоа нешто мене како информација ми избега или беше навистина гаф, првата придружничка која беше одбрана не беше од шесте финалистки! Си излезе најнормално и како да беше сосема очекувано за неа. Втората придружничка исто така немаше некоја реакција а и стварно кај личеше за придружничка со таа висина.... а за Мис ја одбраа Стефани Борсова, 19 годишна девојка која лично сметам дека беше една од поубавите ако може така да се каже, но воопшто ништо специјално и којзнае колку соодветно за Мис. За мене, девојка која не е женствена, не е елегантна, и некако не ми е воопшто претставителна. И искрено, на неколку наврати малку ме потсетува на маж. Плус изводеше местејќи ја круната на криво и ставајќи ја дланката под брада, мислам ало за мис те одбраа а не за к-15 скечеви. Најоригинални им беа изјавите, која од која со подобра и пооригинална изјава, па втората придружничка кажа "Бидете хумани" многу оригинално нели, првата придружничка беше толку многу "возбудена" што не знаеше два збора поинакви да каже, па кажа само "возбудена сум" или нешто во тој стил, исто многу оригинално, а Мисот кажа само дека немало да стигне до таму кај што стигнала ако не и биле пријателите, па водителката тука ја корегираше да си ги спомне родителите, на што истата се поднасмеа, ептен смешно. Се прашувам дали многу и помогна бакнежот со Хелена Роза? Линк
или којзнае што друго. А се прашувам што ли им помогна на придружничките да стигнат до тоа место. Секако еве и слика да ги видите сами и да процените дали вредат за вакви титули :
и еве ви едно видео да ја видите Стефани...
Инаку на неколку наврати ја приметив водителката како се подсмева на кандидатките особено кога ќе кажеше "убавиците" баш беше приметно. Иначе по мене водителката беше поубава од сите :smir:
Повеќе слики тука
Уште една интересна статија
И уште една
И еден цитат како извадок:
"Александар Македонски- женска историска личност за восхит
По теркот на светскиот избор за Мис, водителката им поставуваше на девојките разни прашања. И прашањата и одговорите на дел од девојките беа предмет за сеир на гостите. На прашањето, која за неа е женска историска личност за восхит, една од девојките одговори: Александар Македонски. "Убав, згоден, но пред сè интелегентен", го опиша една од кандидатките.
***
Ланскиот Мистер на Македонија Иван Никшиќ: Ја претставив Македонија во цело светло
Вреден да се спомене е и Иван Никшиќ, ланскиот мистер Македонија. Никшиќ за оваа пригода подготви срцепарателен патриотски говор: "Со многу труд и со многу улагање во себе, јас лани ја претставував Македонија за Мистер на светот. Ја претставив во целото светло, и ја истакнав како горда држава, е дел од обраќањето на ланскот Мистер.
***
Стефани: Пропорциите не се важни, туку духовната убавина!
Стефани Борсова (19) , во победата била сигурна уште пред да се пријави за Мис на Македонија.
- На изборот се пријавив единствено со цел да победам! Сè друго што ќе кажам нема да биде вистина, и иако звучи нескромно, сепак тоа е причината за моето учество на Мис. Јас сум една нормална девојка, балерина, обожавам да одам на фитнес, а за тоа што за многумина можеби сум малку пополна отколку што се класичните модели, само ќе кажам дека пропорциите и не се многу важни кога е овој избор во прашање", ни изјави Борсова која е висока 178 сантиметри, а тешка 57 кг. Таа додава дека на Мис на Македонија не се избира класичен топ модел, како што се девојките од "Фешн Тв", за неа се тие преслаби, па дури и анорексични. "Тука се избира девојка пред се со духовна убавина, хуманист, која што ќе знае како да се носи со оваа хумана мисија", ни рече Стефани.
Таа открива дека има момче, се вика Александар, но не сака да го изложуваа нејзиниот приватен живот пред очите на јавноста."