Ваша идеја за бизнис во Македонија

лозови лисја за сарми. Спремни, спакувани, купувачот само да ги завитка.

Ова има и РАСТУРА поготово за извоз кај дијаспората. Исто и зелка туршија.

SonceCabbageLeaves56oz.jpg

Тегла овде иде и по 7-10 долари.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 03:32 ---
Сите тие што немаат пари или од онаа програма за самовратување треба да се пренасочат кој правење мини бизниси во услужната дејност. Заборавете производство. Специјализирајте BPO.
 
Можеш додека не ти дојде УЈП на врата :)

А колку е казна за работање во нерегистрирана фирма?
Наводно ако регистрираш фирма и ако ти најдат некој недостаток од типот на немаш противпожарен апарат или знак за забрането пушење цигари, казна е 5.000 евра.
А ако те начекаат дека работиш во нерегистрирана фирма - 200 евра.
 
Потполно се согласувам со тебе подобро изгуби 300 до 500 евра и неколку месеци во учење отколку одма да фрлиш тешко заработени пари. Многу мој професори од економски факултет ја препорачуваат странава на тие што сакаат да започнат бизнис. Баш пред некој ден бев кај професор по оценка и дојде еден дечко и побара совет од професорот за започнување бизнис во која бранша да се орентира :) Неговиот одговор одма беше ако имаш пари почни со производство на некој производ што повекето го увезуваат и после му ја препорача странава :)
Знам брату, Претприемач е феноменална и прекрасна страна, полна со информации и те како потребни. Јас користам доста работи од “претприемач“ и за во мојата фб страна.
 
А колку е казна за работање во нерегистрирана фирма?
Наводно ако регистрираш фирма и ако ти најдат некој недостаток од типот на немаш противпожарен апарат или знак за забрането пушење цигари, казна е 5.000 евра.
А ако те начекаат дека работиш во нерегистрирана фирма - 200 евра.
Најчесто има такви смешни казни, знам со возачките е така, али не верувам дека е само 200 евра, али ништо чудно, треба да си прашаш :D
 
Ме интересира зимање под концесија терен(за фудбал),како идат тие работи со дозволи итн?
Треба да се преговара со општината,со школото или??
И некоја цифра отприлика како почетна инвестиција?
 
Ова има и РАСТУРА поготово за извоз кај дијаспората. Исто и зелка туршија.

SonceCabbageLeaves56oz.jpg

Тегла овде иде и по 7-10 долари.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 03:32 ---
Сите тие што немаат пари или од онаа програма за самовратување треба да се пренасочат кој правење мини бизниси во услужната дејност. Заборавете производство. Специјализирајте BPO.

Моите роднини ми рекоа дека ние немаме доволна количина за да го задоволиме пазарот... Што значи потрошувачката на нашите производи е лесна работа... Да се зголеми обемот на производство е само проблемот кој може и те како да се направи и да се свртат големи пари... Само на кој да му текне и кој да инвестира е работата.. Никој неќе да фрли големи пари на вакви работи...
 
Немам многу пари но имам нешто сакам да отворам некој бизнис пр:Продавница имате ли вие некој план и колку е исплатливо да се отвори?
 
Зависи.Ништо не е лесно сипи - напиј се.Многу фактори играт улога.
 
Колку е тоа немам многу пари ? Што ви е бе преку куров сите не се дообјаснувате како што треба .. Продавница.... Кај планираш да отвориш, у сред ГТЦ или во Белкамен у Радишани ?
 
офф годините се на синми јас имам 38 и мислам дека не сум мал
--- надополнето: 6 јули 2013 во 01:38 ---
Колку е тоа немам многу пари ? Што ви е бе преку куров сите не се дообјаснувате како што треба .. Продавница.... Кај планираш да отвориш, у сред ГТЦ или во Белкамен у Радишани ?
Не за гтц туку во помали места како населби некој
 
Најарно ќе ти е да не си ги фрлаш парите за џабе . Во денешно време да отвориш бизнис , треба или да имаш пари за фрлање за кои воопшто нема да ти биде гајле дали ќе ги изгубиш , или па да имаш ептен врски со власта во општината каде што живееш за да не те чепкаат и раат да си го тераш бизнисот , иако и во тој случај ќе ти биде тешко да го разработиш бизнисот . Поарно ќе ти е тие малку пари кои ги имаш да си ги орочиш во банка и да си земаш каква - таква месечна камата . Ем главната сума ќе ти остани , ем ќе земаш по некој денар месечно без да се плашиш дека парите ќе ти пропаднат . Како шо реков и погоре , за бизнис да разработиш денес е многу тешко , поготово ако немаш луѓе во власта .
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Ти ганџа планираш да шиткаш па луѓе у власта ?? Ако има пари за колонијал големи јајца ако фрлил 3-4000 евра, тобако се опремуе за 8000 евра и фршти со пари ако закачиш некоја јака локација ... ќе ти идат 500 евра на рекет али кур те боли ќе праиш месечно по 1000 чисти...
 
Не ми е муабетот дека ќе продава нешто нелегално па затоа мора да има луѓе во власта , туку како што и самиот ти пиша во постот ќе треба да плаќа рекет за да не му висат нон стоп инспекции и слично . За да не се нервира и нон стоп да биди на штрек дека ќе го казнат за било која ситница , затоа реков дека треба да има некој во општината , или како што рече ќе треба да плаќа рекет за да го остават раат да си работи . Умре времето кога со малку пари можеше да се отвори бизнис од кој колку толку ќе може нормално да заработува .
 
Ах, да, и ако отвоpате бизнис во Македонија, гледајте да не pаботите со останатите бизниси во Македонија. :tapp:

Од лично искуство.

Гледајте да имате канцелаpија тука, а бизнисо да ви биде низ Евpопа. Што бизнис, не знам...Google it.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom