Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дечкото нема поима од пеење добива поени на тоа што е убав инаку што судиите обично во ваквите шоау треба да се строги кон натпреварувачите и тоа не треба да не чуди
секој си има свое гледање на стварите и своја перцепција на тоа што е убаво пеење,Виктор има убав чист глас,угоден за уво,ама друга работа е пеењето,сеуште го нема под контрола својат вокал ,некогаш му бега гласот, сеуште не знае како да го користи својот глас ,како да управува со него ,за разлика од него Мики има груб, а моќен глас и најбитно владее со своето пеење ,има потполна контрола над својот глас ,тоа е мое мислење:toe:
 
Љубомора? Па повеќе ме има на тв од него:toe: некако многу ми го фурат дечкото и вчера отпеа катастриофа фалшираше до даска и одма се кренал до небо како сега сум познат и готово сите вие сте не битни сега кој го шиша жирито битно публиката ме сака
How come?
 
И моето мислење е тука некаде со тоа што и Мики има уште да учи и да се надградува :).
 
Иако организацијата е многу далеку од бугарскиот идол, сепак се сложувам со тоа што велите дека е прво шоу кај нас кое сепак е на некое ниво, за разлика од многу под ниво. Мислам дека жирито доколку има наредни сезони(се надевам дека ќе има) ќе биди барем 10 пати постручно од ова, зошто ова е под моите критериуми. За пеењето на кандидатите вчера, ќе кажам само дека Иван ми испеа баш како шо треба и некако му легна песничево. На Мики песната на Владо не му одеше баш во прилог, мислам мораше да почне да пее многу многу ниско за да може рефренот да го донесе како што треба, а во дуетот беше екстра. Треба повеќе да внимава кои песни повеќе му одговараат. Јана и Виктор имаја по некој фалш тон, а Билјана ми ја расипа најубавата песна од Каролина, иако на крајот во дуетот се поправи. Дејан не ми остави посебен впечаток на првата изведба, во дуетот ми беше најдобар до сега.
 
Се собрале се тука критичари образовани бе? Дај заменете некој во жирито дека сите тие исти ми се мене, само фалат, никој не критикуваат.
 
Љубомора? Па повеќе ме има на тв од него:toe: некако многу ми го фурат дечкото и вчера отпеа катастриофа фалшираше до даска и одма се кренал до небо како сега сум познат и готово сите вие сте не битни сега кој го шиша жирито битно публиката ме сака

Бо очаен :nesvest:
 
Во понеделник рок вечер :):)

Мики ќе ги пее Bed of roses и Smells like teen spirit
Виктор - Don't wanna miss a thing и Numb
Иван - Is this love и Resistance
 
Во понеделник рок вечер :):)

Мики ќе ги пее Bed of roses и Smells like teen spirit
Виктор - Don't wanna miss a thing и Numb
Иван - Is this love и Resistance

Па фала богу конечно нешто како за неговиот глас! Се надевам а и мислам дека нема да ме разочара но сепак се работи за тешка песна за пеење!

А Виктор не сум убеден дека ќе се снајде најдобро со Numb. Останува да видиме.
 
Numb??? Ќе се избрука пред цела Македонија.. Следен е Виктор...
 
Абе Виктор ќе победи, има многу гласачи, и ептен се знаеше дека Биљана или Дејан ќе отпаднат прошилиот пат, се знае кој нема гласачи нон стоп истите, нареден е Дејан, па после нз сите имаат гласачи, може Јана.

Иначе Дејан мене ми е сасвик ОК пошо има специфичен глас и мн ми е јак. И така : )
 
Се надевам Јана ќе победи, сакам и да ја слушам и да ја гледам и се...а ко ќе го видам Виктор добивам тикови...
 
Numb??? Ќе се избрука пред цела Македонија.. Следен е Виктор...

така рековте за се што пееше до сега. NUMB ?! демек треба многу вокални способности ? .... пффф
 
Не верувам дека Виктор ќе се снајде добро со Numb. Мики избрал добри песни кои му лежат на неговиот глас, очекувам и Иван добро да помине.
 
Ептен ми се антипатични машки што ставаат пудра на себе. Виктор ако тежи 70 кила, 50 кила му тежи пудрата на него.
Сакам тој да отпадне.
 
Јас сакам Виктор да победи. Мислам дека одговара за ѕвезда, но да не се крева премногу во облаци од почеток.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom