Јамболија.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Имам јамболии,3-4 дома,бели и зелени,и да,ги користиме

Зелени јамболии????

Пвпат слушам. Тие да не ги користат муслимани само? :)
 
Какво означува ова jамболија ? Каj нас во Бугариjа значи жител не град Jамбол .
 
јас немам јамболии! Ама мајка ми ги чуваше додека беше жива баба ми (свекрва и) али закон беа пред едно 15-20 години. кога ќе ги извадеше баба ми значеше почеток на грејна сезона :pos:
 
Зелени јамболии????

Пвпат слушам. Тие да не ги користат муслимани само? :)

Јас не сум муслиман :smir:
Инаку многу познати моите зелени јамболии,да не треба и фотки да пуштам
 
Темава ме насмеа. Се сеќавам дека кога бев мала моите во зима ставаа јамболии, ама сега не. Мада за на под како килим ми се убави!
 


ХАхаха имам иста таква лол.Имаме дома неколку јамболии 3 бели имаме, две темно црвени и една портокалова(најмногу ми се свиѓа) иначе ги обожавам.ЗИмно време се најдобар лек против студот.Пред некоја година се сеќававам беше стварно ептен ладно една вечер и спиев со кебе јорган плус 2 јамболии хахахахаа....неможам зимно време без нив...
 
They ARE still out there! =P

Мајка ми досадва понекогаш со нив на зима. Инаку не ми се по ќефот. А ги имаме колку сакаш и какви сакаш =D
Ги викаме дифтици тука btw xD
 
Имам дома, ама онака стојат само, за на зима како воени резерви :)

Мајка ми досадва понекогаш со нив на зима. Инаку не ми се по ќефот. А ги имаме колку сакаш и какви сакаш =D
Ги викаме дифтици тука btw xD

Кај тоа тука? Имам слушнато некаде по источна Македонија, ама не ми текнува баш дека :)
 
Е тоа највеќе што мразам да се покривам со јамболии тоа голицка и тешки се боцкаат ич не ги сакам кај мене никој не се покрива со јамболии инаку порано кога ме чуваше баба ми се каравме за тоа дали да спијам со јамболија :vozbud:
 
Баш ме потсети темава на една случка вчера-завчера. Му се јавиле на татко ми од топ шоп да му рекламираат некои дормео ќебиња, зиме топлеле, лете ладеле, и татко ми ко што го нервираат вакви досадни и почнал со битолски акцент да и збори на таа, ами јас само со веленца (на скопски јамболии) се покривам, ќе ја прашам домаќинката да не е заинтересирана па ќе ви јавам. И оваа збунете му спуштила слушалка:pos2:

Инаку само кај баба ми се покривам со јамоблии и многу се одвратни, боцкаат и се будам со влакна во уста.:icon_conf
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom