Јамболија.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ајде сега секој овде да си каже кој колку јамболии има дома и дали презедовте мерки против молците да не ги измолаат. Со колку јамболии спиете на зима, и дали не ве чешаат тоа ресите по лице навечер....
 
Ваљда имам негде по дома се кријат. За у чеиз си ги чувам хахахаха. Во зима и те како ги сакам и не ми пречат ресите.
 
Имам дома јамболии, ама многу ретко ги гледам постелени на кревет или слично.
И никогаш не спијам со нив. МНОГУ ме чешат по лице.

Сите на оро вртеле со марамици...само Крал Марко со мокра јамболија

:vozbud:

Ваа не сум ја знаел.
 
Јамболија е права ствар зимно време,али тоа"скугурците"(така ги викаат тие влакненцата што скокоткаат) убиваат по нос,у уста сегде се пикаат.Е сега од друга страна и во зима немаш зима со јамболија.

А да...на времето за чејз ги чувале:pos:
 
Добри се ако ги набуташ во тие прекривачите со дупка,онака не иритираат.
 
појма неам дека стојат туку оф топик за креаторот на темата: од дека до дека ти текна за јамболии на тва жешко време? јас при самата помисла се ежам... :jaj:
 
Чак Норис може да тресе мокра јамболија од тераса со една рака.



Он топик: ги мразам. They itch me.
 
Незнам зашо ама јамболија ме потсеќа на нешто селско... На селска и домаќинска куќа, на дедо ми...
Инаку да, како да немам јамболија дома и не ми сметаат тие влакненцата...
 
Кога ќе земат комшиите да ги перат црвените јамболии цела улица ја прават како крв црвена... Иначе бела јамболија на под, бела јамболија на кауч ау ау ау... :pos2:
Летно време, +40 степени, воздух нема во собата,а ти да легнеш на јамболија. Потта од лицето + влакната од јамболијата, абе милина...:)
 
имам две, една голема за на креветот за спиење и една мала за на двоседот... ама раце ми капнале додека да ги исткаам и плус два разбоја сум испокршил.... а против молци... па никогаш ништо не сум ставал онака двапати годишно газење во када и тоа
 
се сеќавам како копиљ коа бев, на село идеш, у мраз ладна соба, онака мразулци н прозорите ма фатено... легнуваш да спиеш и бабами, зима фрла 2 ќебиња врз мене плус една јамболија и се осеќам како под преса... како си легнал, нема многу многу мрдање... таа позиција заспиваш и таа позиција се будиш, ама топло ти е како во фурна.. наутро да не ти се станува, пружаш рака надвор и одма ладно те сече... јабмолија си е јамболија... нема никаква замена за нејзе..

умреа старите, умре и куќата со нив... па и јамболиите...
 
Имам јамболии,3-4 дома,бели и зелени,и да,ги користиме
 
Имам јамболии,3-4 дома,бели и зелени,и да,ги користиме
Зелена имаш јас имам дупликати на црвена, ако сакаш можи замена црвена за зелена.
 
Дома имаме неколку јамболии. Имаме и големи и мали. Тие ни се поклони од двете баби. Едната баба не сум ја запознала никогаш, односно умрела кога сум имала 7 месеци. Таа баба многу го сакала моето име. Таа и рекла на мајка ми едната голема јамболија да ми ја дадела кога ќе ми се родело првото бебенце, а со другите нека прави што сака. За сестра ми таксала друга јамболија, амам ако сакала таа да ја земе ок, за мене да ми кажела дека е поздрав од баба :pos: Другата баба пак ни подари по една јамболија на мене и на сестра ми, оти адетот бил невестата да однесе голем чеиз. Иако беше свесна дека времето од чеизи е поминато, ни рече дека секогаш кога ќе ги видиме бар на момент ќе помислиме на неа. Јамболиите воопшто не ги користиме, си стојат нови во плакар, мајка ми не знам што им прави за да се заштитат од молци. Бидејќи двете баби ни се починати јамболиите ни се навистина многу драг поклон на мене и на сестра ми, имаат посебно значење. Има нешто по што ќе ги паметам, покрај спомените (сеедно дали моите ми ги кажувале некои работи или пак јас сум ги проживеала со баба ми). Патем, покрај јамболиите имам поклон и златници, а од едната баба имам и многу, многу стар накит. Јамболиите се само бели, не се фарбани, значи би требало колку толку да се полесни за перење, оти на целата мака не пуштаат боја :pos:

п.с. немам поим зш го споделив сето ова со толку многу луѓе. Темава ме потсети на мојата баба и навистина ме растажи и во исто време ме потсети на многу убави спомени работи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom