Јамболија.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Не благодарам, не сум љубител на такви нешта... :salut:
Старамодно е бе шо ви е вас луѓето на месечината отидоа вие уште со јамболии се покривате навечер зима кога е....
 
Старамодно е бе шо ви е вас луѓето на месечината отидоа вие уште со јамболии се покривате навечер зима кога е....

Не дека е старомодно или модерно туку не е практично... Собира многу прашина, а тешка е за перење и сушење...
 
Не дека е старомодно или модерно туку не е практично... Собира многу прашина, а тешка е за перење и сушење...

вчера ми донесоа една јамболија од викендица од времето.. си ја средив место килим... и изглеа баш ко најмодерните килими што се... така да рулз... бтњ нз дали сте имале секс на јамболија хахахаха
интересно :)
а ме интересираше од кај доаѓа зборот јамболија па така и налетав на топиков.. иначе јас иам бела.. а дали некој има црна јамболија... тоа е хц
 
Имаме цело царство од јамболии.. Бела, црвена, портокалова, лила, сина... Никако не можам да ја сфатам таа филозофија на живеење на моите бабушки, имајќи в предвид дека едно ресесто створење постои најмалку 15-20 години. Мислам можете да замислете како им изгледале моминските вечери ( девојачките да не речам). Локумче со оревчиња, шира, пешкири со цветчиња, и сите испоседнати околу планината од јамболии. Ако цурава е со испод 20 јамболии ондах е блудница невидена и веднаш се праи приказна за неа ( со Шенка Колозова у главна улога) - " Девојката која се фати со ѓаволот ортак и не ткаеше јамболии ".
Јамболија е фетиш и никако не може да е демоде зашо у долгите студени зимски ноќи само таа искрено те гушка.
 
Дома имавме до пред 2 години, ама ги однесовме кај баба, пошто живееме во стан, треба да се тресат, а кај ќе ги тресам од тараса, па после комшијата да ми фаќа алергии не иде. :pos: Плус колку беа тешки, можев и јас да отидам со се нив преку тараса.
А кај баба у спална, наместени се доле врз теписон, порано кога останував да преспијам зиме знам дека ќе ми фрлеше 1 јорган и јамболија и спиев слатко како бебе. Држат топло до немај каде, работава е што треба многу да се одржуваат, да се тресат, проветруваат. Јамболија рулз, плус природно, колку овци истрижале за да направат една јамболија, ехеее.
Некои викаат не биле практични, до некаде се у право, ама па од друга страна попрактични ви се синтетички кебиња и прекривачи одтолку нешто природно?
 
Старамодно е бе шо ви е вас луѓето на месечината отидоа вие уште со јамболии се покривате навечер зима кога е....

со што да се покриваат? со месечина?

Нема поубаво чуство надвор да врне снег,да е камен ладно.. Ти дома да седиш слушаш како гори оган и спиеш под јамболија.. РАЈЈЈЈЈЈЈЈЈ!!!!!!!!
 
со што да се покриваат? со месечина?

Нема поубаво чуство надвор да врне снег,да е камен ладно.. Ти дома да седиш слушаш како гори оган и спиеш под јамболија.. РАЈЈЈЈЈЈЈЈЈ!!!!!!!!

Јас се покривам со прекривач од Стружанка, најобичен.
Мене најискрено ме љуби мојот радијатор:love: (кај мене во населба парното ,,пука 24/7)
Башка ептен романтики паѓаат кога ќе си ставиш врз него свеќи и свеќички па околу него итн....

А инаку, денес постојат ултра тенки волнени кебиња, на прв поглед некако не е верно дека топлат, ама лудница се. Имам едно, пред грејна сезона одлична работа врши :)
 
Имавме порано, на една зелена се сеќавам, којзнае мајка ми сега кај ги има пикнато.
 
Аааааааа им помина сега го поскапеа парното и струјата па на мода се враќаат јамболиите и дрвата :icon_lol:.

Другар, јамболии се користеа до 95та. Умре таа мода сега. Освен ако не си во куќичка на планина па да користиш јамболија. Но и тие таму не користат јамболии веќе. 21 век сме, има сто пати подобри нешта од јамболиите. ;)
 
Сигурно има некаде дома јамболии ама не ги користам...ги има кај баба ми пуно
 
Лелеее, јамболиите се закон.
Имавме дома една бела на времето и се тепавме кој попрво да се покрие со неа во зима.
Ама ја нема веќе, мајка ми ногу модерна сака да биде па се ослободи од неа. А мене ми недостига, носталгија ме фати кога ја видов темата, кој ме тераше да буричкам по старите теми. Пууу... па јорганот стопати поладно држи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom