Цртани/анимирани филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Гледав и не видов тема отворена за анимирани филмови па викам ај да отварам и да видам дали некој гледа и кои ги гледа.
Темата е за новости од анимираниот свет на филмови предлози забелешки кратка рецензија и др
Истотака може да си издвоите листа за анимирани филмови кои треба според вас да се гледаат впечатоци од ликовите и др.
Инаку според најдобри анимирани филмови кои ми оставиле длабок печат се:
The Iron Giant филм со неверојатна сторија и понекогаш солзи ми наидуваат на сцената кога тој се жртвува

Јапонската филмска анимирана индустрија според мене најдобрата во целиот свет доаѓа со еден од легендарните анимирани филмови Princess Mononoke

Уште еден ако можам да кажам од класиците на Јапонската индустрија.Филм кој иако со голема фантазија и сцени во кои изобилуваат со крв и насилство.Сепак те тера да го гледаш повторно и повторно

За овој немам коментар

Камелеонот и неговата дружина.Е еден од поновите анимирани што се направени по мој вкус

Ненадминливата дружина и пустата верверица која никако да дојде до нејзиното богатство сите делови се интересни од ICE AGE

Љубовна драма која вреди да се гледа.Главниот лик Такаки во својот пат на пронаоѓање на љубовта

Враќање во детството ЏУНГЛААА

Нотр Дам Франција Камбани статуи што зборат Есмералда.Сето тоа не доведува до Квазимодо

Човечката алчност за уништување на една прашума полна со живот иако ние тоа не го забележуваме

Ахх мојот прв гледан анимиран филм кој и до ден денес ми остана во сеќавањата
http://www.youtube.com/watch?v=1dEv8cdXJig ме ограничува форумот да не поставувам повеќе од десет медиа линк
 
немам добро видено :oops:
--- надополнето: 15 мај 2013 во 20:31 ---
Али немора да значи да иде во канта овдека е напишана листа на анимирани филмови кои ви се допаѓаат новости за филмови кои треба да се снимаат и др:)
 
Iceboy забушаваш..

Незнам зошто Escape from Planet Earth едвај 6-ка оцена стига, незнам дали сеуште паѓам само на бои, ама прекраснотии е, ептен добро сработено, ликвидно, детално.. рефлекции се познаваа, а и приказната не беше лоша, башка добар хумор, се насмеав на неколку наврати. Поголемо опуштање нема, голема препорака.

Незнам од анимираниве дали сум испуштил нешто, еве моментално Delhi Safari симнувам, па ќе видиме.
 
њот сине дај листа на понови анимирани шо имаш гледано, да ми помине испитна и им седнувам, сега немам време за ништо...
 
Лего цртаниот до година ќе биде must watch.
 
Класика долгометражни цртани филмови од Хрватска
 
Tom & Jerry,дефинитивно,никад немојт да ми здосадит..и до ден денес го гледам..:)
 
Пред неколку месеци го фатив случајно на телевизија (Disney Channel) вртејќи по каналите. Компјутерот ми беше расипан, па од досада морав да го гледам, и позитивно ме изненади. Обично одбегнував да го гледам овој канал пред се заради глупавите тинејџ-серии од типот на Хана Монтана со нивниот "хумор", ако може така да се нарече. Ова единствено им вреди од целиот канал, приказните се скоро секогаш исти, ама хуморот е на ниво. Топло ја препорачувам серијава (y)

300px-Phineas_and_Ferb_logo.svg.png
 
Пред неколку месеци го фатив случајно на телевизија (Disney Channel) вртејќи по каналите. Компјутерот ми беше расипан, па од досада морав да го гледам, и позитивно ме изненади. Обично одбегнував да го гледам овој канал пред се заради глупавите тинејџ-серии од типот на Хана Монтана со нивниот "хумор", ако може така да се нарече. Ова единствено им вреди од целиот канал, приказните се скоро секогаш исти, ама хуморот е на ниво. Топло ја препорачувам серијава (y)

300px-Phineas_and_Ferb_logo.svg.png


Ако ти е phineas and ferb интересна тогаш пробај ја Family guy нема да зажалиш :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom