Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
A Separation >>> The Salesman

А не беше слаба филмска година. Според мене, Toni Erdmann, Land of Mine и A Man Called Ove ќе беа позаслужени победници.
 
Get Out да си го гледате, добар добар добар добар ептен. Цел филм ќе ве држи во неизвесност, нема да ви доаѓа на памет ништо што може да се деси понатаму, чуден забеган филм, се на место скоцкано средено. Си чекав си дочекав и тоа што очекував си добив. Препорака.
 
Ксавиер Долан - :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Детево е ЅВЕР! Само 28 години, а според мене, дефинитивно еден од најдобрите режисери во светот моментално. Сакав да си молчам и да ви го предложам филмов во клубот, но 5-6 души од вас веќе го гледале, а и не можев да издржам.

Juste la fin du monde / It's Only the End of the World - мало ремек дело! Многу ми личеше на Mommy, повторно со истиот стил, со речиси 100% крупни кадри што носи многу емоција, со извонредна глума од, овојпат, одличниот кастинг: Венсан Касел, Марион Котијар, Гаспар Улиел... , со истата феноменална употреба на поп песни од кои повеќето ги знаеме, на места каде добиваат нова димензија и во сцени по кои веројатно ќе се навраќаме на нив во иднина...

Во Кан лани, на премиерата, бил исвиркан од новинарите (не знам на што дроги биле), а подоцна го освои Гран-при-то од жирито (втората награда по важност, по Златната палма). Филмов беше и канадски кандидат за Оскар за 2016, влезе во најтесната конкуренција од 9 филма, но за жал не се закити со номинација за Оскар, исто како претходниот на Долан, Mommy. За мене, ова е еден од најдобрите странски филмови за 2016, и далеку подобар од петте номинирани, па и од освојувачот на Оскарот.
 
Не ми се јасни и мене негативните критики. Ремек дело на Долан, ако не и негов најдобар.
Режисеров е преталентиран за стандардот на денешната драма, и општо денешното глупо кино.

Ваква техника на снимање и фаќање на кадри кои носат емоција до публика, за еден млад неискусен режисер е стварно реткост.

Филмов е дефинитивно performance driven од ликовите горе - кои може изглумија и за кариера, на еден мал сет, со минимален наратив, со минимална прогресија која кулминира во последните 20 минути за совршен крај.

Ксавиер Долан. :tvg:
 
Сцената со врапчето беше ежење. Еве, и сега се ежам кога се навраќам на неа. Плус Natural Blues од Моби бе... Аууууу

Инаку, негативните критики најмногу биле од американската и британската страна. Во Франција и низ Европа секаде поминал феноменално.

Не сум му ги гледал постарите филмови јас, ама и за Mommy, и за овој добива чиста десетка. Долан е чудо од дете за мене. Ако на 26 и 28 години направил вакви филмишта, што ќе биде со него кога ќе "порасне"? :cuc:
 
Шпанскиот филм шо иде моментално на МРТ :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Relatos Salvajes (Wild Tales) филмот е аргентински, не знам зошто го најавуваа како европски филм. Иначе одличен е, требаше да земе оскар за најдобар странски во 2015 пред Ида.
 
Ако знаеш некои слични дај предлог , повеќе приказни али да се неповрзани меѓусебе. :)
 
Кога двајца незнајковци разговараат за филм. :pos::pos::pos:
 
Збор два ако може за Amistad. Сигурно го имате гледано.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom