Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам и тука споменат е филмов неколку страници поназад, нема да ја должам.

Gone Girl
Лоша глума, уште полоша приказна. Дали јас имав големи очекувања (како ќе ги немаш ко сите велат прејак прејак)?! Како на заебанција да е снимен и одглумен истовремено. Приказната нафрлана туку-така, типичен трилер на почеток, киднапирање, можно убиство итн. ама развојот на настаните е некако нереален, недостига нешто. Споредено со други трилер филмови лошо, многу лошо.
Overrated филм, не мора да значи дека ако Финчер режирал филмови како Зодијак и Fight Club, дека сите негови дела ќе бидат толку добри.
@социопатка21 , нејќам да те напаѓам ама баш ме интерсира малку повеќе да елаборираш.
Како потфрли глумата у овој филм? Кој потфрли Афлек или Росамунд? Не влегоа добро вокално или физички у филмот т.е неможеа добро да ја пренесат скриптата или потфрлија преку физичката експресија на емоции за улогите у кои беа?
Или пак премногу клишеа беа у питање, шо уствари не би било вина на актерите.
У структура на филм нема елементи кои емитуваат жанрови, туку има етапи на развој т.е базични елементи кои се костур т.е матрица на секој филм.
Бен Афлек не е секако еден од помаркантните актери, нема кај него некој голем фактор на изненадување, не се шифта у други улоги, не е динамичен. Тука и немаше некоја потреба да се шифта, имаше голем бекап низ филмот и истиов беше сведен да биде хајлајт глумата на Росамунд. Оваа од друга страна изглуми на доста високо ниво.
Недостига нешто?Океј. Кон тоа треба да биде насочена рецензцијата што ја пишуваш, да потенцираш на она што недостига, да прецизираш на грешки у филмот, да склопиш аргументирано мислење/коментар за сторијата, или пак контра аргумент за некоја филозофија која струи низ филмот, за сето тоа да има некое тежиште и да вреди да се дебатира.
 
Таму реков дека нема да должам затоа шо секое мислење фазла е сполјер уствари. И општо немам нешто посебно да елаборирам, без речи сум моментално, уште ми нема легнато филмот. Мада мислењето нема да го сменам секако. Глумата на Розамунд беше добра да тоа не го напоменав, Афлек така-така, а останатото за нигде.
Сцени нафрлани безвеза, посебно делот кога дојде лудачката на тоа бдеењето да кажи дека Ејми била бремена, безвезе ми беше некако. Не сум стручњак, ама бар знам шо ми е интересно да гледам. На почетокот заплетот е добар, киднапирање бла бла...до некаде и држи вода тоа до првиот саат можи, после е катастрофа. Крајот посебно немам зборови да го опишам, не ни сфатив како заврши филмот. Туку-така таа пројде неказнета, а тој остана со неа иако не ја сакаше. Не е реално ич.
Споредено со други трилери стварно е лош, можеби е моја грешката шо скоро секогаш прам споредба на филмови. Сепак си стојам на мислењето дека е префорсиран.
И да, што недостига?! Па се разбира, подобра приказна тоа фали.
Реално гледано филмов заслужува оценка 6/10, има многу подобри филмови шо добиле помала оцена или биле критикувани.
 
Последно уредено од модератор:
Заплетот е добар, после е катастрофа. Росамунд е добра, Афлек така така, останатите катастрофа. Споредбено со други трилери (кои трилери?) е лош. Филмот е префорсиран, реално заслужува 6. Има многу подобри филмови (кои филмови?) кои добиле помала оцена. Сцената со лудачката ти била без везе. Сцените биле нафрлани. „Знаеш што е интересно за гледање“.

Види, ти уствари освен поплаки ништо не кажа. Не се потруди да ни објасниш зошто глумата била лоша. Кој одглумил катастрофално? Во однос на кои трилери филмов е лош? Кои сцени се нафрлани? (Сцената што ја спомна е потребна за дејствието, т.е. дел од целиот план е таа „лудачата“ да објави дека девојката е бремена). Што значи тоа „филмот е префорсиран“. Кој го форсирал?

Нема ништо лошо во твојот пост но тоа се само рандом емоции кои ти не успеа да ги објасниш за да ги разбереме. Еве и ние знаеме што е „интересно за гледање“. И сега?
 
Gone Girl има малку сатиричен тон што е некарактеристично за трилер, можеби ова не клика кај секого и дава впечаток дека глумата и приказната подфрлиле?

Јас мислам дури и Ben Affleck дека одработи добро. На него му лежат вакви "basic" улоги кај што нема голема трансформација и кај што не е out of character.

Дејствијето е возење од старт до финиш.

П.С. I Origins солиден филм, скоро и да нема никаква фама околу филмот и да не го препорачаа тука на форумов ќе го пропуштев. Дефинитивно подценет филм.
 
Affleck dobiva hejt onaka, najveke radi daredevil, bas ok bese, osven sto bese nabildan premnogu, izglea se sprema za betmen.
I Origins imase poise dupki od kaskaval.

Inace Interview razvali coece, kolku retardirani stvari na edno mesto... sum se iznasmeal :ojeaa:

Ama ke bide mn hejtan tuka.
 
Како е могуче овој филм сега за сега да има оцена 9.4, не ми е јасно :)
 
Gone Girl :icon_lol:

tumblr_ngfitfb2IG1rfaqfjo1_500.gif

tumblr_ngenjgEy9L1rlb6iho4_r1_400.gif

Болесно филмче и болесна глума ама не беше воопшто лошо и цел филм ме држеше заинтересиран.

Афлек е смешен вака набилдан ко за Бетмен:pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom