Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.136
- Поени од реакции
- 18.135
Не очекував ваква добра конкуренција за јубилеј, ама секоја чест се потрудиле доста и околу теренот и околината, а добро е и за промоција на турнирот во иднина.Овогодишни учесници се освен домаќинот РК Струга, домашниот Металург, белоруските Брест Мешков и Динамо Минск, од Романија Дадеман Бакау, како и францускиот Брест Мешков.Моментално е на МТВ свеченото отворање, би требало да одат и преноси, особено поради причина шо се ноќни натпревари и стандард на отворено
Почнува 40.меѓународен ракометен турнир „Струга 2012“
15.08.2012 - 09:00 |
Во Струга денеска почнува 40. меѓународниот ракометен турнир „Струга 2012“.
На јубилејното издание ќе учествуваат македонскиот шампион „Металург“ и домаќинот „Струга“, Белорускиот првак и учесник во ракометната Лига на шампионите, Динамо Минск, второпласирана екипа во Белорусија – Брест Мешков, францускиот Данкерк, екипата на Дадеман Бакау од Романија.
Натпреварите ќе се играат во вечерните термини од 19 часот и од 20 часот и 30 минути. Според утврдениот календар традиционалниот турнир ќе почне во 18 часот и 30 минути со дуелот меѓу Динамо Минск и Струга, а по свеченото отварање најавено во 20 часот и 30 минути следува натпреварот меѓу Металург и Дадеман Бакау.
Следниот ден натпревари ќе одиграат Брест Мешков - Дадеман Бакау (19 часот) и Данкерк - Динамо Минск (20:30 часот), а во петок Данкерк – Струга (19 часот) и Металург - Брест Мешков (20:30 часот). Последниот ден од турнирот се предвидени натпреварите за пласман. Финалниот натпревар е закажан за 18. Август во 21 часот.
Претседателот на Организацискиот одбор на „Меѓународниот турнир Струга 2012“ , пратеничката Лилјана Затуроска посочи дека според начинот на организацијата и квалитетот на екипите кои ќе учествуваат турнирот на најдостоен начин ќе го одбележи неговиот четириесетти роденден.
- Овој турнир во ракомет ја брендира Струга на меѓународна спортска и секако туристичка карта и се дефинира како еден од најголемите аниматори и извори на ракометари кои денес со сета своја спортска душа го издигна македонскиот ракомет и го поставија да биде партнер со европските па дури и со светскиот ракомет, рече Затуроска.
Македонскиот репрезентативец Наумче Мојсоски изрази задоволство што со турнирот, како што рече, после толку многу години Струга се враќа во стариот сјај. Оваа спортска нација заслужува и Струга да има еден ваков спортски турнир, нагласи Мојсоски.