40 издание на ракометниот турнир во Струга

Победник на Струга 2012?

  • Струга

    Гласови: 5 21,7%
  • Металург

    Гласови: 13 56,5%
  • Брест Мешков

    Гласови: 1 4,3%
  • Динамо Минск

    Гласови: 2 8,7%
  • Данкерк

    Гласови: 1 4,3%
  • Бакау

    Гласови: 1 4,3%

  • Вкупно гласачи
    23
  • Гласањето е завршено на .

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Не очекував ваква добра конкуренција за јубилеј, ама секоја чест се потрудиле доста и околу теренот и околината, а добро е и за промоција на турнирот во иднина.Овогодишни учесници се освен домаќинот РК Струга, домашниот Металург, белоруските Брест Мешков и Динамо Минск, од Романија Дадеман Бакау, како и францускиот Брест Мешков.Моментално е на МТВ свеченото отворање, би требало да одат и преноси, особено поради причина шо се ноќни натпревари и стандард на отворено :)

Почнува 40.меѓународен ракометен турнир „Струга 2012“

15.08.2012 - 09:00 |
Во Струга денеска почнува 40. меѓународниот ракометен турнир „Струга 2012“.
На јубилејното издание ќе учествуваат македонскиот шампион „Металург“ и домаќинот „Струга“, Белорускиот првак и учесник во ракометната Лига на шампионите, Динамо Минск, второпласирана екипа во Белорусија – Брест Мешков, францускиот Данкерк, екипата на Дадеман Бакау од Романија.
Натпреварите ќе се играат во вечерните термини од 19 часот и од 20 часот и 30 минути. Според утврдениот календар традиционалниот турнир ќе почне во 18 часот и 30 минути со дуелот меѓу Динамо Минск и Струга, а по свеченото отварање најавено во 20 часот и 30 минути следува натпреварот меѓу Металург и Дадеман Бакау.
Следниот ден натпревари ќе одиграат Брест Мешков - Дадеман Бакау (19 часот) и Данкерк - Динамо Минск (20:30 часот), а во петок Данкерк – Струга (19 часот) и Металург - Брест Мешков (20:30 часот). Последниот ден од турнирот се предвидени натпреварите за пласман. Финалниот натпревар е закажан за 18. Август во 21 часот.
Претседателот на Организацискиот одбор на „Меѓународниот турнир Струга 2012“ , пратеничката Лилјана Затуроска посочи дека според начинот на организацијата и квалитетот на екипите кои ќе учествуваат турнирот на најдостоен начин ќе го одбележи неговиот четириесетти роденден.
- Овој турнир во ракомет ја брендира Струга на меѓународна спортска и секако туристичка карта и се дефинира како еден од најголемите аниматори и извори на ракометари кои денес со сета своја спортска душа го издигна македонскиот ракомет и го поставија да биде партнер со европските па дури и со светскиот ракомет, рече Затуроска.
Македонскиот репрезентативец Наумче Мојсоски изрази задоволство што со турнирот, како што рече, после толку многу години Струга се враќа во стариот сјај. Оваа спортска нација заслужува и Струга да има еден ваков спортски турнир, нагласи Мојсоски.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721
шо напрај металург?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Го гледав малце мечот Струга-Динамо, одлична посетеност и атмосфера... Играта не ја коментирам :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
шо напрај металург?
Металург ја наполна “Женска плажа“ (фотогалерија)
Мечот меѓу Металург и Дадеман Бакау го одбележа првиот ден од натпреварите на 40. јубилеен ракометен турнир во Струга. Пред полните трибини на теренот “Женска плажа“ победи македонскиот првак со 26-18, додека на првиот меч домаќинот Струга претпре пораз од Динамо Минск со 38-11.























фото Емилио

2


16.08.2012 08:21​

Прочитана е : 639 пати​



© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.​
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Љубо Вукиќ играл за Мешков Брест o_O
Мхм,од ова лето.....и он беше еден од тие што избегаа од Загреб.Мада Загреб само нешто ситно заработи од Копљар и Штрлек колку да можат уште малце да профункционираат како што треба.
Од старата екипа останати се само Хорват, Шпилер, Мариќ, Брозовиќ, Матулиќ, Шпрем, Шебетиќ, Тончи Валчиќ и секако Јосип Валчиќ :place:.Само Хорват,Шпилер и Мариќ останаа од првата постава......
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Динамо Минск - Данкерк 34-24 (17-9):eek:
Брест Мешков - Бакау 26-23 (15-11)

Денес:
19:00 / Струга - Данкерк
20:30 / Металург - Брест Мешков
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.805
Поени од реакции
15.885
Динамо Минск - Данкерк 34-24 (17-9):eek:
Брест Мешков - Бакау 26-23 (15-11)

Денес:
19:00 / Струга - Данкерк
20:30 / Металург - Брест Мешков
Шо денес, Металург го победи Брест и ќе игра финале со Динамо Минск.
Данкерк мислам дека ја совлада Струга.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Шо денес, Металург го победи Брест и ќе игра финале со Динамо Минск.
Данкерк мислам дека ја совлада Струга.
MME, потешко е да ги најш овие информации отколку некоја 4-та лига во Перу.:tapp:Уште не ги знам точно тие 2 резултати ...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.805
Поени од реакции
15.885
MME, потешко е да ги најш овие информации отколку некоја 4-та лига во Перу.:tapp:Уште не ги знам точно тие 2 резултати ...
Глеај да го еам:D
26-23 победа за Металург, а Данкерк ја совладале Струга со 42-17.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.559
Поени од реакции
8.142
Razbiram Struga domakin i se toa...ama takov amaterizam odamna nemam gledano.
 
Член од
30 август 2009
Мислења
578
Поени од реакции
211
воопшто не ми се свиѓаат овие екипи шо се на турниров.. освен металург коа игра има нешо интересно инаку другото се е тапа.. чековски медведи ке иделе.. оф мори мајко ..
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Не знам дали да кртикувам зашто не сум ја гледал уткамицата ама уште еднаш според напишаното си го покажаа своето лице металург дека не можат а поднесат пораз и тогаш стануваат агресивни.


"Финалната пресметка ја одбележа вистинска битка на теренот и неизвесност до самиот крај, но овој меч ќе остане запаметен и по случувањата во последната минута, кога за малку ќе дојдеше до тепачка меѓу ракометарите на двата тима."

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=10661
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Што се криви Металург бе, тепачката настана поради агресивниот старт над Миркуловски со лакт во лицето, во тој момент Металург имаше +2 и напад на 1 мин од крај, каков пораз какви бакрачи...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Не знам дали да кртикувам зашто не сум ја гледал уткамицата ама уште еднаш според напишаното си го покажаа своето лице металург дека не можат а поднесат пораз и тогаш стануваат агресивни.


"Финалната пресметка ја одбележа вистинска битка на теренот и неизвесност до самиот крај, но овој меч ќе остане запаметен и по случувањата во последната минута, кога за малку ќе дојдеше до тепачка меѓу ракометарите на двата тима."

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=10661
Џабе критикуваш, фрката беше поради боречки зафат од гостински играч.Брука по наше :confused: (или Бровко според белорусите) или Денис Рутенко...(Рутенка според Видевски).Во моментот Металург имаше 2+, а искри имаше некако цело време.Видевски блесавиот уште и рече на крај многу касно дојде ваков момент прогнозирав порано :pos:А немаше некој квалитет, Металург неубедлив (Динамо најверојатно и потценет) , а очигледно уште ‘им се тешки нозете‘.

Најдобар впечаток од вчера - Митревски :cuc: Да не го носат веќе само туристички во репрезентација!И не знам кој филм му е на Червар уште од 23-24 минута без голман ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom