3D во кино Милениум

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Да.:) Добар е филмот, јес да не е нешто посебно, има доза на хумор, некои нелогичности, ама сепак, па и не може логика да се бара во филм со time travel и aliens.
Прв пат бев на 3Д, имаше некои добри моменти, наочарите си беа во ред, се на се ок беше.
 
И јас конечно денес бев да го гледам The Avengers, всушност вчера веќе. :)
Филмов е бомба, секоја чест како е склопен! Само пак ќе промрчам за наочариве дека треба да ги зачистуват малце, па и малку криви ми се погодија овојпат. И да... на некој си 20тина минути од почетокот на филмот се сјеба проекторот или нешто, па имаше малку пауза и пак го пуштија од почеток. xD
 
Од колку до колку пари е карта ?
 
Кога е премиерата на Прометеус некој да знае ?
 
Кога е премиерата на Прометеус некој да знае ?
Пред 2 дена.Тоа значи :
21797864.jpg
 
pr0m3theus e tapoina storywise gleano...
 
Многу повеќе очекував од прометеј, некако се обидел режисерот да објасни голема сторија со погрешни сцени, или барем јас така сватив.

А и додека не почнат да пуштат клима или вентилација во Милениум јок кино во лето:eek:, од некаде дува но не доволно. Така да кога ке залади тогаш пак!
 
За тие што го гледаа Прометеус во кино (а ги гледале и другите 3Д филмови во Милениум) какви беа 3Д ефектите? Се гледа некоја разлика? Затоа што овој е целосно во 3Д правен за разлика од другите
 
За тие што го гледаа Прометеус во кино (а ги гледале и другите 3Д филмови во Милениум) какви беа 3Д ефектите? Се гледа некоја разлика? Затоа што овој е целосно во 3Д правен за разлика од другите
Да да, има разлика. Во споредба со Стар Ворс 1 е каде каде подобар, се гледа дека е добро направен, ефектите се супер. Штом е сниман изворно во 3Д нема бегање, мора да е добар.
Само да ви кажам филмот многу ме разочара, можеби затоа што имав и преголеми очекувања, не знам....И нека не лажат дека немал врска со Алиенс, пошто цел филм уствари служи за да се поврзат алиените, како дошле до контакт со човекот. Еден куп пре идеализирани работи, како: идејата за робот на бродот исто како на Алиен 1/2, тој го заразува едниот доктор, тој одма легнува со женска му, таја одма бремена, одма алиен се раѓа, абе ајде :tapp: Па на крај до толку се зголеми, што стана октоподиште огромно, па му се закачи на еден од тие Градителите, па после од него се изведе оној алиенот што го знаеме, црниот, со долгата глава. Па пред да полета тој големиот брод овие се судруваат со Прометеј во него, па има огромна експлозија, паѓаат на земја и докторкава пак се дограбува да влезе во Прометеј и после падот, а него ништо не му фали, нов, чист, сите системи работат :tapp:. Имавме впечаток дека стварно филмов е за Градителите и дека ќе се дознаат некакви прашања, одговори. Тие испаднаја никој и ништо. Дали и тие биле нападнати од алиените или пак се и нивни создатели кои заебале некои експерименти, не се дозна :eek: Па и Питер Вејланд требаше подобра улога да има. Џабе го влечкаја на бродот и место да н(n)апраат муабет со тие Градителите, овај ко се разбуди ги истепа сите, абе :pos: Не знам за вас, мене ми се виде многу замешан филмов. Добро почна, лошо заврши. Си зел Ридли Скот делови, шеми од стариот филм за да си направи нов во 3Д. Филм на годината, my ass
 
Може некој да ми каже што е IMAX и импресии доколку сте гледале филм во вакво кино.
 
Знае ли некој дали денес од 15 го има Луѓе во црно 3?
 
За тие што го гледаа Прометеус во кино (а ги гледале и другите 3Д филмови во Милениум) какви беа 3Д ефектите? Се гледа некоја разлика? Затоа што овој е целосно во 3Д правен за разлика од другите
Јас го гледав прометеј, првпат 3д во милениум. Незнам дали беше вчерашната проекција или такви се прокциите или филмот е таков, ама немаше ништо од 3Д, освен најавата од долби на почетокот. Плус сликата беше премногу темна и скоро да немаше колор. Пола филм го изгледав без наочари, подобра беше сликата и се гледаше само минимално „дуплирање“ на деловите кои ја доловуваат длабочината кога се гледа со наочари.
Некој со слично/различно искуство?
 
Прометеј е еден од најлошите филмови што сум ги гледала. Толку не ми се допадна што поштено си преспав 50 минути од филмот, па после ми го раскажуваа. 3Д наочарите на мене и потонав во 3Д соништа. :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom