3D анимации!

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
671
од 15ти октомви ми почнуваат предавањата во сивус за 3д анимации и пост продукција. Па ако има некој шо е информиран за македонсиот гугл би сакал да слушнам мислење.

4та година завршив и непланирам факултет сакам фокус :icon_lol::icon_lol:
 
Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
671
Денес бев во сивус да се распрашам за студиите и дефинитивно ми оставија добар впечаток. Сите курсеви им се по 2 550 евра може да се плаќа во готово и на рати, курсевите им се период 1 година со предавања од понеделник до петок ( за мојот смер 3д аниматор ) период од 12 до 4. Секој запишан добива таблет со матерјали на англиски јазик, предавањата се на македонски скриптите на англиски. На крајот од годината најдобрите од сите смерови добиваат загарантирано работно место или во сивус или во компаниите кои се основани од професорите во сивус ( 90% од професорите имаат сопствени фирми ) внатре опремата им е квалитетна и амбиентот е приатен, ја осетив позитивата чим влегов внатре... групите им се по 15 студенти максимум во една група ( и тоа ми се свиѓа ептен)
на 11 јуни имаат челинџ деј на кој доделуваат 2 целосни стипендии и стипендии од 500 евра за сите учесници на челинџ деј.

пааа се гледаме на елката! :D :D :D
 
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203

Со среќа во Сивус, другарче планира да оди таму, но сеуште не е одлучен/.
Ако можеш да ми кажеш кој компании се од професорите од Сивус? Планирам да напрам демо реел летово да можам на пракса да идам, али да не ми биде само фх3х,.ВХ и Вертиго Вижуал како опција. Ако сакаш тука или по лп пиши
 
Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
671
Со среќа во Сивус, другарче планира да оди таму, но сеуште не е одлучен/.
Ако можеш да ми кажеш кој компании се од професорите од Сивус? Планирам да напрам демо реел летово да можам на пракса да идам, али да не ми биде само фх3х,.ВХ и Вертиго Вижуал како опција. Ако сакаш тука или по лп пиши
фалааа :)

ми кажаа дека се и аутодеск македонија, аутокад македонија има и други компании што се партнери или сопственици на startup-и за игри и компании за видео продукција ( ама не ги знам фирмите ) иначе кажи му на другарти дека нема да згреши ако иде ^^
 
marTin*

мαјатιη™
Член од
10 октомври 2008
Мислења
287
Поени од реакции
12
Здраво,
да не има некој што знае да прави анимации во 3ds max, ми треба анимација од 400 frames ,на пример да биде со автомобил кој се движи,испушта чад и слично.
договор за цена у пп
 
Член од
18 мај 2015
Мислења
8
Поени од реакции
0
Сакам да научам Maya, ми треба за дизајн на ентериери , продукти и слично...
Има некој искуство со на Семос курсевите? Или да ми препорачате некои други каде што ќе добијам океј знаење конкретно за областа погоре што ја пишав.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
656

За ентериери најважно ти е да знаеш осветлување, реалистично осветлување со реалистичен falloff. Второ е да знаеш да работиш во гама 2.2 и да користиш реалистичен fresnel за рефлективност.
Јас лично ја баталив Маја пред 3-4 години, затоа што ментал реј ми дојде преку глава, сега работам во Cinema 4D и од послендата верзија им многу одличен нов систем за рефлективност и fresnel, со малку труд резултатите се многу слично со v-ray а поедноставно за работа. Моделирање во најголема мера ќе се сведе на ѕидови и сл, се друго ќе користиш готови модели, затоа што ќе мора да ги завршуваш проектите на време, нема да можеш да трошиш 20 саата моделирање на добра гарнитура или кревет, како прво многу време ќе изгубиш, а второ реално клиентите нема шанси да ти платат за такво нешто.
Еве неколку од мене направени во Cinema 4D. Првите две се целсоно од мене правени, моделирање и рендерирање. Следните 3 се Evermotion ентериери за 3дс макс, рендерирани во c4d.

Друго треба да знеаш колку разлика Photoshop може да направи, и да знаеш колку време да потрошиш во штелање на осветлувањето и боите, а што ќе можеш да направиш во пост.
Еве еден пример, првата слика е директно од рендер, втората е после пост во Photoshop.
01.jpg
02.jpg [DOUBLEPOST=1434914608][/DOUBLEPOST]ПС. заборавив во претходниот пост, за вежбање, најди реален ентериер што ти се допаѓа и пробај да го копираш во 3д. Ова е важно затоа што иако можеби тенички се ти е убаво средено(модели, светла, материјали) ако целиот концепт и избор на бои не е добар, ќе завршиш со шит рендер. Одбери ентериер што ти се допаѓа од страна како houzz и пробај да го ископираш што поблиску до реалната верзија, овака целиот дизајн ти е веќе среден, и ќе можеш да се фокусираш на она што е важното за тебе.
Двата рендери горе, се правени така, еве ги оригиналните верзии. Пробај да го копираш аголот на камерата светлувањето и се. Исто така добра вежба е и за размислување во 3д во размер, затоа што ќе имаш само една слика а сите работи треба да се вклопат заедно.
modern-kitchen (3).jpg
AstridBedаааroomCherry.jpg
 
Последно уредено:

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
671
Браво царе :D:cuc:

Едукацијата како ти се движеше? Или само пракса треба :D
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
656
Браво царе :D:cuc:

Едукацијата како ти се движеше? Или само пракса треба :D
Едукацијата ми е digital tutors за основа, а за натака каде стасам за тоа што ми треба. Најчесто учам низ работа, сакам да направам нешто и ако заглавам некаде барам на нет, а во последно време и низ самата документација на c4d читам има доста добри работи таму. Плус следам на cineversity кога имаат нешто ново, и следам видеа од презентации од SIGGRAPH и NAB, Maxon ги снима и ги става на нет, и може доста напредни трикови и идеи да се научат од таму.
 
Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
671
Едукацијата ми е digital tutors за основа, а за натака каде стасам за тоа што ми треба. Најчесто учам низ работа, сакам да направам нешто и ако заглавам некаде барам на нет, а во последно време и низ самата документација на c4d читам има доста добри работи таму. Плус следам на cineversity кога имаат нешто ново, и следам видеа од презентации од SIGGRAPH и NAB, Maxon ги снима и ги става на нет, и може доста напредни трикови и идеи да се научат од таму.
Поштуем :D А македонската местоположба за работа како ти изглеа? Пошто и ја планирам да си пукам 3Д до макс па да видиме шо ќе искочи :)
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
656
Македонска местоположба нема врска со работата, освен ако не сакаш за/со македонци да работиш. Јас сум на upwork и работам само со странци, и во главно наплаќам од саат.
 
И како ти е заработката?
 
Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
671
Македонска местоположба нема врска со работата, освен ако не сакаш за/со македонци да работиш. Јас сум на upwork и работам само со странци, и во главно наплаќам од саат.
Со македонци непланирам да работам :D Планирам да праам некои анимирани луди ствари во иднина ама прво скиловите да ги усовршам. Ама ајде за 20 дена почнувам со обука па ќе се фокусирам максимално. Големи амбиции ме пукаат ^-^

И како ти е заработката?
Според моите пресметки мислам дека незнае ни сам колку зима :D
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
656
И како ти е заработката?
Добра :)[DOUBLEPOST=1442847554][/DOUBLEPOST]
Со македонци непланирам да работам :D Планирам да праам некои анимирани луди ствари во иднина ама прво скиловите да ги усовршам. Ама ајде за 20 дена почнувам со обука па ќе се фокусирам максимално. Големи амбиции ме пукаат ^-^
За посериозни и подолги анимации ќе треба да имаш барем 2-3 i7 компјутери да можеш да рендерираш на време. Јас сум моментално со два, еден 6 јадрен 5820k и еден 4 јадрен 2600k, а во план сум да земам наскоро уште еден 4 јадрен i7. Ако ми се погоди двајца кленти да сакаат анимација во исто време, некој ќе мора да чека.
 
На врв Bottom