За моделирање и симулација на физика и сл работи е одличен C4D, од кога се префрлив на него, не сум ни помислил да се вратам на Маја или да гледам некој друг софтвер.
Рендерерот исто ми се свиѓа, се е спакувано во еден добар пакет, се работи од старт како што треба, и сите опции ти се вградени и во материјалите и светлата, само палиш/гасиш што ти треба, нема потреба од додавање екстра nodes или слично, се е спакувано.
Најголем мерак кај материјалите ми направи што во основа е само еден материјал, нема потреба да бираш, еден за ова друг за ова, па да не знаеш кој да го одбереш за тоа што ти треба.
Еве како изгледа секој материјал. Сите можни атрибути ти се тука, и си вклучиш тоа што ти треба, и си штелаш после да добиш look што сакаш.