МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Понеделник
21:00 Пирамида
22:00 Момент на вистината / The Moment of Truth

Вторник
21:00 Најголемиот губитник / The Biggest Loser
22:00 Прислушкувачот / The Wire

Среда
21:00 Сакам да работам за Диди / I Want to Work for Diddy
22:00 Прислушкувачот / The Wire

Четврток
21:00 Шоуто на Хоуви / Howie Do It
22:00 Прислушкувачот / The Wire

Петок
20:00 Отворено со народот
21:30 Слушачот / The Listener

Од понеделник до петок во 15:50: Како да станам славен / (?)

Остануваат уште и Dinner: Impossible и Life After People, кои веројатно би оделе за викенд. :)
Овој петок (т.е. денес веќе) е Listener?
 
Значи ли ова дека нема повеќе да ја даваат Тропски горештини во летните периоди??? Би бил "разочаран" зошто на некој начин стана заштитен знак на мтв во летните периоди :tv:
Како и да е направиле добра работа, ќе придобијат гледачи,колку толку, а со тоа и ќе добијат приход од реклами(се надевам). Па да очекуваме повеќе новини во нивната програма.
 
Од понеделник 11 јануари
први како за почеток се

15:50: Како да станам славен

22:00 Момент на вистината

Добро, па читаш ли дека два реда над тебе е напишана комплетната програма? :wink:
 
Добро, па читаш ли дека два реда над тебе е напишана комплетната програма? :wink:
да читам ова го пишав за да знаат луѓево има и некој мислат од денеска почнува новата програмска шема
 
Далеку е сонцето, да ми е поблиску уредникот на програмата на МТВ како слатко би го тепал за сите гревови и дебилни документарци од француска продукција ги пуштаа во термини кога човек нормално би седнал да изгледа нешто интересно, како само би го тепал за сите прекинати филмови и серии поради реклами или вести кои после тоа никогаш не продолжуваа, како би го тепал за кадарот кој го изгубија токму поради ваквите глупости и испади... а верувам дека и со тоа што го имаат во архива, старите филмови да земеа да ги прикажуваат ќе имаа колку толку интересна програма со тоа и волја за плаќање на таксите од граѓаните а со тоа и плата за кадарот а и за нешто ново, немора да биде нешто од прва класа, има толку добри серии кои не се високобуџетни но се НОВИИИИ поим што е навистина нов за Мтв како и нивниот сајт кој иако постои од поодамна веројатно беше достапен само за тие кои го одржувале. Поз4е до тие од Мтв кои ќе ме читаат сместени во некоја удобна (белким сочувана) фотеља од времето кога Мтв била единствена телевизија и имале пари да си допуштат таков луксуз, отворено да ви кажам дека мене да ме поставите за уредник ви ветувам дека и со тоа ништо што го имате ќе имате поголема гледаност, промените го движат светот - дозволете и вам да ве поместат од предпензионерска криза на персоналот.
 
Зарем нема да има повеќе рекламни кампањи и бесплатни емитувања на се што е поддржано од Влада на РМ???? :((((((((((((((((((((((( Значи да се незнаело да се биде лојален кон власта.Пуу јаз'к! А и пастирот Томиќ нема да го има??? :(((((
 
Томиќ е заштитен од Chuck Noris, него никој ништо не му може!
 
Абе оваа серијава The Wire има 9,7 оценка на IMDB!:vozbud: Страшно...
 
Реалити шоута се безвеза избор. Лично ми се многу глупави и не ги гледам воопшто.

Ова The Wire можеби ке испадне нешто добро ама кој знае.

Без разлика на се, сеуште ги сметам гнасите МТВ за јавен рекет на народот. Ке им платам тогаш кога ке донесат многу повеке од неколку помочани емисии. Купиле две три серии. Алелуја брака.
 
Секоја чест до нив што конечно се свестија какви содржини сака да гледа народот. Сепак реални шоу програми да бидат емитирани од една национална телевизија звучи невкусно, додека треба да го привлекуваат народот со вистинските морални, културни и уметнички вредности. Можеби им текнало на времето со Тоа Сум Јас кое им беше единствен извор на рејтинг во периодот 2004-2006. Барем да го откупеа Евергрин од ХРТ кој веќе има добиено европска ТВ награда. Народот не само што ќе се потсетеше на старите хитови туку и ќе научеа како треба да звучи вистинска квалитетна мејнстрим музика. Но и МРТ ќе имаше прекрасна шанса да си ги реактивира оркестрите.

Сепак документарнава серија Life after people ми го привлече вниманието и ќе го гледам. Иако само со едно нешто, сепак ми го привлекоа вниманието.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom