Изгореа конаците на манастирот Св.Јован Бигорски

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување
Само еден коментар за што би било ако би имало прскалки.

Имено, за некој дим кој ќе се појави од некаде (дали мал пожар или било што) и се активира аларм, водата ќе уништи и фрески и книги и се живо, а можно е и за џабе.

Е сега веќе кога бидна бељата, лесно е да се каже, ако имало прскалки, но сепак сметам дека тоа би било лошо решение.

Ако мислеле да штитат манастир, треба аларм за пожар, добри противпожарни апарати, и евентуално противпожарен систем што работи со пена.

Но доцна е веќе за тоа.
 
Само еден коментар за што би било ако би имало прскалки.

Имено, за некој дим кој ќе се појави од некаде (дали мал пожар или било што) и се активира аларм, водата ќе уништи и фрески и книги и се живо, а можно е и за џабе.

Е сега веќе кога бидна бељата, лесно е да се каже, ако имало прскалки, но сепак сметам дека тоа би било лошо решение.

Ако мислеле да штитат манастир, треба аларм за пожар, добри противпожарни апарати, и евентуално противпожарен систем што работи со пена.

Но доцна е веќе за тоа.
Да ама јас никаде не сум видел прскалки за вода или противпожарен апарат во било кој манастир,готова е работата,сега треба сите заедно без разлика на националноста да го дигнеме повторно зашто како што кажа Принц таму не одат само христијани туку има и од други вери :smir:
 
Втор пожар во манастирот „Свети Јован Бигорски“
недела, 04 октомври 2009, 10:09

Пожар во саботата вечер повторно избувна во подрумите на претходно изгорените Конаци на манастирот „Свети Јован Бигорски“. Пожарот по се изгледа е резултат на останати опожарени градежни материјали во подрумскиот дел на Конаците. Екипите кои го расчистуваа опожарениот материјал сигнализираа за пожарот, а одговорните на Манастирот побараа интервенција на противпожарната служба од Дебар. Пожарот е локализиран. Денеска во расчистувањето на изгорениот материјал учествуваат покрај монасите и жители на Долнореканските села и тоа без разлика на нивната верска и национална припадност. Во Манастирот постојано пристигнува помош во храна, инвентар и материјални средства а донатори се покрај Македонците, и Албанци, Турци и други.

Извор.

Добро бе, овие што пожарникариве, прв пат во живот расчистуваат пожар?

Секако дека ќе има остатоци што тлеат, кај гледаат слепциве?
 
^ Ова е зафрканција, или стварно имало втор пожар? И ако имало, и тој е од попалени калуѓери? :pos: А не, овој пат е од попалени пожарникари. Ех, малер држава, сите во дебарската единица за гасење пожар се погодиле пиромани. Пу јазк.
 
^ Ова е зафрканција, или стварно имало втор пожар? И ако имало, и тој е од попалени калуѓери? :pos: А не, овој пат е од попалени пожарникари. Ех, малер држава, сите во дебарската единица за гасење пожар се погодиле пиромани. Пу јазк.
Oва е успех, кога се запали општината во Дебар пред 4 години, двата камиона слегоа наезеро долу да полнат вода, а тие пумпите стари нивни:pos:Кога се вратија горе вград општината пепел беше:pos:
 
newpicturem.png


:vozbud::vozbud:Kaко може да ги обвинат кутрите глувчиња.
 
Kako i da e kako nastanal pozarot i dali e podmetnat ke ostani misterija kako i mnogi vakvi slucuvanja.Dokolku e podmetnat i da se znae ce se zataska i na kraj vinovno ce bidi skrseno sise od koka kola koe go ostavole nepoznati posetiteli.
 
Како се маскирани мафијашите и профитерите во денешно време?

СО БРАДА И МАНТИЈА!!!

На кои нелуѓе најдовме да им ги довериме светите места...Се што ќе пипнат, се пеплосува!

МНОГУ ИТРИ ГЛУВЦИ СЕ ТИЕ ШТО БАШ ПРЕД ПОЖАРОТ НАШЛЕ ДА ГИ ИЗГРИЗААТ КАБЛИТЕ ОД ПРОТИВПОЖАРНИОТ АЛАРМ И СИСТЕМОТ ЗА НАДГЛЕДУВАЊЕ.

МНОГУ ИТРИ БИЛЕ ГЛУВЦИТЕ И ДА ГИ СОБЕРАТ ПАРИТЕ ОД СЕФОВИТЕ ПРЕД ДА СЕ ПРЕТВОРИ Сè ВО ПЕПЕЛ.

МНОГУ ИТРО ОД СТРАНА НА ПАЉАЧИТЕ ШТО ГО СВРТЕА ПРСТОТ КОН Албанците ЗА СИТЕ ДА УЛЕТААТ СО ОБВИНУВАЊА ДО НИВ.


Не сакам да посочувам со прст, ама со такво ноншалантно однесување на брадосаните мафијаши, добро би било целата истрага да е јавна и транспарентна за во случај да се пронајде кривецот за пеплосувањето на ова богатство меѓу брадите, да не може да се скрие, затоа што е многу лесно.

Ако и Господ го прочита ова, нека си ги регулира сметките со неговите брадосани поданици, затоа што тоа што го сведочиме од нив, се коси со сите постулати кои ги заснова Православието.

На крајот, и да го забошотат случајот во случај ако кривецот го најдат меѓу брадите, и остане она вечното „нерешен случај“, Господ гледа! Тој нека суди!
 
Текстот е преземан од дневниот весник “Нова Македонија“!


Го запалиле „Бигорски“ за да изгорат доказите дека бил албански



Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Ова е скандалозна изјава на Неби Дервиши, претседател на друштвото на историчари-Албанци, кој тврди дека пожарот требало да прикрие оти манастирот е албански




Монасите од манастирот „Свети Јован Бигорски“ намерно го подметнале пожарот за да ги уништат сите важни документи и историски факти кои се доказ дека манастирот отсекогаш бил албански, пишува вчера весникот „Лајм“. Весникот, повикувајќи се на изјави од Бехиџудин Шехапи, директор на државниот национален центар за конзервирање, и на Неби Дервиши, претседателот на друштвото на албански историчари во Македонија, пишува дека во пожарот биле уништени „многу важни историски документи што покажуваат дека Јован Бигорски е еден од најстарите албански манастири“. Неби Дервиши, претседател на друштвото на историчари Албанци во Македонија, тврди дека највиновен за пожарот бил Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство. Според Дервиши, манастирот не е Јован Бигорски туку Јован Бигори.

- Кузман мора да сноси најголема одговорност за пожарот. Манастирот датира од 11 век, а до почетокот на овој век црковните миси се одржувале на албански јазик. Во пожарот изгореа многу важни албански документи за кои се сомневаме дека се намерно уништени за да се прикрие вистинската историја за манастирот, односно дека тој отсекогаш бил албански - вели Дервиши.

Дервиши нагласи дека не само што Јован Бигори бил албански манастир, туку дека албански биле и Свети Наум во Охрид, Калиште во Горно Нерези и уште многу други цркви во Македонија.

Директно прозваниот Паско Кузман вчера ни изјави:
- Ниту го познавам тој Дервиши, ниту сум чул за него. Со Беџихудин Шехапи, пак, заедно работиме на обновување на манастирот.

И Скендер Асани, потпретседател на друштвото на историчари Албанци, вчера не сакаше да ги коментира изјавите на Дервиши.
- Најдобро прашајте го Дервиши. Јас не можам ниту сакам да ги коментирам неговите изјави и ставови - изјави Асани.

Бехиџудин Шехапи, директор на државниот национален центар за конзервирање, вчера за „Нова Македонија“ демантираше оти во својата изјава за весникот „Лајм“ тврдел оти манастирот е албански.
- Не сум дал таква изјава. Јас само наведов дека монасите се најодговорни за предизвиканиот пожар и стојам зад тоа. Тие не се консултираа со Центарот за конзервирање и со Управата за заштита на културното наследство при изградбата на фурната и на електричната инсталација кои го предизвика пожарот.
Тие фурната си ја изградиле на своја рака, без да побараат дозвола од институциите под чија надлежност потпаѓа манастирот - вели Шехапи.

Во МПЦ информации објавени во „Лајм“ ги нарекоа „ноторна лудост“
- Прв пат слушам. Тоа е ноторна лудост. Не верувам дека некој изјавил ниту пак дека можел да изјави такво нешто. Немам друг коментар - изјави вчера дебарско - кичевскиот митрополит, владиката Тимотеј.

Историчарот академик Блаже Ристовски вчера со став дека „нема да коментира глупости“.
- На такви глупости достоинството не ми дозволува да одговорам - изјави вчера Ристовски.

Ацо Трајановски, научник од Институтот за национална историја и експерт за црковната историја, вели дека „информациите оти манастирот некогаш бил албански, се чиста глупост“.

- Тоа ниту е точно, ниту пак може да биде претставено како точно. Постојат историски докази и факти дека манастирот го изградиле и формирале Македонци од Охрид во 1020 година. Монасите се единствени низ историјата кои го штителе манастирот и невидена глупост е некој да каже дека тие го запалиле. Манастирот низ историјата бил пален неколкупати досега. Еднаш од Османлиите и повеќепати од албанските качачки банди - вели историчарот Трајановски.
 
„Свети Јован Бигорски“ намерно го подметнале пожарот за да ги уништат сите важни документи и историски факти кои се доказ дека манастирот отсекогаш бил албански,
Taka e :helou:
 
Ако и Господ го прочита ова, нека си ги регулира сметките со неговите брадосани поданици, затоа што тоа што го сведочиме од нив, се коси со сите постулати кои ги заснова Православието.

Не е право славијето, зато е то така.

Правно славје нигде нема.
 
И да го подметнал некој нарко зависник сигурно бил Албанец, а сега на протестиве од тетово глеај Јован БИгорски е албанија прво реченицава нема смисла пошто албанците се НАЈнеписмениот народ. Мириса на војна која ако избие гадно ќе ја изгубите...(за шќиптариве)

Bas toe e sumlivo , studentite vikaa "Bigori e Albanec" , utredenta bil zapalen , i samo tamu kade imalo dokumenti :pos2::pos2:
 
Bas toe e sumlivo , studentite vikaa "Bigori e Albanec" , utredenta bil zapalen , i samo tamu kade imalo dokumenti :pos2::pos2:

Добро ти знаеш да читаш, првен беа запален манастирот после тоа беа протестите немора да тропаш глупости веднаш и немало ама баш никакви посебни документи кои имаат нешто во ваша користи, и сите докази се дигитализирани значи ги има може да се проверат, и пожарот не бил во просторијата каде што се чуваат главните документи туку во кујната или како се вика поточно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom