Изгореа конаците на манастирот Св.Јован Бигорски

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување
Пример еве анализа на некого.
Еве и друга.Сосема реална.


За два часа два века духовна историја се претвори во пепел. Пламенот за миг го „конзервира“ она што луѓето не успеваат да го конзервираат и да го заштитат од тешки „елементарни непогоди“ карактеристични за македонски услови - неисправна инсталација, жици, греалки, гасни боци...

Откако се случи катастрофа, цел куп надлежно ненадлежни лица со траурни изрази побрзаа први да стигнат пред купот пепел, верувајќи дека со ламентирање за последиците ќе ја супституираат својата одговорност сместена во дел од причините. Занемени пред тестаментот што го оставија пламените јазици, рутински креваа раменици, мрморејќи за некаква судбина и виша сила.

Навистина? Од кога ниската свест и ниската одговорност се дефинираат под амнестирачка одредница „виша сила“?


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A2B1FD20FDA5EB46A7434AB2E70B91D9
 
sto ne odis ovie tvoi somnevanja da gi kazes vo MVR,mozda ke te naznacat vo nekoja spcialna edinica za razotkrivanje na vakvi slucai:tv: kako moze tsunami udri 2004 vo indonezija a sea pak posle 5 god.Kako e mozno da si clen na ovoj forum,iako pred registriranje se postava prasanje za da se potvrdi pametnosta.Slucajnosti jbg.

И за тоа Албанците се криви. Знамето, протестите, Бигорски, на другар ми магацинот, и Цунамито.

Еј што Кафказци диви биле воа Албанциве.
 
A многу паметните даваат изјави дека инсталацијата била причина за пожар(а истрагата туку што почната)иако истата била обновена пред 2 недели

Слушни сега, ако се е правено како и вообичаено, значи реновирањето било на фушерски начин и ништо чудно да е така.
 
Слушни сега, ако се е правено како и вообичаено, значи реновирањето било на фушерски начин и ништо чудно да е така.

Баш на прастара црква ке и прават така,ке стават инсталација без врска и ај чао ???

Дај не зезај...:uvo:

Од кај ти сигурен дека било на фушерски начин ???
 
Баш на прастара црква ке и прават така,ке стават инсталација без врска и ај чао ???

Дај не зезај...:uvo:

Од кај ти сигурен дека било на фушерски начин ???

Заштедија на мајсторот, изгубија на манастирот

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102994845&id=9&prilog=0&setIzdanie=21802
 
Фушерај е насекаде, за да се ушиќари на секој динар се кратат ќошиња, не ме чуди и таму да рекол некој лоша турска жица да ставиле или да врзувале и изолурувале со лош изолирбан место соодветно како треба, со скретници.

Чукш, ко диви гоеда сте станале. Ќе ве испобанирам сите и тоа на бајаги време ако продолѓжите со дебилни муабети кои не водат никаде.
темата е јасна, или држете се до неа или воопшто немојте да пишувате на неа.
 
Никој не чувствува вина
3E8978FB01B6A04E84E4C67771E93026.jpg

Не треба да се бара вина во системот и исправна е политиката ваквите споменици на културата да се предаваат на МПЦ, велат експертите
Пожарот на бигорскиот манастир подгреа многу прашања, но сите водат кон едно - како се дозволи најпосетениот и најпристапниот манастир во земјава да биде неповратно уништен? Можело ли поинаку да се заштити објектот, чија е одговорноста за несреќата, можел ли да се осигури? Дали треба вакви споменици на културата да се користат за верски обреди, каде потфрли државата?

Штетата од огнената стихија што завчераутро го зафати „Св. Јован Бигорски“, според процените на Националниот конзерваторски центар, изнесува над 5,5 милиони евра. Трајно се уништени и објекти и предмети чија историска и културна вредност е ненадоместлива. Дознаваме дека од вкупно 84 икони кои биле изложени во Галеријата на икони, сместена во женската трпезарија, една икона сосема изгорела, една е до половина опожарена, а монасите ги спасиле другите. Од вредното ѕидно сликарство во машката трпезарија веќе нема ниту трага. Резбата на таванот и на долапите е сосема уништена, до темел изгореа стариот конак, двете трпезарии, гостинската просторија, кујната, библиотеката и монашките живеалишта. Екипи на крим-техника од МВР вчера беа на увид, но рекоа дека истрагата ќе потрае.


ОД ПРСКАЛКИ ШТЕТАТА БИ БИЛА ПОМАЛА


Најефикасен начин за спречување пожари во музеи, библиотеки и во религиозни објекти е инсталирањето автоматски систем на прскалки, велат експертите. Тие објаснуваат дека оваа опција се избегнува бидејќи постои неосновано верување оти водата од прскалките може да оштети некој од вредните предмети.

- Овие автоматски системи на прскалки дејствуваат за неколку секунди и веднаш го гаснат пожарот, што е во почетна фаза и може да настане минимална штета од водата. Од друга страна, поголема штета се прави при класичното гаснење со помош на противпожарни возила, бидејќи тогаш се испушта огромна количина вода - велат експерти за противпожарна заштита.

Овие прскалки имаат сензори што детектираат топлина и се активираат само прскалките каде што е детектиран поголем извор на топлина, а не во целиот објект.

Во дел од религиозните објекти во Македонија има инсталирано алармни уреди што сигнализираат за евентуален пожар, но нема инсталирано современи системи за гаснење пожари.


ОДГОВОРНА ФИРМАТА ШТО ИНСТАЛИРАЛА СТРУЈА?


Д-р Јулија Тричковска, раководител на секторот за идентификација, заштита и користење на културното наследство при Управата за заштита на културното наследство, вели дека монасите не можеле да ги спасат конаците, зашто се' се случило мошне брзо. Таа вели дека одговорност за пожарот веројатно ќе се бара од фирмата што ја поставувала новата електрична инсталација во кујната.

- Во Бигорски имаше противпожарни аларми и боци за гаснење пожар, но се' се вивнало во пламен мошне брзо. Монашкото братство имаше зголемени активности, но некаде потфрлиле. Во еден сегмент не успеале да го заштитат манастирот - вели Тричковска.

Зоран Павлов, претседател на македонскиот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) при УНЕСКО, вели дека ова е непогода што може секому да се случи. Тие ги информирале колегите во странство за пожарот во манастирот.

- Не гледам грешка во системот. Речиси 90 отсто од Бигорски беа направени од дрво. Гори како чкорче. Мислам дека нема место за обвинување и за префрлање вина - вели Павлов.

Експертите сметаат дека е исправна и политиката ваквите споменици на културата да се предаваат на МПЦ, која доволно помага во заштитата со тоа што на монасите им ги отстапува правата за објектите, а тие се грижат за нив.

Павлов смета дека спомениците на културата во земјава се штитат.

- Не можам да кажам дека не се штитат. Особено Бигорски, каде што се работи во континуитет веќе 30 години. Живописот, ѕидното сликарство, резбите... беа во одлична состојба - вели тој.

Експертот за национална историја на уметноста од 19 век, д-р Тричковска, која докторирала токму на уметноста на бигорскиот манастир, вели дека е исправна политиката за важни споменици на културата да се даваат за верски употреби.

- Бевме исклучително задоволни од активностите на монашкото братство. Галеријата на икони беше направена со нивна заложба и тие одлично се грижеа за неа и за целиот комплекс. Иконите беа сосема заштитени. Монасите не преземаа никаква активност без претходно да се консултираат со нас, за каква и да е ситница. Не е во ред од нив да се бара одговорност, бидејќи тие направиле се' за да спасат што можело да се спаси. Зборував со игуменот на манастирот. Додека ги спасувале иконите и другите вредни предмети, вжарени греди паѓале врз нив, едвај спасиле жива глава - објаснува таа.

Според Тричковска, МПЦ доволно помага во заштитата на спомениците на културата, со тоа што на монасите им ги отстапува правата за објектите, а тие пак се грижат за нив.

- Монасите ги заживуваат манастирите, а владиците го поддржуваат тоа. Автентично е иконите и другите вредни дела да бидат изложени во храмовите, бидејќи тоа им било матичното место. Иконите во Бигорски беа изложени во женската трпезарија. Тој простор беше поубав од која било галерија што може да ја изградите. Така многу луѓе ги гледаа иконите, бидејќи кога ја посетуваа црквата влегуваа и во Галеријата на икони - вели Тричковска.


ТЕШКО СЕ ОСИГУРУВА МАНАСТИР


Многу е тешко да се осигури имотот на манастири, цркви, музеи, кои имаат исклучително вредни предмети, велат во осигурителните компании. Според осигурителите, во вакви објекти има предмети што имаат непроценлива вредност.

- Во тој случај мора посебна комисија да се формира и да излезе на терен за да се направи посебен записник на предметите, во кој би се предвидела најголемата можна вредност за да се знае коклу ќе чини осигурувањето. Потоа се осигурува од кражба, поплава, земјотреси и слично. Ако се случи ваква несреќа, треба комисијата да излезе на терен и да ја процени штетата. Ако некој се сомнева во процената, можно е и вештачење од трета страна. Многу е тешко ваквите предмети да се осигураат бидејќи тешко се задоволуваат страните, а има предмети за кои не може да се докаже вредноста и проценителите треба да имаат големо искуство за да ја завршат работата - истакнуваат осигурителите.

Помошта пристигнува

Владата ќе му додели еднократна финансиска помош од 610.000 денари на монашкото братство од манастирот „Св. Јован Бигорски“. Владата заклучила надлежните институции да почнат со проекти за реставрација на уништените манастирски делови.

Мобилниот оператор „Космофон“ ќе донира 10 илјади евра, телекомуникациска опрема и бела техника. И компанијата „Тинекс“ донира 90 пакети прехранбени и производи за лична хигиена. „Фершпед“ ќе додели помош од 500.000 денари, а издавачката куќа „Макавеј“ ќе донира 1.000 книги.

Апел за парична помош за обновата на бигорскиот манастир упатија вчера Светиот синод на МПЦ и монашкото братство. Владиците на МПЦ повикаа итно да се интензивира завршувањето на Источен палат, конак во кој треба да се сместат монасите за престојната зима.

Парична помош за манастирот може да се донира преку телефонот за донација 143 444 на трите мобилни оператори - со предзнак 070, 075 и 077, како и преку денарската жиро-сметка: МПЦ Дебарско-кичевска епархија, Бигорски манастир Свети Јован Крстител, 500-000000-3835-65 Депонент: Стопанска банка АД Битола и девизната жиро-сметка: МПЦ Дебарско-кичевска епархија, Бигорски манастир Свети Јован Крстител ИБАН МК07500701000133139, Депонент: Стопанска банка АД Битола, SWIFT STBBMK22.

И Хиландар гореше

Слична трагедија во 2004 година се случи на Света Гора, кога изгоре светата српска царска лавра Хиландар. Ноќта меѓу 3 и 4 март изби пожар од големи размери. На ист начин во текот на 20 век се запалија и светогорските манастири Ватопед и Симонпетра.

Во Хиландар пожарот ја зафатил целата дрвена конструкција. Пожарникарите успеале да го совладаат непристапниот терен и да стигнат дури наутро, кога пожарот бил стивнат. Од вкупно 42 икони, 4 иконостаси во 4 параклиси, зачувани се 14 икони и една царска двера од иконостас.

Се очекува реконструкцијата на Хиландар да трае до 2014 година. Од почетокот на обновата српската влада и Министерството за култура ја даваа главната поддршка на потфатот. Секоја година од буџетот се одвојуваат по околу 1 милион евра. Во првите две години големи донации даде и Српската православна црква, која собра околу 2 милиона евра. Според процените, обновата на Хиландар ќе чини околу 25 милиони евра.
Весна Ивановска
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8CC8B7CC253AE54BB24D62415D91AE3D
 
ОДГОВОРНА ФИРМАТА ШТО ИНСТАЛИРАЛА СТРУЈА?
Pa red e e sega da pcuete po ovaa firma , dovolno pcuevte po nas radi ovoj pozhar ..
Kaj se sea Internet "heroite " da se dokazuvaat deka se uste pogolemi "heroi" :sekss:
Ja sum siguren deka takvite nitu znaele dali postoelo taa Crkvata do vcera..
 
Владата ќе му додели еднократна финансиска помош од 610.000 денари на монашкото братство од манастирот „Св. Јован Бигорски“. Владата заклучила надлежните институции да почнат со проекти за реставрација на уништените манастирски делови.

Мизерија!!!За телефонски разговори се трошат и по седумстотини илјади евра, а за нешто што е дел од нашата историја и идентитет, се даваат само мизерни шестотини и десет илјади денари.Преродбата продолжува!

ОД ПРСКАЛКИ ШТЕТАТА БИ БИЛА ПОМАЛА
Тие објаснуваат дека оваа опција се избегнува бидејќи постои неосновано верување оти водата од прскалките може да оштети некој од вредните предмети.
А зошто тие прскалки не биле вградени внатре во манастирот?Или пак на крај ќе испадне дека МПЦ е виновна за ова!И сигурно дека штетата би била помала од пет и пол милиони евра, ако имало вградено прскалки.Од двете зла, ќе го изберам помалото!
 
Без сеирлак и кавгарења молам.

Сеуште се е недојаснето, а најверојатно "за доброто на народот" и никогаш јасно меа да биде кажано.
 
Најважно е дека најстарото, највредното не е ни допрено, црквата. Иконите, резбата тука се. Да гледаме да вратиме барем дел од тоа шо беше, друго чаре немаме.
 
И на крајот, вредеше ли примената на оваа логика на сиромавиот 5,5 милиони евра?
Најверојатната причина за пожарот е нестручната пред две недели изведена инсталација на нова опрема во манастирската кујна. Најверојатно монтирањето на новите апарати или било нестручно (направено е од верници што дошле и помагале, а не од фирма за тоа) или, пак, таа операција не била придружена со соодветна замена на инсталацијата заради зголемување на моќноста на потрошувачката на електричната енергија во манастирот. Згора на ова, очигледно црквата не сакала или немала пари и за осигурување на овој, а и на другите објекти. Владиците велат дека ниту една осигурителна компанија во Македонија не вршела осигурување на верски објекти и икони. Компаниите, пак, велат дека за нив не е никаков проблем да осигуруваат и цркви и џамии и икони, ама сé зависи од моќта на клиентот да плати соодветна осигурителна премија. МПЦ е во право само во делот кога вели дека и државата треба да преземе дел од одговорноста на заштитата на ова национално богатство.

И на крајот, вредеше ли примената на оваа логика на сиромавиот 5,5 милиони евра?
 
Се гордеам со сограѓаните мој кој со килавите камиони први стигнале на на местото каде горел манастирот. Памтам на минатиот пожар кога изгоре цела општината во Дебар, двата камиона неприпремени отидоа да полнат вода на плажата долу, и додека стигнаа општината беше веќе изгорена. Изгледа од тогаш полни им стојат камионите. Така да подршка до градоначалникот за набавка на нови камиони.
 
Се гордеам со сограѓаните мој кој со килавите камиони први стигнале на на местото каде горел манастирот. Памтам на минатиот пожар кога изгоре цела општината во Дебар, двата камиона неприпремени отидоа да полнат вода на плажата долу, и додека стигнаа општината беше веќе изгорена. Изгледа од тогаш полни им стојат камионите. Така да подршка до градоначалникот за набавка на нови камиони.
секоја чест за сите жители од околните места фала им.
 
Човештилакот не признава боја, вера, раса или етницитет. БЛАГОДАРНОСТ до сите кои помогнале! Помалку и не очекував од луѓе родени на ова парче црница!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom