Нормално е да се размислува на друг јазик, бидејќи мозокот продолжува да функционира на начинот на кој го минува поголемиот дел од денот. Повеќето од нас, размислуваат на англиски бидејќи се опседнати со интернет, компјутери и холивудски филмови.
Оние неколку кои спомнаа српски... така е бидејќи дома се зборува српски, или се гледа српска телевизија, се слуша српска музика. Сосема нормално.
Постарите генерации го имале истиот феномен (од муабетите со нив) бидејќи практично во секој сегмент, секое делче од животот имаат српски реченици. Особено помага ако сето тоа звучи кул. Ју филмови, Ју книги, Ју театар, каде оние кои зборуваат знаат да бидат проклето привлечни.
Убаво е тоа, се` додека не се запоставува сопствениот јазик. Денешните генерации комплетно престануваат да комуницираат на македонски што е страшно и поразително. Не заради тоа што не е здрава таквата комуникација, туку заради тоа што мислат дека се “кул“, дека на тој начин се позабавни, поинтелигентни и имаат чувство на класа над другите.
Своевремено, кога јас бев ран тинејџер, комуницирав со пријателите на англиски за да не не` разбираат возрасните. Им се иссмевавме, но кога бунтовноста заврши почнав да сфаќам дека изворниот македонски знае да изгледа далеку по забавно од секој странски јазик. Сеуште, тоа не значи дека сум имун на Џорџ Клуниевите реченици излезени од Тарентино филм. И тие знаат да бидат потпора за имагинацијата која не застанува.

Но, Бог да го прости... деновиве Петре Андреевски знае да биде прилично добра рамнотежа со својот оригинал стар македонски.
