Верувате ли во Господ? Дали постои?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    995

Брат тебе уствари парите ти помогнале а не некаков Господ. Да бидеме реални сега. Ти можеш да се тешиш и да викаш абе ете молитвите помогнаа, црквата која верува во тој Господ, ова она...и јас се излекував...ама реалноста е дека парите и докторот те спасија и никој друг.

А ако не верувале во Господ тие што му обезбедиле пари за операција, тогаш парите немале да го спасат, зошто нели од кај пари? :)
 
Болеста е дадена од Бог и единствено треба да се лечи со молитви покајувања, постови... А со пари и по доктори, тоа сатаната ги наведува луѓето на тој начин да се борат против Бога.

14 Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа,

15 и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени.

16 И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.

Jaков 5
 
Епа значи докториве се сатаната, а што правиме со тие доктори што се протестанти, или на крај краева Христијани?Поентата ми беше дека молитвата, парите за операција, тие верници што дале пари се си оди заедно и одвојување на било кој дел би резултирало со сосема поинаков исход.
 
А ако не верувале во Господ тие што му обезбедиле пари за операција, тогаш парите немале да го спасат, зошто нели од кај пари? :)

Абе исто можеше и група на рок музичари да се соберат да напраат концерт и пак да соберат пари, без воопшто да го има Господ во равенката нели? Можеше и некој богат роднина од Америка да им ги испрати ;) Верувањето во Господ како причина да се соберат парите нема ништо поголема тежина од било која друга причина која како резултат би дала купче пари со кои човекот ќе може да оди на операција.
 
Епа значи докториве се сатаната, а што правиме со тие доктори што се протестанти, или на крај краева Христијани?Поентата ми беше дека молитвата, парите за операција, тие верници што дале пари се си оди заедно и одвојување на било кој дел би резултирало со сосема поинаков исход.

Taка вели библијата, не го измислив јас, и пак христијаните одат по доктори, специјалисти, купуваат лекарствва плаќаат операции..... Јас споменувам понекогаш српскиот Патријарх Павле кој го држеа со месеци во Воено медицинска академија во Београд на најмодерни апарати за да му продолжат живот. Поглавар на српска православна црква не остана во манастир да со молитви се лечи туку ојде кај пуковници и мајори многумина од нив атеисти да го лечат со најнови научни достигнувања
 
Taка вели библијата, не го измислив јас,

Не вели така Библијата. Можеби подобро ја познаваш Библијата од некои како MIKI1, можеби знаеш да направиш некој добар мајтап, ама далеку си од тоа да држиш лекции што вели Библијата.

Во Библијата никаде нема заповед или поука на христијаните да не одат на лекар кога се болни. Напротив, на пример апостол Павле не му рекол на својот ученик Тимотеј (кој имал проблем со желудникот) дека ќе дојде да се моли за него и да му го излекува, туку му рекол:

„Не пиј веќе само вода, туку земај по малку вино, заради твојот желудник и честите боледувања.“ (1 Тимотеј 5:23, Библијата)

А исто така и евангелистот Лука бил по професија лекар и апостол Павле им пренесол поздрав од него на христијаните во градот Колос
:
„Ве поздравува возљубениот лекар Лука,“ (Колошаните 4:14, Библијата)

Цитатот што ти го цитираш од писмото на Јаков се однесува за посериозни болести кои се закана за животот на болниот. Во такви случаи Јаков советува старешините да се молат за болниот. Но Јаков не вели дека болниот не треба да оди на лекар или дека не треба да зема лекови. Се разбира дека така болниот земал и ќе зема лекови (доколку постојат се разбира).
 
Можеби подобро ја познаваш Библијата од некои како MIKI1, можеби знаеш да направиш некој добар мајтап, ама далеку си од тоа да држиш лекции што вели Библијата.

Чорба,

на најмалку 2 (со букви: два) интернет-форуми, православните верници Ти укажуваат на сите „утки„ кои ги правиш во однос на Светото Писмо, така да наредниот пат кога ќе држиш лекции за Писмото, само помисли дека некој веќе Те разобличил по тоа прашање...

Ме мрзи да ги посочувам сите Твои смешни „толкувања„ и „заклучоци„ кои ги правиш со стиховите од Писмото, но во секој случај, никој не може да Ти забрани да си ласкаш...
--- надополнето: 21 август 2013 во 08:41 ---
А исто така и евангелистот Лука бил по професија лекар и апостол Павле им пренесол поздрав од него на христијаните во градот Колос
:
„Ве поздравува возљубениот лекар Лука,“ (Колошаните 4:14, Библијата)
.

А што вели зборот Божји: како лекувал Св. Ап. Лука? На кој начин, со кои средства, во кои услови?...
 
Не вели така Библијата. Можеби подобро ја познаваш Библијата од некои како MIKI1, можеби знаеш да направиш некој добар мајтап, ама далеку си од тоа да држиш лекции што вели Библијата.

Во Библијата никаде нема заповед или поука на христијаните да не одат на лекар кога се болни. Напротив, на пример апостол Павле не му рекол на својот ученик Тимотеј (кој имал проблем со желудникот) дека ќе дојде да се моли за него и да му го излекува, туку му рекол:

„Не пиј веќе само вода, туку земај по малку вино, заради твојот желудник и честите боледувања.“ (1 Тимотеј 5:23, Библијата)

А исто така и евангелистот Лука бил по професија лекар и апостол Павле им пренесол поздрав од него на христијаните во градот Колос
:
„Ве поздравува возљубениот лекар Лука,“ (Колошаните 4:14, Библијата)

Цитатот што ти го цитираш од писмото на Јаков се однесува за посериозни болести кои се закана за животот на болниот. Во такви случаи Јаков советува старешините да се молат за болниот. Но Јаков не вели дека болниот не треба да оди на лекар или дека не треба да зема лекови. Се разбира дека така болниот земал и ќе зема лекови (доколку постојат се разбира).
Писмото вика дека не ќе е на арно што си отишол на доктор, ќе завршиш како Аса!

11 И ете, Асините дела, од првото до последното, се запишани во книжниот свиток за јудејските и израелските цареви.
12 Се разболе во триесет и деветтата година на царувањето, од нозете, та болеста му се влоши многу, но ни во болеста не Го бараше Господа, туку лекари.
13 Така Аса почина со своите татковци и умре во четириесет и првата година на своето царување.
ВТОРА КНИГА ЛЕТОПИСИ
 
Не вика така Писмото и примерот е „мешање баби и жаби“.
Ако го прочиташ контекстот (15-тото и 16-то поглавје од втората книга Летописи) ќе видиш дека Јудејскиот цар Аса заедно со народот негов му се заколнане на Бог со следнава заклетва:

„Се заветуваа дека ќе Го бараат Господа, Бога на своите татковци, со сето срце и со сета душа. А секој што не би Го барал Господа, Израелевиот Бог, да биде погубен, било мал или голем, маж или жена.“ (2 Летописи 15:12-13, Библијата)

Царот Аса добро започнел со владеењето, ама подоцна не се потпирал на Божјата сила, туку на човечката сила. Па така во пред една битка, наместо да му верува на Бог, тој земал злато и сребро од Божјиот храм за да го поткупи арамесјкиот цар за да влезе во сојуз со него. По оваа постапка Бог му дал една дисциплинска казна и го предупредил преку еден пророк. Но Аса не се покајал туку го фрлил во зандана пророкот. Потоа Бог го казнил со болест како последна шанса да се покае. Но Аса останува тврдоглав и дури ни во болеста (за која што бил свесен дека му е казна од Бог на основа на претходната заклетва и зборовите на пророкот!) не се покајува, туку се надева дека некои лекари ќе го излечат. И затоа и умира.

Значи ова е специфичен случај каде што болеста била последна дисциплинска мерка од страна на Бог, а укорениот не се покајува туку пробува кривини да фаќа и преку лекари да ја игнорира или „да ја искине“ казната што Бог му ја праќа за негово покајување. Потоа Бог постапува праведно според неговата претходна заклетва и болеста се влошува и го завршува неговиот живот.
 
Прво, тој не бил пророк, туку гледач:
7 Во тоа време дојде гледачот Ананиј кај јудејскиот цар Аса и му рече: „Бидејќи се потпре врз арамејскиот цар, а не се потпре на Господа, својот Бог, војската на арамејскиот цар ти се извлече од раката.
8 Немаа ли Етиопците и Либијците силни чети со мошне многу коли и коњаници? Па кога се потпре врз Господа, ти ги предаде во рацете.
9 Зашто Господ гледа со своите очи по целата земја, за да се охрабрат оние на кои срцето им е искрено кон Него. Работеше безумно во тоа, затоа отсега ќе се дигаат војни против тебе.”
10 Тогаш Аса се разгневи на гледачот и го фрли во темница, зашто се разјари на него. Во тоа време Аса угнети и некои од народот.

Второ, се понатаму е ирелевантно. Госпот му дал болест, исто како што ти дал и тебе. Ти наместо да го бараш бога, бараш кеш и доктори. Покај се, о грешна душо, зошто крајот е близу! Што ќе му кажеш на ристоса кога ќе те праша "Зошто Змејко не го слушаше, кого јас го пратив?!", пред да те фрли во огненото езеро!
 
Прво, тој не бил пророк, туку гледач:

Да бе, гледач на кафе или на тарот карти... му дошол на царов и му рекол..царе ти гледам на дланката неке документе, а и една црна жена што ти ровари... ааа ова не е на арно, дај 100 евра да ти растурам магијава :)
Абе Змејко, Летописи не е пишувана на македонски јазик, туку на хебрејски. Зборот што во нашиот превод е преведен како гледач не се однесува на она што ние денес во Македонија во 21век подразбираме под „гледач“. Зборот е „ראה“ (rô'eh) и значи гледач на визии (да не речам визионер, бидејќи и тоа има друго значење кај нас). И од контекстот на текстот јасно се гледа дека тој имал визија од Бог што требал да му ја пренесе на царот. Бидејќи авторот на текстот ги коментира постапките на царот Аса и ја нагласува неговата бунтовност и нелојалност кон Бог, неговото непокајничко срце и сл, и во тој контекст царот Аса ја добива Божјата порака, па ја одбива, па казнет е за тоа и пак не се покајува и потоа му завршува животот, се си е по таман и во контекстуално логичка конзистентност, и доколку гледачот бил некој преверант што би го лажел царот, авторот кој го коментира текстот ќе го забележел тоа, ќе нагласел дека станувало збор за лажен гледач и сл.
Кога би ја прочитал целата Библијата ќе забележиш дека во стариот завет речиси ова е еден стандарден шаблон како Бог ги опоменувал непослушните личности пред да ги казни.
Значи се си е по таман, разбиливо и јасно за сериозните читатели на Библијата и овој текст никогаш не бил според за христијаните.
 
Да бе, гледач на кафе или на тарот карти... му дошол на царов и му рекол..царе ти гледам на дланката неке документе, а и една црна жена што ти ровар... ааа ова не е на арно, дај 100 евра да ти растурам магијава :)
Абе Змејко, Летописи не е пишувана на македонски јазик, туку на хебрејски. Зборот што во нашиот превод е преведен како гледач не се однесува на она што ние денес во Македонија во 21век подразбираме под „гледач“. Зборот е „ראה“ (rô'eh) и значи гледач на визии (да не речам визионер, бидејќи и тоа има друго значење кај нас). И од контекстот на текстот јасно се гледа дека тој имал визија од Бог што требал да му ја пренесе на царот. Бидејќи авторот на текстот ги коментира постапките на царот Аса и ја нагласува неговата бунтовност и нелојалност кон Бог, неговото непокајничко срце и сл, и во тој контекст царот Аса ја добива Божјата порака, па ја одбива, па казнет е за тоа и пак не се покајува и потоа му завршува животот, се си е по таман и во контекстуално логичка конзистентност, и доколку гледачот бил некој преверант што би го лажел царот, авторот кој го коментира текстот ќе го забележел тоа, ќе нагласел дека станувало збор за лажен гледач и сл.
Кога би ја прочитал целата Библијата ќе забележиш дека во стариот завет речиси ова е еден стандарден шаблон како Бог ги опоменувал непослушните личности пред да ги казни.
Значи се си е по таман, разбиливо и јасно за сериозните читатели на Библијата и овој текст никогаш не бил според за христијаните.
Кој го оспорува текстот? Ти упорно не учиш од грешките на Аса. Госпот му дал болест, како што им дава на сите, па и на тебе. Но, и ти како него си барал лекари (и кеш), наместо да се свртиш кон бога, и сега гневот господов е врз тебе!!!
 
Posted by: artmotif in религија

Artmotif.jpg
Апсолутен шок за научниот свет предизвика изјавата на познатиот професор по филозофија Entoni Flew. Научникот, кој во моментов е над 80-годишен, долги години е еден од столбовите на научниот атеизам. Сепак неколку од последните научни откритија го натераа големиот бранител на секуларизмот да го смени своето мислење. Flew изјави јавно дека погрешил и дека Вселената не може да е настаната од самата себе – таа очигледно е создадена од некој многу помоќен отколку што би можеле да си замислиме.
Според зборовите на Flew, до неодамна тој и други атеисти биле убедени, дека првата жива материја произлегла од мртва материја. Според него, сепак последните податоци за структурата на молекулите на ДНК се непобитен доказ за тоа, дека таа не можела да настане сама по себе, но претставува нечиј развој. Генетскиот код и енциклопедиските томови на информации, кои во себе ги содржат молекулите, ја негира можноста за слепо појавување.
Според Анатоли Акимов – директорот на Меѓународниот институт за теоретска и применета физика, во минатиот век многу научници физичари верувале во Бог. Освен тоа до времето на Исак Њутн поделби помеѓу науката и религијата не постоеле, а со наука се занимавале свештениците, бидејќи тие биле најобразованите луѓе. Самиот Њутн имал богословско образование и често повторувал: “Законите на механиката јас ги извлекувам од законите на Бога”.
Извор: cnlnews.tv
 
Светски познат научник – атеист, докажа дека Бог постои!

Па докажа колку сакаат некои луѓе се бомбастично да го прикажат за да има поголем одѕив во јавноста. Живо ме интересира како докажал заедно пиеле кафе. Глупости. А второ, го имам читано ова од порано и нема врска дека он докажал туку како од атеист наводно сфатил дека цел живот грешел што не верувл во Господ и сега магично сфатил дека тој бил тука. Работава баби и жаби. Публицитет сакаат сите. Да биде слушнат дека направил радикална промена во својот живот од многу контроверзна тема....
Кој знае што стои позади ова.[/quote]
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom