Вооружен грабеж во Про Кредит банка

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Да се надеваме дека ги фатиле.. иначе ке немам зборови што да кажам..
 
Човек да се запраша, каде живееме ? Овие сцени и настани беа својствени само за дивиот запад и американските криминални филмови. Кој ќе поверуваше ако пред 10-15 години му кажеш дека и кај нас ќе се случуваат вооружени филмски грабежи сред бел ден ? Ни во автобус не може човек да се чувствува безбеден...Жално.

Pred 15 godini vaka bese vo Sofija, a nie bevme 20 god. ponapred od niv. Denes ?
 
Секој ден и секаде во светот има криминал, што можеме? Денеска во Скопје утре во Амстердам друг ден во Сиднеј... каква е оваа споредба пред и по 20 год. какво е ова плукање по државата....

Ајде ко сте паметни кажете како да се влези во умот на секој криминалец и потенцијален криминалец па да се спречи...

Се надевам ќе се фатат крадциве, и се надевам дека нема да ги аболицираат после тоа, зашо у навика тоа помина арамии да добивааат аболиција
 
Цел град е блокиран. Сообраќајот е заглавен на секој семафор. Околу 10 и пол на семафорите во Автокоманда беше сопрена цела редица која се упатуваше кон излезот на Скопје. Изгледа се сомневала полицијата дека идат од таа страна. Ужасна работа. До каде стигнавме....
 
samoubistva ,grabezi ,ubistva

drzavata juri napred ..ti si Makedonija !!!
 
Ја сврти ли некој темава на политика и партиско собирање поени, не два дена - 2 години ќе паузира од форумов. А ве осеќам, како полека се острите.
 
Zalno e sto seto ova se slucuva vo centarot na Skopje. Zalno e ako nevini lica stradaat, samo neka gi fatat kradcite i neka im ja skinat senkata.
 
Ја сврти ли некој темава на политика и партиско собирање поени, не два дена - 2 години ќе паузира од форумов. А ве осеќам, како полека се острите.
А баш сакав да го дополнам firewall со уште нешто, ама јок. 2 години е многуу :smir:
За случката, се надевам дека ќе ги фатат или отепаат, друго вакви лица ниту заслужуваат. Не знае човек сабајле станува, што ќе го стрефи надвор.
Дали има информација за полицаецот?
 
Жално за главниот нас град,жално за сите во Скопје,ке отидеш во банка пари да подигнеш и некој ке те упуца.Страшно за сите нас кои нормално се шетаме по градов,да не знаеш од каде ке ти налита некој залутан метак.
Жално за жената која го чекала алтубусот,и за полицајците кои си ја вршела редовната секојднавна работа за да си ја прехранат фамилијата.

Потребна ни е реформа,народот ние поблиску да бидеме до полицијата,и навремено да се реагира ако некој примети вакво нешто,каде подоцна со неизбрзана акција ке се дејствува во вакви случаеви.
 
А баш сакав да го дополнам firewall со уште нешто, ама јок. 2 години е многуу :smir:
За случката, се надевам дека ќе ги фатат или отепаат, друго вакви лица ниту заслужуваат. Не знае човек сабајле станува, што ќе го стрефи надвор.
Дали има информација за полицаецот?

mojot post nema politicka konotacija,ne me mesti
 
Секој ден и секаде во светот има криминал, што можеме? Денеска во Скопје утре во Амстердам друг ден во Сиднеј... каква е оваа споредба пред и по 20 год. какво е ова плукање по државата....

Ајде ко сте паметни кажете како да се влези во умот на секој криминалец и потенцијален криминалец па да се спречи...

Се надевам ќе се фатат крадциве, и се надевам дека нема да ги аболицираат после тоа, зашо у навика тоа помина арамии да добивааат аболиција

Ало мајсторе, не се возбудувај до толку аман... Никој тука не нападна држава, од каде ти е таа идеја ? Тоа се само лични видувања на секојдневието кое до неодамна ни беше туѓо...Друга е поентата, ама очигледно тебе ти е помило да дамкосуваш т.н. плукачи по државата и да ги одвоиш од тие како тебе самонаречени патриоти и родољуби. Без возбуда молам. Поентата (барем мојата) беше степенот на пораст на криминалот во државата и се по суровите негови појавни облици, како што веќе реков до неодамна странски за нас.Сега ОК ли е ?:smir:
 
Двајца полицајци и една жена се повредени претпладнево во оружениот грабеж на Про кредит банка лоцирана на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Соборниот храм, што го извршија засега непознати лица.
Повредените полицајци со амбулантно возило се пренесени во Ургентниот центар. Директорот на Ургентниот центар Реџеп Селмани за МИА изјави дека едниот полицаец има прострелна рана на левата надлактица и се наоѓа во стабилна состојба и префрлен е на КАРИЛ. Другиот полицаец има лесни телесни повреди.миа/миа/11:25
 
Сериозен инцидент имало сабајлево и на Блаце.Официјални информации за сега нема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom