Се уште не се знае здравствената состојба на ранетите во вооружениот грабеж што околу девет часот се случи во ПроКредит банка во центарот на Скопје.
Директорот на Ургентниот центар Реџеп Селмани заедно со повеќе доктори од болницата моментално ги прегледуваат повредените. Не даваат официјална информација за колку повредени се работи и во каква состојба се.
Според информациите на forum.com.mk, утрово во ПроКредит банка влегле десетина маскирани и вооружени лица со автоматски пушлки со цел да извршат грабеж во Банката. Пред банката случајно се затекнал полицаец кој заедно со обезбедувањето се обиделе да го спречат грабежот, на што крадците одговориле со пукање. Од престрелката повредени била најмалку две лица кои стоеле пред банката и еден полицаец. Вработените во банката не се повредени.
Од заскитан куршум погодена е и една жена во автобус кој сообраќаел по улуцата Илинденска пред зградата на Владата.
Од полицајци кои излегле на увид на местото се дознава дека полициски алфи тргнале по дел крадци, по што биле пресретнати. Она што што го пренесуваат полицајците е дека повторно била отворена вооружена пресметка. Според последните неофицијални информации од полицијата крадците биле фатени, најверојатно четворица од нив се потешко ранети, а не мртви како што пшретходно се најавуваше.
извор