Најпрвин да им честитам за освоениот бод на екипата на Подмочани (благодарение на нашиот голман)
А сега малу да искоментирам за играта.
Почетниот дел им припадна на екипата на Охрид Лоте, повеќе контрола на топка на средината на теренот по што резултираше со гол, 0-1, потоа домаќинот се врати во игра со што ја направија ЕДИНСТВЕНАТА шанса за гол, избегната офсајд замка, дечкото се најде пред гол, но помина точно покрај статива.
Потоа следеше лошото... на 5-6 пати помошниот судија сингнализираше офсајд ситуации...а врска немаше. Ај то, во една ситуација голманот на Подмочани ја испушти топката од раце, а 17ката на Охрид Лоте го искористи тој кикс, па постигна гол, а судијата фаул врз голман
чисти гол поништен.
Истиот играч во првото полувреме имаше уште една 100% шанса, кога помина 2-3 играчи на Подмочани, а голманот со доза на многу среќа ја исфрли топката во корнер.
За време на целата игра играчите на Подмочани почесто си користеа боречки зафати (и кога ја имаа топката, а и богами кога ја немаа) исто и почесто користење на раце таканаречено volleyball (најдобрата ситуација беше покрај трибината, кога играчот на Подмочани немаше друга алтернатива освен да ја забие топката во аут).
Второто полувреме беше друга приказна, ни едната, ни другата екипа не прикажаа добар фудбал. Повторно 17ката на Охрид Лоте по една нафлена топка од слободен удар...удираше со глава пред самиот гол, али превисоко...и повторно истиот играч по еден влез од левата страна изби сам, но лошо шутираше (а имаше слободен играч на самиот петерец, каде можеше слободно да ја додаде).
Потоа играчот со број 7, од изгледна шанса за гол биеше во рацете на голманот.
И како што кажав, не многу добар фудбал...нати ја, дај ми ја во средината на теренот...и потоа слободен удар за екипата на Подмочани блиску до центарот од нивна лева страна, нафрлување во шеснаесеттикот на што голманот на Охрид Лоте излета и погрешно го оцени летот на топката со што заврши во мрежата.
Теренот катастрофа, нит се примаше топка како што треба, нит можеше да ја поведиш нанапред без да ти одскокнит едно 50-60 пати
(така е зборот)
Крај.
Total:
Охрид Лоте
- поништен гол
- 2 100% шанси на 17ката, а 3тата шанса глава не ја сметам за толку сериозна шанса.
- 1 шанса на 7ката.
Подмочани:
- 1 100% шанса....покрај статива
- шутот од 40м на момакот кој го здрви нашиот месечар :wink:
Еве сигурно беа присутни и Gogi-Man.Utd, CELTIK и pekmeks, па ако нешо грешам слободно нека ме поправат.
Друго исто така фрустирачки беше ситуацијата со публиката...па добро, знаеме има пцовки колку ти душа сака, и мајки и шајки и све...али навистина беше срамота кога еден навивач почна да фрла со камења по играчите на Охрид Лоте
мислам дебилна работа...без навреда до другите гледачи на трибините ама навистина беше како што викам јас "од планина слезени" мислам аман. Ние во Охрид ги пречекавме како господа, ни притисок ни нишо...фудбалски беа поразени и то е то.
Како и да е...загубивме драгоцени 2 бода, а на то Караорман се зацврсти на првата позиција...но сеуште има многу за играње, многу гостувања потешки и се игра до последното коло. А и шампионот кој и да е во овај регион, ќе ја завршит 50% работата само...затоа што следи баражот, а ако се падне екипа од другите региони со иста амбиција влез во 2ра МФЛ...е тогаш не ќе биде ни малку лесно. :smir:
@KomitaMKD, не играме друже по стапките на Караорман, да местиме натпревари...слушам не сте биле во добри односи со Кораб (hint: по првиот натпревар во Струга) па затоа некако едвај израмнеле во 80мин. :wink:
За повеќе работи сум многу добро упатен...кој со кого, кој колку дал, кој шо рекол, кој кого пратил, кој за кого играл и многу други работи, а верувам ти ни малку ни ги знаеш :smir:.
Да не должам (иако веќе напишав километарски пост)
Караорман е веќе со една нога до БАРАЖОТ (50%), а што ќе направи за баражот...тоа зависи од другата екипа дали има амбиции за влез во 2 МФЛ...бидејќи најчесто баражите се наместени...и сите си знаете секако :wink:.