superstarpizza
Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Update for Hari El Presidente!!!
УЕФА ВЧЕРА ГИ ПОТВРДИ ПИШУВАЊАТА НА "МАКЕДОНСКИ СПОРТ" И ИНФОРМАЦИИТЕ НА ТВ "5+"
Победа - "бруко" светска!!!
*Прилепчани влегуваат во историјата како прв клуб кој е фатен за "наместен" натпревар за финансиска добивка во обложувалниците. Светот грми денес, ние јавивме пред сите и пред 3 дена
ФК Победа и официјално од вчера е светско чудо и првиот клуб кој е фатен за "наместен" натпревар. УЕФА го потврди она што го јавија "Македонски спорт" и ТВ "5+" уште пред неколку дена. Вчера, во утринските часови на веб страницата на УЕФА беше објавена информацијата со која се потврдува дека ФК Победа е обвинета за "местење" на натпреварот со ФК Пјуник во 2004 година. Клубот ќе биде суспендиран, а драстични казни ќе има за претседателот на клубот од Прилеп и еден фудбалер.
Случајот ќе добие крајна завршница на 17 април кога инволвираните личности ќе треба да бидат на обвинителната клупа во Нион каде ќе се прочита пресудата.
А таа е лоша за првиот човек на ФК Победа, Александар Забрчанец, и капитенот на дуелот со Пјуник, Николче Здравевски, на кои ќе им бидат одредени казни со доживотна забрана за работа во фудбалот.
Пукна првата "брука" која ја фати УЕФА за "наместен" натпревар. Сите погледи се вперени кон Македонија. Тежок скандал за кој можевте да прочитате на нашите страници уште пред 3 дена. УЕФА добива честитки за овој добар "улов" на сметка на срамот со кој се соочува нашата држава.![]()
"Ова е новиот систем на УЕФА за откривање на сомнителните натпревари. Внатрешната контрола ќе биде орган кој ќе се бори против сите оние кои играа нерегуларно. Овој случај со ФК Победа Прилеп е добар пример дека сето тоа може да функционира", коментира Дејвид Тејлор, генералниот секретар на УЕФА.
Тој открива дека се води истрага за 10 средби од оваа и 15 поранешни средби од евро-куповите и за истите за брзо време ќе има конкретни реакции.
Нека ни е честито. Прво па Македонија - Победа.
Внатрешната контрола на УЕФА собра доволен број докази со кои се потврдува дека Победа го "наместила" натпреварот со Пјуник одигран на 13 јули 2004 година во Скопје. Гостинот од Ерменија со 1:3 славеше во Скопје, а за "два во два" коефициентот во обложувалниците гласеше 14,5. Пет години подоцна следи ударот од УЕФА и откривањето на скандалот.
Сепак, македонските љубители на фудбалот во Македонија гледале многу такви натпревари низ терените во земјава. Секогаш имало најави, дојави и озборувања, но никогаш никој не бил фатен на дело. Овој тежок скандал е доказ за личностите кои со години работат во домашниот фудбал кои си земале право да ја срамотат земјава за свој личен финансиски интерес. Потребни се вакви истраги, суспензии и казни затоа што "местењето" натпревари е тешко криминално дело. Сето тоа во земјава функционираше со години, а не само Македонија туку и одредени земји на Балканот важеа за упориште на фудбалската мафија која со "местење" натпревари доаѓаше до огромни финансии.
УЕФА сила покажува кон малите, кон Македонија, и оваа акција и овој случај треба да биде пример за сите во иднина дека некој ги "снима" па со тоа треба да очекуваме дека во следните настапи на нашите екипи на евро-сцената ќе има поголем мотив за победа отколку за пораз. Сега нека мислат сите оние кои биле дел од скандалозниот меч на Победа во Скопје, но и на сите оние фудбалски "работници" кои "местеле" натпревари.
И. Д. Ивановски
Ќе следи нов удар на 13 мај
Победа - Пјуник е само почеток на борбата на УЕФА против "наместените" натпревари. Оние кои многу "знаат" почнаа да шпекулираат. Ги споменуваат натпреварите Македонија - Андора, Цементарница - Катовице и Македонија Ѓ.П - Черно море. Пак ќе им кажеме дека се далеку од вистината. Следниот удар ќе треба да се очекува околу 13 мај по конгресот на УЕФА во Будимпешта. Се очекува во вториот бран да има неколку фатени "намешталки", а меѓу нив повторно ќе има натпревар од Македонија.
УЕФА не го гони Пјуник!?
Прилепчани сами, без знаење на противничката екипа го "наместиле" натпреварот во Скопје. На фудбалерите од Прилеп им биле "врзани" нозете, а оние гостинските ја полнеа мрежата. Чудно е тоа што УЕФА нема обвинение против Пјуник. Ерменскиот тим за случувањата во Скопје сигурно не знаел ништо, но за оној реванш во Ереван за местенка "два во нула" морало да знаат. Победа сама не можела да "намести" таков резултат (1:1).
Скандалот ќе донесе нови жртви
Победа, Забрчанец и Здравески нема да бидат единствените кои ќе бидат инволвирани во овој мега скандал. Двајца не можат да "наместат" натпревар. На теренот имало 11 "статисти", тренер, управа... Дознавме дека со пресудата за клубот, претседателот и капитенот нема да биде стопирана истрагата. На листата ќе има и други личности кои посредувале при "местењето" на средбата.
С# ТРГНА ОД ДЕЛЕГАТОТ
Овој меч беше "наместен"....
Од каде сето ова!? Се тргнало од изјавата на романскиот делегат Јонел Пискани, кој ја "скенираше" средбата на "Градски". Според агенцијата "Мина", во неговиот извештај за средбата пишувало:
"Овој натпревар беше 'наместен'. Македонците не се ни обидоа да играат...".
Во истрагата официјалните лица, меѓу кои и словенечкиот арбитар Дамир Скомина, биле на сослушување во Австрија каде е базата на внатрешната контрола на УЕФА.
Молк во Победа, паника во ФФМ
Какво лудило по веста на УЕФА за "наместениот" натпревар на Победа. Клубот од Прилеп во молк, без реакција, освен вчерашната изјава на Николче Здравески, кој даде демант по сите обвинувања. Прилепчани во молк, а оние другите од овој град кои се на чело на ФФМ во паника. Телефоните во федерацијата вчера како да "прегореа". Се јавуваа медиуми од сите страни, од многу земји, од Македонија. ФФМ даде свој став иако истиот е далеку од она што е вистина. Сепак, паниката е во тоа што сите ѕвонат во ФФМ, а не во Победа.
ПРВИОТ ЧОВЕК НА ФФМ НЕ ЗНАЕ НИШТО
Добро утро Харалампие!!!
Г. Харалампие Хаџи-Ристески. Не "треси зелени" и доста со твоите глупави изјави. А ви кажавме уште пред 4 дена дека во Копенхаген ве чека пекол. Ви кажавме!!! А сега треба да знаете дека како прв човек на ФФМ во УЕФА не ви веруваат. Нели ви е јасна целата оваа работа, дека не ве играт и дека сте на спротивната страна од истрагата. Добро утро за тоа што го објавивте во Шпиц. Во таа ваша изјава (подолу во текстот), првпат признавте дека тоа што е ФФМ тоа е и Победа. На здравје нека ви е!!! Сега навистина шпекулираме и сакаме да ви ја уништиме успешната работа. Според вас сигурно и УЕФА шпекулира затоа што само вие сте секогаш во право. Никаде не ви споменавме дека ќе има казна за ФФМ туку за Победа, но вие како директно инволвирана личност добро знаете што изјавувате па во еден ист кош ги ставате и ФФМ и Победа.
Успеавте затоа што влегувате во аналите на светската историја. Како прв претседател на ФФМ кој во својот мандат успеал да го сврти вниманието на светот кон Македонија. На сите страни вчера зборуваа за срамот на Победа. Браво, бидејќи и вие имате голема заслуга за сето ова затоа што како поранешен претседател на овој клуб сте учествувале во развот и успесите на клубот од Прилеп. Уште еднаш браво и нека ви е со среќа.
А лажете!? Не ја зборувате вистината дека од УЕФА ви кажале дека во пријавата и во истрагата се вклучени новинари од Македонија. Не е точно. Не знаете или лошо ви оди со комуникацијата и ништо не сте разбрале. Случајот е завршен и на 17 април ќе ја дознаете вистината која ви ја кажавме пред неколку дена.
Изјави на првиот човек на ФФМ:
Шпиц: "Ние сме овде, во Копенхаген, се сретнавме и имавме разговори со сите видни личности на УЕФА и таков податок не ни беше соопштен. Претпоставуваме дека извесните шпекулации се само уште еден обид да се омаловажи работата на ФФМ во оваа изборна година"
Сајт на ФФМ: "Ние како федерација ја поддржуваме оваа истрага со цел да биде завршена во целост. ФФМ ќе ги почитува сите дисциплински одлуки и препораки за реакција од наша страна. По добиениот допис лично контактирав со одговорните во УЕФА и добив информација дека истрагата е поведена врз база на пријава на новинари од Македонија кои ќе бидат повикани како сведоци..."