Колкава е потрошувачката на гориво на вашиот автомобил?

  • Креатор на темата Креатор на темата Alek_Sk
  • Време на започнување Време на започнување
И тоа како е возможно.

Помалиот мотор ќе мора за зададена коњажа да направи повеќе вртежи, а со самото тоа ќе генерира поголеми паразитски загуби на енергија (напр, побрзо ќе се загрева до работна температура).

Замисли два идентични автомобили кои идентично возат, например, од Скопје до Охрид. Значи, возат исто-исто-исто. На истите делови од патот развиваат иста брзина, исто кочат, исто забрзуваат, све исто.

Единствената разлика е кубикажата. Едниот има, да речеме, 1.3 литри, а другиот 1.6.

Кој ќе потроши повеќе, што мислите?

1.6 ke potrosi poveke od 1.3 dokolku 1.6 ne e so driktno vbrizguvanje
 
Зависи со која брзина ќе возат. Ако терат помирно темпо 80-90 тогаш 1.3 ке биде поекономична, ако возат над 120-130 тогаш 1.6 ке потроши помалку бидејќи не се мачи толку.
 
Зависи со која брзина ќе возат. Ако терат помирно темпо 80-90 тогаш 1.3 ке биде поекономична, ако возат над 120-130 тогаш 1.6 ке потроши помалку бидејќи не се мачи толку.

Точно е ова што го велиш за 120-130 со „мачењето“. Но:

Во замисленово сценарио колите цело време возат со иста брзина, а помалиот мотор при иста брзина секогаш ќе се „мачи“ повеќе од поголемиот. Повеќе ќе се мачи значи дека ќе има поголеми паразитски губитоци т.е. ќе работи со помала ефикасност.

При исто возење, помалиот мотор побрзо ќе се загрее, а неговите издувни гасови ќе имаат повисока температура од оние на поголемиот мотор. Тоа значи дека помалиот мотор поголем дел од топлината (т.е. енергијата) просто ја исфрлил низ ауспух, наместо да ја користи за пропулзија. Кај поголемиот мотор, при исти услови, тој процент на џабе потрошена енергија е помал, па за исто возење е потребно помалку гориво.

Кој не верува нека провери :-) ја зе заебав така и земав калос 1.2 демек малце ќе трошел - и кур. калосот на другар ми е со 1.6 мотор и просек низ град му троши помалце! Ја со еден резервоар поминувам едвај 400 километри, а он повеќе од 500. Не сме провериле на аутопут, мада се кладам дека и таму 1.6-ката ќе троши помалце.

Поголемиот мотор ќе троши повеќе при големи снаги кои помалиот не може да ги постигне on the first place. Али при исто оптоварување, поголемиот мотор троши помалце.
 
Па имаме Опел Астра 1.7 ТДС, и не троши повеке од 6 комбинирано, а на отворено 5.5 некаде... има 300.000 км и прекрасно иде, ко ново...
 
Точно е ова што го велиш за 120-130 со „мачењето“. Но:

Во замисленово сценарио колите цело време возат со иста брзина, а помалиот мотор при иста брзина секогаш ќе се „мачи“ повеќе од поголемиот. Повеќе ќе се мачи значи дека ќе има поголеми паразитски губитоци т.е. ќе работи со помала ефикасност.

При исто возење, помалиот мотор побрзо ќе се загрее, а неговите издувни гасови ќе имаат повисока температура од оние на поголемиот мотор. Тоа значи дека помалиот мотор поголем дел од топлината (т.е. енергијата) просто ја исфрлил низ ауспух, наместо да ја користи за пропулзија. Кај поголемиот мотор, при исти услови, тој процент на џабе потрошена енергија е помал, па за исто возење е потребно помалку гориво.

Кој не верува нека провери :-) ја зе заебав така и земав калос 1.2 демек малце ќе трошел - и кур. калосот на другар ми е со 1.6 мотор и просек низ град му троши помалце! Ја со еден резервоар поминувам едвај 400 километри, а он повеќе од 500. Не сме провериле на аутопут, мада се кладам дека и таму 1.6-ката ќе троши помалце.

Поголемиот мотор ќе троши повеќе при големи снаги кои помалиот не може да ги постигне on the first place. Али при исто оптоварување, поголемиот мотор троши помалце.

Поголемиот мотор има поголеми паразитски губитоци: поголема тежина , поголеми и потешки клипови, поголема кубикажа која влече повеќе гориво, поголеми вентили и канали за вбризгување на гориво и др.) Од друга стррана на отворен пат поголемиот ќе троши помалку.
 
Ако е веќе така како што кажуваш, тогаш зошто би трошел помалку на отворен пат?

Точно е дека клиповите се поголеми и потешки. Но, нешто помалите клипови кај помалите мотори мораат повеќе пати во секунда да мрдаат горе-доле за истиот ефект, со што автоматски се намалува ефикасноста. Ефикасноста е тука клучен термин, а таа опаѓа со растот на вртежите.
 
Јас те сваќам потполно, дека улогата на менувачот во споредба со аеродинамиката е помала, но не е занемарлива. Сепак караваните се произведени со носивост до 700 кг тежина + 2 патници... Од таму е и разликата, на ист мотор, различна брзина и различна потрошувачка.

На тоа што е сила, а што моќност, можам да ти додадам дека баш менувачот ја одредува таа сила. Не е исто да повлечиш тон на 20% угорнина или 2 тона. И двата мотори имаат иста моќност, но силата им е различна. На едниот се користи повеќе во влечна за тежина, додека на другиот се користи за поголема брзина. Инаку, не сум тестирал, ама за Ескордот мислам дека од 185-190 нема да оди повеќе (140 сум го возел најмногу), а фиестата таткоми ја има возено 180 од Солун према Атина на авто-пат, и велеше дека би одела до 200. Пак, разликата во крајна не е голема :)

Ескортот има максимална брзина од 153 со тој мотор (знам оти имаме ист таков) и никако не би одел 185-190... најмногу што го имам кренато е 170, ама на наудолно малце, инаку на рамно од 160 не оди повеќе... што се однесува до потрошувачката во тој момент, ако не летаат преку 7-8 литри дизел...

оти мислите дека 5та е најбрзиот степен на колата?
-па тоа ви е економик бе...
-ако сакаш max speed со колата,залетај ја пета,пребаци у четврта,и ицеди ја скроз...ќе видите дека ќе оди повеќе од ицедена пета брзина...и ја не го знаев ова до пред некое време...

Ескортот оди повеќе во 4та отколку во 5та, ама па затоа обртаите друго велат...

Онтопик: Просек потрошувачка во град на Форд Ескорт 1.8D со три врати... е околу 6 литри дизел, а на отворено ако се вози до 120-130 може и до 5 литри, колата има поминато околу 125-130000 километри.
 
вака за Citroen C3 градска троши 7.6 отворено 5 точно . е сеа на мојот имам и плин. на плин градска троши негде 10 и нешто а на отворено 7 и нешто
 
можам ли да го заебам моторот ако се пуштам со фул 5ти степен,и прешалтам во 4та,за да добијам max speed?
-1.8D Ford е во прашање....
 
секако дека можеш, ако го вртиш моторот повеќе од 4700 обртаи колку што мислам дека е максимумот на Форд 1.8д
 
секако дека можеш, ако го вртиш моторот повеќе од 4700 обртаи колку што мислам дека е максимумот на Форд 1.8д
e видиш грешка си... моторот произведува 60 кс на 4.900 вртежи а од 5-та во 4-та тие да ги добиеш е невозможно (освен ако не ја замениш на 130 км/ч но тогаш нема брзина да зголемиш)... така да за брзини под 110-115 км/ч може слободно да се менува.

За тој погоре што ми напиша дека фордот не одел повеќе од 160, некни се заинаетив па со 3-та на 5.000 вртежи (гаста до даска не одеше повеќе) имав брзина од 120 км/ч на рамно. Така да дека ке оди повеќе од 160 сум сигурен (ако пробам на автопат ке ве изестам).
 
Секој мотор може да издржи десетина секунди над максималниот број на обртаи..... ако при максимални обртаи во петта (4700-4900) ставиш во четвртта тогаш сигурно нешто ќе се заебе. Ако во петта нема постигнато над 4000 тогаш и да ставиш четвртта ке биде ок.

п.с. Кај мене на мондеото 1.8тд максимални обртаи се 4700 со 88кс. А кај обичниот дизел било повеќе.
 
Секој мотор може да издржи десетина секунди над максималниот број на обртаи..... ако при максимални обртаи во петта (4700-4900) ставиш во четвртта тогаш сигурно нешто ќе се заебе.
абе читај што прашува дечкото... него му е битно да добие брзина, а сигурно дека на 140 нема да менува од 5-та во 4-та :smir: Сепак станува збор за брзини под 4.000 вртежи каде една подлу е ефикасно.
 
абе читај што прашува дечкото... него му е битно да добие брзина, а сигурно дека на 140 нема да менува од 5-та во 4-та :smir: Сепак станува збор за брзини под 4.000 вртежи каде една подлу е ефикасно.

а од кај да знаеме колку му е фул 5ти степен. Кај мене фул 5ти степен е 170-180
 
а од кај да знаеме колку му е фул 5ти степен. Кај мене фул 5ти степен е 170-180
колку и да ти е фул 5-та... треба да си нездрав да ставиш 4-та на 150 или да возиш ферари :vozbud:

патем мислам дека напиша некаде дека станува збор за Форд ескорд 1.8 дизел.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom