- Член од
- 4 октомври 2008
- Мислења
- 4.014
- Поени од реакции
- 1.247
Не ти одговорив затоа што појма немам што значат бројките.
13/53 e oзнака за број на запци т.е. 53 запци на диференцијалот и 13 запци на осовината како на сликава

Тие тјунери, меѓу другото, нели додаваат со разни финти и коњажа на моторот? Прашувам пошто не се разбирам многу во тјунирање. Ако се зголеми коњажата, нормално дека и менувачот ќе треба да претрпи измени - треба да го издржи зголемениот вртлив момент.
Да менуваат и обработуваат склопови на моторот ама ти гарантирам дека и без тоа со 17/64 оди побргу со ИСТ мотор во однос на 13/53.
Еве на мојата кола петта брзина има однос 0.9:1. Ако го модификувам менувачот и петта брзина ја направам 0.8:1 викаш максималната брзина поголема ќе биде? Јас викам не.
Верувај дека ќе оди побргу. Зошто? Затоа што моторот ќе работи на речеме 5500 обртаи. При максимални обртаи со подолг менувач ќе оди до речеме 5400 обртаи наместо 5500 со пократок. Секако нема брзината пропорционално да порасне бидејќи отпорот на воздухот се зголемува експоненцијално, но сепак ќе добиеш поголема бризина само што ќе треба да чекаш 5 минути за да ги развие тие да кажеме 5-10км/х. Испробано е со подолг менувач кај Фиќо оди 10км/х побргу само што треба 2-3 километри да ги развие.
Највеќе на бризина без чепкање на моторот ќе се добие со:
- спуштена кола
- подобра аеродинамика (обричени врати, помали ретровизори, спојлер)
- семи-слик или уште подобро слик пневматици
- тврдо напумпани гуми
- олеснета кола
- потесни гуми
Негативно на брзината влијае:
- спојлери, браници, прагови од автопазар и сл.
- широки гуми
- клима уред
- багаж на кров или отворен прозор
- нагол пад на задниот дел на возилото