Познати кандидатите за градоначалник на Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Бројкиве се точни. Овие се според ДИК после 100% обработени гласови. Немат многу математики за втор круг. Се знае отприлика кој за кого ќе гласа. Поздрав
 
Арно ќе бидит да победит Петрески пак. И мило ми е што голем дел од граѓаните не гласаа за партија туку за човек. Јас прв пат во живот гласав за СДСМ, ама не за партијата туку за Аце :)
 
Ми делуват верно бројкава.А за анализи за втор круг е рано...имат многу математики.

И сам знајш дека за сите избори имало безброј математики. Технички, и Фрчко мојт да тепат. :)))))

Нанче пред 4 години ко изгуби рече: Јас си имам работа во Скопје, мене гласој од сељани не ми требет, бла бла бла...
А народов то го памтит, зато Нанче ја изгуби Рача, кај шо СДС доби по прв пат, Велгошти рекордно мала разлика од ко памтам...

За комбинации, имат миљон. Познавајќи ги правите ВМРО-вци во градов, Нанче не би го гласале и сам да е на ливче. Попоски, иако попрво би си каснал од дупето него на Петрески гласојте да му ги дајт, најверојатно ќе морат да ги дајт, и уште да се смејт пред камера... Smile and wave boy, just smile and wave. :helou:
 
Јас гласав за Попоски,а мојот глас ќе се прелејт кај Петрески на св.Никогаш...а 95 % е сигурно дека ниту Нанче мој глас не добиват...
 
Ќе имат купвење на гласој Охрид наголемо...предосеќам
 
Ќе имат купвење на гласој Охрид наголемо...предосеќам

И досега имаше, со брашно и масло. Не ме прашвете од кај знам, едноставно знам... Нанче и маријачите се спремни се’ да напрает за да го добиет Охрид, само нечесната игра и обидот за фалсификат што се подготвува ме плашат.
 
Фантом, реални да бидиме и Ацо ќе купвит гласој, не само Нанче. Ацо веќе почна предизборно да стават улични, да поможвит во некој проекти во селава и сл. А за фалсификат незнам, ама ништо чудно.
 
Предност од 800 гласа за Охрид не се ништо, исто и таму неизвесно ќе биди.
 
Фантом, реални да бидиме и Ацо ќе купвит гласој, не само Нанче. Ацо веќе почна предизборно да стават улични, да поможвит во некој проекти во селава и сл. А за фалсификат незнам, ама ништо чудно.

Македон... да се разбериме, имат разлика во придобивање на гласој, и во купвење на гласој.
Помош во проекти или поставување на улично осветлување, пополнување на дупки на улици и сл, е придобивање гласој, пошо то е помош за градот, и работи шо им служет на граѓаните.

Каква помош за градот е 100 евра од гласач шо ги дават Нанче, брашно и масло со камиони?
 
Aбе, ај то е придобивање (иако тие све шо ќе ставет е чисто ради реда, се знајт колку ќе е функционално после 2 месеци ама ај..). Прашање е кј беше досеа за овие работи? Иначе и Ацо купвеше така гласој бе, им делеше брашно и масло на Еѓипќаниве (и на некој социјални случаи) предизборно. Така да ко ќе видиш за та работа, исти к*рац се двајцата.
 
Иначе и Ацо купвеше така гласој бе, им делеше брашно и масло на Еѓипќаниве (и на некој социјални случаи) предизборно. Така да ко ќе видиш за та работа, исти к*рац се двајцата.

Јас одговорно тврдам дека Петрески немат купвено гласој на тој начин, освен ако не излезит видео со таква содржина, па да ме разубедиш.*

*да, имат видео од приврзаниците на Нанче кај шо делет брашно по куќи, на ден пред изборите, на 21ви.
 
Хмм.. абе брат одговорно, дан си близок ти со него, нешто роднини дан сте? Сигурно Петрески јавно нема да кажит јас им давав вреќи брашно на тие и тие граѓани..Ниту каков било друг вид поткуп. То се заткулисни игри, не морат секој да знајт за то..
 
И сам знајш дека за сите избори имало безброј математики. Технички, и Фрчко мојт да тепат. :)))))

Нанче пред 4 години ко изгуби рече: Јас си имам работа во Скопје, мене гласој од сељани не ми требет, бла бла бла...
А народов то го памтит, зато Нанче ја изгуби Рача, кај шо СДС доби по прв пат, Велгошти рекордно мала разлика од ко памтам...

За комбинации, имат миљон. Познавајќи ги правите ВМРО-вци во градов, Нанче не би го гласале и сам да е на ливче. Попоски, иако попрво би си каснал од дупето него на Петрески гласојте да му ги дајт, најверојатно ќе морат да ги дајт, и уште да се смејт пред камера... Smile and wave boy, just smile and wave. :helou:

Значит, вака. Ај прво за неупатените :)

-Александар Петрески е актуелен градоначалник од СДСМ.
-Ацо Попоски беше противкандидат на Александар Петрески на овие избори од СДС spin-off т.н. НСДП.
-НСДП и СДСМ коалицираат заеднички во Скопје, повеќе од сигурно е дека ќе се напнат заеднички да го поразат ДПМНЕ и во Охрид.
-Ацо Попоски беше противкандидат на Александар Петрески и во 2005-та година, на интерните избори во СДС за кандидат за градоначалник.
-Веле Митаноски беше исто како и Ацо Попоски кандидат во 2005 на интерните. Оваа година се кандидираше за советник и не успеа да освои советничко место, но сепак располага со одредено гласачко тело.

-Кирил Трендафилов - Нанче е противник на Александар Петрески во вториот круг оваа година, како кандидат за градоначалник од ДПМНЕ.
-Нанче беше во истата улога и пред 4 години, само во дресот на Народна.
-На изборите во 2005-та, ДПМНЕ немаа свој кандидат и го поддржаа независниот Венко Шапкар, кој после поразот во прв круг во очи на вториот својата јавна поддршка ја даде на Петрески.
-Оваа година Народна за кандидат го имаше Томе Гиноски, кој освои половина од гласовите кои ги освои советничката листа на Народна. Значи, може да претпоставиме со солидна веројатност дека половина гласачи за советничката листа на народна гласале за Нанче, канидатот на ДПМНЕ и „одметник“ од Народна.

-Охрид секогаш бил прилично изедначен кога се во прашање гласовите за двете најголеми партии.
-----------------

Комбинациите Фантом ми се во насока на тоа колку „одметнатите“ Попоски и Нанче ќе успеат да влијаат на гласачите на НСДП и Народна во полза на СДС и ДПМНЕ. Нема потреба да коментираме дека на пример Томе Гиноски ќе му е „лут“ на Нанче што му откраднал половина гласови. И Ацо Попоски е во позиција да прави солиден пазар со Петрески - егото е исто така значаен момент и прашање е дали Попоски ќе се задоволи со признанието за освоените гласови или ќе мора под „директива“ и „за доброто на партијата“ глатко да го поддржи СДС.

Генерално гледано, добар дел од Охриѓани препознаваат искрен и вреден градоначалник во ликот на Петрески. Нанче, од друга страна, може да загуби дел од потенцијалните гласачи кои треба да се „распоредат“ кај него или кај Петрески, како револт кон актуелната политичка матрица практицирана од владеачката партија.

И кога на крај на ова не смее да се занемари можната интерференца на истата таа владеачка партија преку помалку или повеќе познати механизми (како и напати досега, без оглед кој бил на власт), тогаш сите комбинации и полуотворени карти ветуваат партија покер која се надевам ќе заврши мирно и демократски.

А најпросто е да се направи ваква математика:

Петрески - 13 783
Попоски - 2 964
Павлоски - 611
-------------------
17 358

Нанче - 12 985
Гиноски - 1 287
Доко - 824
-------------------
15 096

Ама, ај нека се потсети некој дека овие бројки кои ги гледаме погоре се всушност реални, нормални луѓе кои во принцип размислуваат помалку или повеќе со своја глава... Затоа, не брзам барем јас со претпоставки.

Интересни 2 недели следат во Охрид. Мило ми е шо дојдов Скопје денеска :)
 
Ама па контрадикција од другастрана. Ацо тепа- Нанче губи, ама па за совет Нанче води. Ееее охриѓани бре:wink:, ќе ви се закочи цела самоуправа така.
 
Напишано од Татјана Маленкова Понеделник, 23 Март 2009 14:23Според нив Петрески и Трендафилов сигурно влегуваат во вториот круг. Конституиран новиот состав на советот.

Општинската изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати. Според нив на 73 изборни места во Охрид,од запишани 54 905 гласачи, вчера во Охрид вкупно гласале 33 611.

Според ОИК кандидатот за градоначалник на Нова демократија, Васви Доко освои 824 гласови. Боро Павловски кандидат за градоначалник од ЛДП 611. Кирил Трендафилов Нанче кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ освои 12 985, Томе Гиновски од ВМРО НП 1287 гласови, Александар Петрески од СДСМ 13 783 гласови и Ацо Попоски од НСДП 2964. Според наофицијалните резултати од ОИК ВМРО ДПМНЕ освои 9 советнички места, СДСМ 7, НСДП 2, ВМРО НП 2 Група избирачи ВЦ 2 и Пеи 1 советничко место.Општинската Изборна Комисија ги истакна и неофицијални резултати од Охрид за кандидатите за претседател на Р македонија. За кандидатот за претседател Имер Селмани гласале 3171 гласач, за Мируше Хоџа,212. Нано Ружин, Кандидатот од ЛДП освои 1538, Ѓорѓе Иванов кандидат за претседател од ВМРО ДПМНЕ во Охрид освои 12 375 гласови, независниот кандатат Љубе Бошковски 6670, Агрон Буџаку 429 и кандидатот на СДСМ Љубомир Данаилов Фрчковски 8036 глсови.

http://tvm.com.mk/vesti/ohrid/3683-oik-objavi-prvi-neoficijalni-rezultati-izbori
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom