Серпико ај според тебе што треба да се смени или воопшто како треба да изгледа еден музејски простор на таква личност?
Разбирам да не ти е убава ама до овој степен...
Кога ке се изгради нешто обично и просто сите се восхитуваат а се што е необично и модерно не ви се допаѓа:uvo:
Маренце... прво за болдираниот дел.
Еден чичко, го величаат како еден од најголемите архитекти на сите времиња, кажал една фраза за архитектурата, по која не може, а да не се води секој, кој сака да создаде пријатен и ненаметлив архитектонски обликуван простор. Таа вика
Less is more! Да ги искомбинираш едноставните и мирните-за-око линии, и да создадеш таков простор, е еден од предусловите за да се наречеш архитект... можеби не на негово ниво, но секојпат со стремеж кон него и нему сличните.
Е сега (се извинувам што не бев повикан, а јас одговарам на прашањево, се надевам не смета), за тоа погоре... Прво, просторот треба да поседува во самиот негов дизајн дефинирана линија на движење на посетителот - организациона совршеност. Второ, самиот треба, повторно ненаметливо, да изразува карактеристични делови од животниот пат или делото на оној, на кого му е наменет. Препознатливи карактеристични делови - не измислени од нечија фантазија (бидејќи овде сепак не се работи за слободно дело, туку за дело кое има свои претходни побарувања). Трето, треба да постои цврст и доследен концепт на архитектонска композиција - елементи кои истиот ќе го прават компактен (склоп од архитектонски елементи, кои единствено би функционирале доколку се во таква диспозиција и само на тој објект) и нераздвојувачки...овде, можам да издвојам минимум три волумени, кои итекако би можеле сами за себе да опстојуваат и да бидат самостојно организирани - а не се работи за огромен објект поделен на павиљони или ламели.
Крајно - секој објект е архитектонска мисла. Здив на креаторот. Негова ментална состојба и проекција на истата врз материјалот. Гледајќи го објектов, за архитектот (се извинувам, но морам) можам само да кажам дека покажува благи (аха...) знаци на подвоен ментален склоп. Да не речам потежок збор...