Спомен куќа на Мајка Тереза

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Куќата на мајка Тереза до панкерите, скинерите и анархистите. Закон комбинација

Серпико ај според тебе што треба да се смени или воопшто како треба да изгледа еден музејски простор на таква личност?
Разбирам да не ти е убава ама до овој степен...

Кога ке се изгради нешто обично и просто сите се восхитуваат а се што е необично и модерно не ви се допаѓа:uvo:

Средно си :wink: ќе сватиш кога ќе пораснеш и ќе се запишеш на архитектонски факултет
 
Вака лаички, некако многу елементи ми има спомен куќава. Не знам како да објаснам, не знам во што да се загледам попрво. И камен и стакло и бела фасада. Требало малку помонотона да биде.
А ја поздравувам нејзината изградба, потребно беше вакво нешто.
 
Кој финансира ова? И колку има фатено?
 
sto sakal da kaze Vangel so zdanievo samo on znae i uste dvajca trojca...KAJ I DAE CE PADNE....veruvajte, seto ova e izgradeno za necela godina....kalakurnica od firmi ucestvuvaa vo izgradbata
 
sto sakal da kaze Vangel so zdanievo samo on znae i uste dvajca trojca...KAJ I DAE CE PADNE....veruvajte, seto ova e izgradeno za necela godina....kalakurnica od firmi ucestvuvaa vo izgradbata
Кои фирми ?
Баш ме интересираше кој ја гради у.п.м.
:toe:

А за паѓање... нема да падне,ај ти.
 
Серпико ај според тебе што треба да се смени или воопшто како треба да изгледа еден музејски простор на таква личност?
Разбирам да не ти е убава ама до овој степен...

Кога ке се изгради нешто обично и просто сите се восхитуваат а се што е необично и модерно не ви се допаѓа:uvo:

Маренце... прво за болдираниот дел. Еден чичко, го величаат како еден од најголемите архитекти на сите времиња, кажал една фраза за архитектурата, по која не може, а да не се води секој, кој сака да создаде пријатен и ненаметлив архитектонски обликуван простор. Таа вика Less is more! Да ги искомбинираш едноставните и мирните-за-око линии, и да создадеш таков простор, е еден од предусловите за да се наречеш архитект... можеби не на негово ниво, но секојпат со стремеж кон него и нему сличните.

Е сега (се извинувам што не бев повикан, а јас одговарам на прашањево, се надевам не смета), за тоа погоре... Прво, просторот треба да поседува во самиот негов дизајн дефинирана линија на движење на посетителот - организациона совршеност. Второ, самиот треба, повторно ненаметливо, да изразува карактеристични делови од животниот пат или делото на оној, на кого му е наменет. Препознатливи карактеристични делови - не измислени од нечија фантазија (бидејќи овде сепак не се работи за слободно дело, туку за дело кое има свои претходни побарувања). Трето, треба да постои цврст и доследен концепт на архитектонска композиција - елементи кои истиот ќе го прават компактен (склоп од архитектонски елементи, кои единствено би функционирале доколку се во таква диспозиција и само на тој објект) и нераздвојувачки...овде, можам да издвојам минимум три волумени, кои итекако би можеле сами за себе да опстојуваат и да бидат самостојно организирани - а не се работи за огромен објект поделен на павиљони или ламели.

Крајно - секој објект е архитектонска мисла. Здив на креаторот. Негова ментална состојба и проекција на истата врз материјалот. Гледајќи го објектов, за архитектот (се извинувам, но морам) можам само да кажам дека покажува благи (аха...) знаци на подвоен ментален склоп. Да не речам потежок збор...
 
Е сега (се извинувам што не бев повикан, а јас одговарам на прашањево, се надевам не смета), за тоа погоре.......

.... Гледајќи го објектов, за архитектот (се извинувам, но морам) можам само да кажам дека покажува благи (аха...) знаци на подвоен ментален склоп. Да не речам потежок збор...

Кажи си бе, да те е**м. :) Се шо сакаш, кажи си.

Серпико ај според тебе што треба да се смени или воопшто како треба да изгледа еден музејски простор на таква личност?
Разбирам да не ти е убава ама до овој степен...

Кога ке се изгради нешто обично и просто сите се восхитуваат а се што е необично и модерно не ви се допаѓа:uvo:

Маца, необично и модерно е и ова:

dadaism2.jpg

Ти се допаѓа? Кажи ми со да или не, ќе ти раскажам подоцна за сликата.
 
Кажи си бе, да те е**м. :) Се шо сакаш, кажи си.

Маца, необично и модерно е и ова:

dadaism2.jpg

Ти се допаѓа? Кажи ми со да или не, ќе ти раскажам подоцна за сликата.
Мене па ми е трансмодерен (намерно користам ваков израз,знаеш ти зошто) :) тој стариот француз што од изложба до изложба ја пратеше `фонтанава` со токмак се дур еден убав ден стварно не ја искрши(од кога пет-шест пути претходно мочаше у неа викајќи им на сите околни кои што ја `редеа` со пофалби:
О бе будали... ова е писоар...не е фонтана!!!
Памет малку.

И знаете што се деси?
Наместо да му дадат медаља за заслуги за човештвото,го казнија со МИЛИОН евра.
 
Во право е Кире:smir:
А Серпико не ти одговарам тебе, не мешај глупости со темава. Со тебе никад не сум можела да се разберам и нема ни сеа:)

Но, јас си останувам на моето дека требаше нешто вакво во Скопје, здосадено ми е од едноставните градби што ги има насекаде
Ова е нешто поинакво што ке привлече внимание, можеби местото не одговара за ваков вид објект но тоа е
 
Знаем ве сестричке.
Знаем че тези управљаваштите в момента са голјами фенове на шунда и кича.
Всичко си знаем и ште ви построим каквото желаете.
И заслужавате.
:wink:
 
Во право е Кире:smir:
А Серпико не ти одговарам тебе, не мешај глупости со темава. Со тебе никад не сум можела да се разберам и нема ни сеа:)

Но, јас си останувам на моето дека требаше нешто вакво во Скопје, здосадено ми е од едноставните градби што ги има насекаде
Ова е нешто поинакво што ке привлече внимание, можеби местото не одговара за ваков вид објект но тоа е

Прости ми тогаш, коа сум неразбирувачки-погоден-лик :smir:

Марсел Дишан за градоначалник на Скопје!

Нек превземе кој сака....јас се откажувам овде.
 
Кире Мали said it all.

Јас едно време се обидував да помогнам во организацијата на протести кога се фрлаа темелите, но не успеав. My bad.
Ам шон се организиравте бе деца, вие сте на архитектонски, не сум јас...

Неколку деца, некој професор ак се најдеше и да излезевте по медиуми со критики ваљда ќе се десеше нешо, сеа од ко се напрај џабе муабет прајме.

Не дека се разбирам али и мене ми е ептен чудна, пишав и на првата страна на што ми личи...
 
Ам шон се организиравте бе деца, вие сте на архитектонски, не сум јас...

Неколку деца, некој професор ак се најдеше и да излезевте по медиуми со критики ваљда ќе се десеше нешо, сеа од ко се напрај џабе муабет прајме.

Аре дете наше, да ми ти речам и тебе зборот... Дал се ние организиравме или не, е работа за која, без да имаш докази, не можеш да судиш. Од друга страна, би требало да знаеш дека, исто како и во сите други сфери во Македонија, и во оваа има некои моќници во дното на просторијата, кое е затемнето, та не се гледаат пустите. Е тие моќниците, дур не се видат (ако секој ден ни се меѓу нас), не можиме ние ништо. Си имаат тие средства, испробани, како да уќутат одредено движење. Не си станал ли свесен за тоа досега?

Нема да зборувам за профитерство на темава. И ќе замолкнам секој кој ќе го наврти муабетот на тоа. Има доста широка тема. А сите ние, архитекти или не, имаме очи, естетски ум и сме способни да дадеме критички осврт кон одредена појава (позитивен или негативен, сеедно). Така нека се насочи темава... профитерството и протестирањето... ќе го остајме за на некој друг лист.
 
Еми ко така...

Коа ќе ојме од Кајгана групно да и се восхитуваме? :pipi:

шо да речам друго...
 
Кажи си бе, да те е**м. :) Се шо сакаш, кажи си.

Маца, необично и модерно е и ова:

dadaism2.jpg

Ти се допаѓа? Кажи ми со да или не, ќе ти раскажам подоцна за сликата.

Дадаизам?

Како и да е јас на зданието повеќќе гледам ко на скулптура отколку ко на градба и на куќа споменик, и дефинитивно не би ја рушел, пошто интересно е да се има и пример за еден вид поинаква архитектура или уметност или комбинација од двете. АМА сеуште неможам да ја звара местоположбата. Јас едноставно само би ја преселил во некој парк онака да разигра помеѓу зеленилото, еве на пример карши денешна католичка црква, од другата страна на иво лола рибар, односно по ново теодосиј гологанов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom