26 убиени при напад на основно училиште во САД

Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
Америка е широк поим,има таму секакви средини и секакви луѓе ама општо земено, живеат во сурово општество кое продуцира/наметнува еден заебан систем на вредности.

Да бидеш таму average Joe/Jane значи дека имаш нормална работа,сопствен стан/куќа,автомобил и заработуваш 30-тина илјади $ годишно што се и повеќе од доволно за еден нормален живот.
Арно ама никој не сака да биде average Joe/Jane пошто тоа значи дека си лузер,а никој не сака да биде перцепиран како лузер макар тоа значело и дека има се што му треба за да биде среќен.

Лошо е што децата,уште од најмала возраст се соочуваат со таквиот систем на вредности,дека треба/мора да бидеш поубав/попаметен/појак/поуспешен/да имаш повеќе пари од другите,за да не бидеш лузер.Тој систем може да предизвика страшни фрустрации кај некои личности.

Мене ме загрижува што полека но сигурно и ние почнуваме да го копираме истиот систем.Се почесто го слушам зборот лузер а се помалку-добар човек,фер човек,човек од збор и сл.-изрази кои беа одраз на системот на вредности кој преовладуваше кај сите балкански народи.
 
Член од
15 октомври 2012
Мислења
193
Поени од реакции
49
Vo amerika so licna karta moze i artilerija dase kupi gi sakat parite mnogu dolarot izglega e na prvo mseto
--- надополнето: 18 декември 2012 во 21:36 ---
Син на наставничкa е убиецот од Конектикат

Пронајдено е уште едно безживотно тело, па билансот од злосторството во основното училиште „Сенди Хук“ во градот Њутаун, во американската сојузна држава Конектикат се искачи на 28 лица, најмногу од нив деца.
Според Тајмс, убиецот е идентификуван и станува збор за Рајан Ланза (24) кој вооружен влегол во училница, ја застрелал својата мајка која во училиштето била наставничка, а потоа усмртил 18 деца кои се наоѓале во училницата, по пат убил седум возрасни лица, на крајот се самоубил. Меѓу убиените е и психологот и директорот на училиштето.
Освен тоа, како што јавуваат медиумите во САД, во Њу Џерси е пронајден мртов и братот на убиецот.
Во државното училиште учат повеќе од 600 деца на возраст од пет до десет години.
Претседателот на САД Барак Обама соопшти дека е известен за нападот, разговарал со гувернерот на Конектикат и со директорот на ФБИ и најави помош за родителите на убиените деца
Sigurno nekoj go hipnotiziral nemoze vo svesna sostojba da ubiva taka,isto vo irak i avganistan se slucuva sekoj den ista teknika [hipnoza] stara fora:cuc:.Gospod dane cuva od takvi luge
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Има неколку прашања кои треба да се одговорат, пред да се образложува потребата од забрана за носење оружје.

Оној кој сака некого да убие, секако ќе најде начин.

Овие оружени напади без никаква причина се подметнати шеми за трауматизирање на народот и сервирање на решение за забрана на поседување на огнено оружје. Демек за нивно добро.

Вистинскиот повод е стравот дека народот може да ја земе правдата во свои раце и да му се спротивстави на узурпирачкиот државен систем кој се обидува се’ повеќе да ги контролира и поседува.

Единствен начин да се спречи таквата можност е да му се одземе правото да се брани и бори против наметнатите решенија на властите.
 
H

HITCH

Гостин
Американци...


Мене не ми е јасна една работа: зошто им дозволуваат на мали дечиња да присуствуваат на ваков траорен момент? Таму не делат сладоледи. Една фамилија загубила најблизок член, дедо и баба погребуваат внуче, мајка и татко погребуваат дете. Редот не е таков!
Се случи нешто ужасно, ниту на душман да не му се случи, па зарем не им е дозволено на раат да си ги изжалат своите најмили?! Зарем малку им е болка и ужас?! Наместо да се фатат за сериозни работи, тие продаваат вести.

Можеби некогаш Америка беше ветена земја, сега е земја на ужасот.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Американци...


Мене не ми е јасна една работа: зошто им дозволуваат на мали дечиња да присуствуваат на ваков траорен момент? Таму не делат сладоледи. Една фамилија загубила најблизок член, дедо и баба погребуваат внуче, мајка и татко погребуваат дете. Редот не е таков!
Се случи нешто ужасно, ниту на душман да не му се случи, па зарем не им е дозволено на раат да си ги изжалат своите најмили?! Зарем малку им е болка и ужас?! Наместо да се фатат за сериозни работи, тие продаваат вести.

Можеби некогаш Америка беше ветена земја, сега е земја на ужасот.
Америка е земја на маркетингот. Колку повеќе се збори за Америка, толку е понапред во мислите и разговорите на луѓето и толку повеќе сите мислат дека сè зависи од Америка и дека се врти околу неа. И ѝ успева (целта ги оправдува средствата, нели).

На едно место беше убаво напишано: на Америчките луѓе не им треба построга контрола на оружјето, ниту пак на децата им треба помош за ментални заболувања, туку и на двете им треба поголема блискост едни со други. Децата се здивени зашто родителите нив ги сметаат само како издаток во буџетот и ништо повеќе, па бараат начин на којшто ќе се прикажат себеси како нешто повеќе и позначајно во светот. И, ако немаат друг начин, попрво ќе одберат да се некој што е монструм, отколку никој и ништо (нели, повторно, маркетинг е во прашање).

Ако Америка сака да има поздрави семејства, ќе мора малку повеќе да олабави во своите желби за доминација над сите и да се фокусира на себе. Тоа значи дека некои други земји можеби би направиле повеќе постигнувања, што не е добар маркетинг. Затоа, не гледам дека ќе се намали бројот на вакви случаи во Америка, напротив - повеќе маркетинг ќе значи ако ги има сè повеќе.

Па можеби ќе им стане јасно на Американците дека дел од она што го прават во странство им се враќа и кај нив, па да видат како е. Иако, две срушени кули близначки подоцна, пак не им доаѓа ум. Ние останатите можеме само да се надеваме дека ќе им дојде.

Живи биле па виделе.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Нов Масакр денеска.

Се знае каде може такво нешто да се деси. Нормално во САД. Каде ами на друго место???

И овојпат пак извршителот на тоа дело е „Белец“. Како и секогаш.

Но мнозинство луѓе во светот се лоботомирани и се убедени дека таквите работи ги правеле најмногу Црнците:tapp:

А за Белците во САД се убедени дека се ангели и светци...:tapp:

Тинејџерот од Њу Мексико си го убил сопственото семејство

Двајцата возрасни и трите деца убиени од страна на 15-годишно момче во Њу Мексико, САД, биле сопственото семејство на тинејџерот, соопшти полицијата.

Жртвите биле идентификувани како угледниот локален пастор Грег Гриего, неговата сопруга Сара и нивните деца Зефанија, 9, Џаел, 5, и Анџелина, 2.


Синот-убиец Неемија е обвинет за убиство. Полицијата смета дека тинејџерот користел полуавтоматска пушка АР-15.

Гриего бил добро познат во областа Албакерки по неговата работа со пожарникарите и како свештеник во обласниот затвор, јавува АП.

„Отец Гриего беше посветен професионалец што верно им служеше на своите сограѓани и пожарникари на оваа заедница“, рече локалниот шеф на пожарникарите во изјавата. „Неговиот спокоен дух и љубезен карактер многу ќе ни недостигаат.“

http://www.mkd.mk/91760/svet/tinejdzerot-od-nju-meksiko-si-go-ubil-semejstvoto/
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Заебана психава на децава во Америка,дали поради тоа што све им се дозволува...или шо.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Заебана психава на децава во Америка,дали поради тоа што све им се дозволува...или шо.
Децата во САД пореметеност имаат уште од раѓање...До гените ќе да е.

Друга работа: Децата во САД премногу гледаат акциони филмови со Рамбо, Мајкл Дудикоф, Стивен Сигал, Чак Норис при што тие им се идоли...

Значи, ако едно дете (пример) идол му е Стивен Сигал, а го видел Стивен Сигал како во одредена ситуација на неправда на некој го убива, во слична ситуација и детето ќе постапи така.

Трета работа - Родителите воопшто не го чуваат оружјето на скришно место детето да не може да го пронајде...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Друга работа: Децата во САД премногу гледаат акциони филмови со Рамбо, Мајкл Дудикоф, Стивен Сигал, Чак Норис при што тие им се идоли...
Па не би рекол дека Холивуд и филмовите исполнети со насилство се криви,Холивуд и неговите филмови допираат и низ други континенти и се гледаат со ист интензитет како и во Америка па не ги гледам истите проблеми и во другите држави.
Значи мора да има нешто друго...тоа со гените,ае малце расистичко али шо знам,можда држи вода и тоа дека оружјето е тотално достапно за децата и остала раја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom