26 убиени при напад на основно училиште во САД

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
14.12.2012
26 убиени, од кои 20 деца, а 6 возрасни, е билансот на инцидентот со огнено оружје во

​​ Основното училиште Сенди хук во местото Њутаун, сојузната држава Конектикат, соопшти полицијата. Мртво е и лицето за кое се претпоставува дека бил напаѓачот.

Властите велат дека во тек е известување на семејствата на загинатите. Полицијата се` уште работи на местото на инцидентот.


Медиумите објавија прикази на деца кои, држејќи се еден за друг, со помош на полицијата беа евакуирани од училиштето. Сведоци наведуваат дека слушнале околу 100 истрели. Потоа, според искази на деца кои биле во училиштето, пристигнале полициски сили кои од училница во училница го барале напаѓачот.

Претседателот Барак Обама по повод инцидентот порача: „Претрпевме премногу вакви трагедии во последните неколку години. Секојпат кога ќе слушнам ваква вест, реагирам не како претседател, туку онака како што би реагирал секој друг - како родител“.

Властите во Конектикат соопштија дека претседателот ветил федерална помош.


Извор

Не знам што разумно да кажам во ова, освен дека покрај сите вакви случаи никако да разберам зошто владата во САД не воведе строга контрола на оружјето како што постои во нормални држави. Дали ваква работа може да се случи доколку нема секој идиот пристап до оружје?
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
4.984
Поени од реакции
2.151
Се чудат како може да има вакви случки а во супер маркет може да купат какво сакаат оружје само со лична карта. Нема што да ги чуди, самите си се криви.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.054
Не знам што разумно да кажам во ова, освен дека покрај сите вакви случаи никако да разберам зошто владата во САД не воведе строга контрола на оружјето како што постои во нормални држави. Дали ваква работа може да се случи доколку нема секој идиот пристап до оружје?
Ние сме скоро на исто ниво со навооружување по дома колку и САД само што ние по дома чуваме и автоматско оружје ( во САД е забрането ) а и во Западна Македонија и лесна артилерија.Па не гледам да има масакри по школи во Македонија.Швајцарија е највооружената држава на планетата каде секој има дома автоматско оружје па не гледам да има масакри по школи.И тоа ние имаме и етничка нетрпеливост каде секој ден се тепаат деца по школи.

Од друга страна како прво во Америка бројот на вакви напади всушност е намален во споредба со од пред неколку декади единствената разлика е што денеска околу секој ваков инцедент се прави помпа и има публицитет со недели во најголем дел за да се исполни политичката цел а тоа е ограничување на оружјето ( што нема да се деси ).

Истата таа помпа и публицитет погоди кој привлекува ? психопати кои сакаат публицитет.Цело време се случуваат вакви масакри во држави каде нема смртна казна и цело време напаѓачите како "лингури " се предаваат живи.

.
 
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Син на наставничкa е убиецот од Конектикат

Пронајдено е уште едно безживотно тело, па билансот од злосторството во основното училиште „Сенди Хук“ во градот Њутаун, во американската сојузна држава Конектикат се искачи на 28 лица, најмногу од нив деца.
Според Тајмс, убиецот е идентификуван и станува збор за Рајан Ланза (24) кој вооружен влегол во училница, ја застрелал својата мајка која во училиштето била наставничка, а потоа усмртил 18 деца кои се наоѓале во училницата, по пат убил седум возрасни лица, на крајот се самоубил. Меѓу убиените е и психологот и директорот на училиштето.
Освен тоа, како што јавуваат медиумите во САД, во Њу Џерси е пронајден мртов и братот на убиецот.
Во државното училиште учат повеќе од 600 деца на возраст од пет до десет години.
Претседателот на САД Барак Обама соопшти дека е известен за нападот, разговарал со гувернерот на Конектикат и со директорот на ФБИ и најави помош за родителите на убиените деца
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.054
Се чудат како може да има вакви случки а во супер маркет може да купат какво сакаат оружје само со лична карта. Нема што да ги чуди, самите си се криви.
Да зошто ако си криминалец или психопат ако оружјето не е легално нема да можеш да го купиш.Единствените кои нема да бидат вооружени кога оружјето нема да биде легално се примерни граѓани.Криминалците и психопатите секогаш ќе имаат оружје.

И кај нас имаше масакр пред некое време кај Смиљковско езеро,а ете забрането е оружјето.Да беше легално може ќе се подразмислеа дали да ги убијат или овие ќе можеа барем да си ја продадат кожата поскапо али зошто они беа обични граѓани завршија како што завршија.

Од Макиавели неколку цитати на темата вооружување :

When you disarm the people, you commence to offend them and show that you distrust them either through cowardice or lack of confidence, and both of these opinions generate hatred.

For among other evils caused by being disarmed, it renders you contemptible; which is one of those disgraceful things which a prince must guard against.



Во Кина немаше оружје па еден со чекич за ѕидови рушење имаше убиено скоро 20 деца во градинка идел од едно до друго и им ги смачкувал главите.Ако си психопат утре можеш да влезеш во некоја градинка или основно и да запалиш цел клас со неколку молотови.


.
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Да зошто ако си криминалец или психопат ако оружјето не е легално нема да можеш да го купиш.Единствените кои нема да бидат вооружени кога оружјето нема да биде легално се примерни граѓани.Криминалците и психопатите секогаш ќе имаат оружје..
Ти доликува аватарот на ставот што го имаш кон оваа работа :)

Да не го цитирам и тоа претходно, зарем сериозно мислиш дека бројката на домаќинства сопственици на оружје во Македонија е над 50% затоа што во САД се шпекулира со бројка до 50%? И дека во Македонија можеш толку лесно да набавиш оружје како во одредени сојузни држави во САД? Во Луизијана на пример можеш да купиш пушка, пиштол или сачмарка без дозвола.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.890
Поени од реакции
2.481
кретенски народ, кретенска држава :tapp:
што им згрешиле најневините, најискрените и најчисти души? (n) ако му се умирало нека се убие и чао пријатно......дебилски кретен
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.627
Поени од реакции
38.525
Жалосно. Трагедија. Сите идат во школи и убиваат дечиња, од што се многу јаки. Страшно.
 

Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Знаеш што? На крајот на денот, и тие се обични луѓе...;)
А беа убиени 20 деца. ;)
На крајот на денот во иран ирак умираат многу повеќе луѓе од ова, како тогаш не му текнува да срони солза..
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.066
Ние сме скоро на исто ниво со навооружување по дома колку и САД само што ние по дома чуваме и автоматско оружје ( во САД е забрането ) а и во Западна Македонија и лесна артилерија.Па не гледам да има масакри по школи во Македонија.Швајцарија е највооружената држава на планетата каде секој има дома автоматско оружје па не гледам да има масакри по школи.И тоа ние имаме и етничка нетрпеливост каде секој ден се тепаат деца по школи.
Даваш добри примери, само забораваш дека во Америка оделе криминалците и курвите од Европа, па така крушата под круша паѓа.
Кај нас етничката нетрпеливост немало пред 100 години, сега е таа помпа и тоа од политичарите.
И мислам дека медиумите во САД претеруваат, а тоа добро го покажаа Top Gear, кога патуваа со автомобили (во Тексас или Аризона) со написи геј е ок, јас ги сакам црнците и слични написи, па после 30 километри на автопат, мораа брзо да ги избришат за да спасат жива глава.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Што ги предивикува да прават вакви грозотии и монструозни дела , ова е стварно грозно .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom