Каснувањата од крлеж се опасни!

Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
15
Иако сега и баш не е сезона за крлежи, сепак корисно е да се отвори ваква тема, зошто каснувањата од овие вектори и не се баш така безалезни, како што повеќето сметаат.
Крлежот од родот Ixodes, кај нас најмногу застапен Иксодес рицинус или причинителот на Лајмската болест е жител, привремен, кај многу специеси - кучиња, мачки, елени, добиток.
Тој е резервоар на спирохетата Borelia burgdoferi, garinii, afzelii, причинители на оваа болест, најчеста од почеток на пролетта до крајот на есента
Лајмската болест е мултисистемска болест, зафаќа повеќе органи и системи во телото, и за првпат опишана во Конетикат - САД.
Поентата на темава е, доколку ве касне крлеж, потребно е да се упатите до најблиската здравствена установа, каде ќе го остранат правилно крлежот, што е многу битно да не го вадите сами, доколку не сте специјализирани за тоа.
Доколку пак сте го извадиле сами, и не сте пошле на лекар, и по некое време приметите на местото на убодот, црвена зона која се шири, потребно е веднаш да се упатите на лекар каде ќе ви биде ординирана соодветната терапија!
 
Не сум закачил крлежи досега иако порано сум го чистел кучето од истите.
Само сакав да постирам една случка, што и се има случено на една моја другарка. Две недели беше како дух, пребледена, немаше енергија, несоници, болки во стомакот и сл. Испитувања на крв, ехо, сите можни тестови. Не знаеја докторите што се случува со девојчето, се плашеа и од најлошото. И така еден ден додека се туширала, случајно забележала нешто чудно во дупчето кај папокот. И се закачил крлеж! Правец болница. Преживеа. :)
 
Ма какво само вадење. Хируршки и никако поинаку. Сам/а. :icon_roll Го сецнеш и после чуда. Имаше прошлово лето Турција и Бугарија ако не се лажам, вриеше. :icon_conf

Ја па дека љубам по треви да се лежам, али неќе уплав да ми се напраи ебаго.
t_iconsadm_99b846e.gif
 
Не сум закачил крлежи досега иако порано сум го чистел кучето од истите.
Само сакав да постирам една случка, што и се има случено на една моја другарка. Две недели беше како дух, пребледена, немаше енергија, несоници, болки во стомакот и сл. Испитувања на крв, ехо, сите можни тестови. Не знаеја докторите што се случува со девојчето, се плашеа и од најлошото. И така еден ден додека се туширала, случајно забележала нешто чудно во дупчето кај папокот. И се закачил крлеж! Правец болница. Преживеа. :)

Имаше добра епизода од др. Хаус со ваква тема.
 
Не беше кај папочето тоа :wink:

Инаку... крлежите се активни во пролет и лето, посебно во пролет кога почнуваат да се активираат после студената зима.
 
Па нели имаше во Струга летово, детенце што закачило крлеж на плажа, исто со неспецифична клиничка слика,
го примиле со енормно висока температура, повраќање, болки, и во општо тешка состојба... Доказ колку се опасни крлеживе, посебно во некои ендемски подрачја низ Македонија.
А и доста тешко е да се добие податок дека има убод од крлеж, зашто и самите некогаш нема да го приметиме, од причина што кога ке се нахрани доволно крлежот сам се откачува.
Патогномоничен, т.е доста реален доказ дека нешто се случува со телото, е еритема маргинатум, т.е црвената зона на местото на убодот, затоа одма алармирајте ако имате такво подрачје некаде на кожата после убодот.
 
Па не за џабе ги викаат паразити.
 
Мене пред 6-7 години ми се закачи крлеж, над градите некаде..
Со главата ми беше влезен во кожата, ама го извади татко ми самиот.
Не црвена зона која се шири немаше, за среќа.
 
Насловот на темава е малку грешен,крлеж не каса ко комарец.Он си праи дупка,се бута под кожа и пие крв од домакинот.Народни лекови се топлина или зејтин.Пример,загреан метал му стааш на гзот што му се гледа и он пука или се мачка со зејтин и со истиснување се вади,мада најсигурно решение е болница.
 
Да де да, во право си...
Ама подоцна ми текна каква катастрофална грешка е изразот касна, а сепак е махинален, лаички говорни грешки, ама кога ми текна веќе исчезна опцијата - промени :)\
Али ако му ставаш загреан метал, како што викаш во г'зот... Кој го нема... :)
Затоа што крлежите немаат анален отвор... Туку ја шмукаат крвта, па после ја плукат...
Ќе го изгориш, и ништо не си направил со вадењето, ќе отпадне, ама со пипките внатре.
 
Пред 3-4 години во Охрид кога се вратив од плажа видов дека на палецот на ногата имам пијавица, колку грдо само изгледаше, лигаво да ти се згади, и знаев од порано со дедо ми зборевме за тоа, дека ко ќе ставиш сол на нив, ги повредуваш (ако не и убиваш) и така овој излезе набрзина, значи и солта е добро решение додека не навлегло многу навнатре.
 
Сол да за пијавици пошто ги дехидрира ама крлеж нема ни да прдне на сол:helou:
 
Пред 3-4 години во Охрид кога се вратив од плажа видов дека на палецот на ногата имам пијавица, колку грдо само изгледаше, лигаво да ти се згади, и знаев од порано со дедо ми зборевме за тоа, дека ко ќе ставиш сол на нив, ги повредуваш (ако не и убиваш) и така овој излезе набрзина, значи и солта е добро решение додека не навлегло многу навнатре.
Од кај ги ископа сега па пијавиците?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom