Не планирам да се женам, не ми доаѓа природно да мочам стоејќи, а и не сум пожелен материјал за сопруга,па неам баш шо да барам на темава, али онака, од надворешна опсервација би рекла дека со страст/страсен партнер, брак не бидуе.
За брак е потребна, вообичаено, некоја што ти дава чувство на сигурност(лажно или не, сеедно) и надеж за мирен соживот (исто како во мулти етничките односи кај нас

)
За брак бираш некоја која е задоволителен преносител на гени.
За брак ти е потребна некоја без багажот на бурно минато, односно некоја која можеш да ја шеташ у јавноста, без притоа да слушаш муабети и потсмевања за нејзиниот моралниот кредибилитет.
Конечно, за женење ти треба некоја, која се поистоветува со женскиот стереотип: мирна, пасивна, одмерена, одговорна, грижлива, воздржана итд.
И види ли чудо...Ретко кој земал за жена некоја која го прави да се тресе од возбуда и страст и му качува адреналин.
Иако, можеби целиот ергенски стаж го прошол со претходно споменатите жени, на крај иде у институцијата брак со некоја која можеби не е баш возбудлива, али знае дека би го чекала дома и би му била сигурно уточиште и за него и за децата.
И веројатно изборот му е правилен. Барем му гарантира долг (а, со тоа и монотон) брак. Како и потврда дека ќе се грижи баш како што треба за дел од неговите пренесени гени, односно за нивното потомство.
Се на се, испукајте се дур можете.
А, за женење, одете во "добрите соседства". Таму кај што не е можеби забавно, но е барем безбедно и сигурно.
Ах, да...Кажав дека не сум од оние за женење?

But, hey. All I want is to play