Досега, илјадници години, такво нешто не се случило. А човек чепкал насекаде (истражувал, копал, газел по пештери, џунгли, експериментирал со животни). Нема шанси да се случи ова ако човекот не го создаде (или ископа од негде).
Така да...се е во рацете на нашите експериментатори и научници. Ако некој стави крај на светот (не на земјата, на светот што го знаеме), тоа ќе се тие. Дали преку микроорганизми, дал преку земјотреси...нуклеарни девастации-едино човекот може да се уништи себеси и евентуално живиот свет околу него.
За вирусите, таков вид на пренесување (преку воздух) имаат некои од филовирусите (ебола, но не сите видови).
Овие вируси иако многу смртоносни и многу лесно преносливи (па и преку воздухот)-
значи едни од оние апокалиптични вируси-сепак не ја уништуваат популацијата целосно. Се појавуваат, се шират и одеднаш исчезнуваат (изворот на контаминација сеуште е само претпоставка). Дали е тоа негде во нивната структура "запишано" дека, доколку цела популација изумре (цел жив свет) ниту тие нема да можат да се шират/размножуваат, не знам. Додуша, овие се толку смртоносни што го убиваат домаќинот многу брзо, па можеби е тоа и една од причините заради кои не завладеале со светот. Но дефинитивно се многу чудни

Значи сеуште луѓето се тука и се живи.