Имам и на друга тема кажано дека никого
не можеме да познаваме целосно колку и да сме заедно. Истото важи и за врска и за брак. Ние луѓето сме непостојани, се менуваме под разно-разни околности и како такви сме понекогаш непредвидливи.
Е сега, кога станува збор за заеднички живот треба добро да се размисли пошто рефлексијата на успешен или неуспешен брак се одразува на нас самите. Така што, по мене, не би требало да се обрне толку внимание на должината на врската. Самите си знаеме колкава ни е моќта за проценување на туѓиот карактер и колку време ќе ни биде потребно пред конечно да се определеме кого ќе гледаме прв наутро кога ќе ги отвориме очите.