2010 - Како ви помина и што ви ја одбележа истата?:)

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да ја продолжиме традицијата која ја имаме неколку години наназад.

Едноставно, како ви помина и што ви ја одбележа скоро изминатава 2010 година? :)

Нема да должам јас за мене многу, само ќе кажам дека ми беше турбулентна на секој можен план. Имав и убави имав и неубави моменти.
Матурирав, се запишав на факултет каде што сакав да се запишам, продлабочив односи со многу блиски личности. Наспроти тоа, загубив драга личност, малку измрдав од планот кој го имав зацртано. Летото ми се одбележа со една доста непријатна случка.

И на крај, на љубовен план, напуштив една навидум убава врска, но сега полека влегувам во друга:)

Она што можам да го заклучам е дека годинава ми донесе огромни промени на секаков план и мислам дека малку повеќе придонесе за градењето на одредени ставови према некои работи.


п.с.Абе полнолетството си го заборавив да си го спомнан за 2010:) Една од добрите работи претпоставувам... :pipi:
 
Иста состојба и кај мене, доста турбулентна, се заљубив за прв пат оваа година, многу беше турбулентна и поучителна, имаше многу тешки моменти каде што бев издаден од сите, моменти кога имав најголеми успеси во животот и чувствувам дека многу созреав годинава.
 
Генерално ќе ја памтам по добри ствари. Завршив со средното, матурирав се запишав на Факултет од кој што очекував нешто повеќе но не е ништо посебно. Сватив многу работи, се пронајдов во една личност и се беше супер, но како и по обичај се што е убаво кратко трае заврши таа наша 'врска' не по наша вина. Подоцна следеше операција на 'стариот' која се искомпликува малку но на крајот се испадна добро. На професионален план беше екстра, си го остварив сонот, а воедно и тој успех му го посветив на татко ми кој во тие моменти закрепнуваше од операцијата. Но после остварувањето ми се зголемија амбициите и моментално работам на нивно остварување. Како и да е доста успешна и поучна година за мене без разлика на тешките моменти можам да кажам дека ми помогна да созреам! :icon_bigg:icon_bigg
 
Конечно вредна тема да се отвори на форумов. :)

Па 2010-та беше average година, шознам, онака година на промена, се оддалечуваш од средношколските лудории и стануваш академски граѓанин, how cool is that? :icon_lol: Имав успешна матура, well almost. :pos: Се запишав таму кај што најмалце очекував и интересно ми е. Годината како секогаш ја одбележаа лудориите со друштвото и многу фини моменти вредни за памтење. Лошите ги заборавив. :) Во љубовта тапа, ништо сериозно веќе низа години. I wonder why? xD

Се надевам 2011 ќе биде подобра, па и мора да биде, со оглед на тоа што е претпоследна година на светов as we know it XD
 
Искрено ептен тапа година. На секој план, на школо, во љубовта, в кладилница. Во се баксуз невиден. Но, тука е уште малце 2011 која се надевам ќе биде многу подобра.
 
Никако.Ништо посебно не се случи.Помина досадно како и секоја година последниве 2-3.Се надевам дека 2011 ќе биде подобра меѓутоа нишо не очекувам.
 
Па оваа година беше кризна година...финансиската состојба во семејството беше најмала неголи икад до сада...сепак беше супер,се заљубив годинава,оценките ми се тип топ,летото шетнав некаде.........друштво забави,пораснав некој сантим стаив некое килце.....По зрел сум за разлика од лани и веќе знам што сакам во животов....се надевам 2011 ќе биде многу подобра...
 
Онака како и секоја друга :salut:
 
п.с.Абе полнолетството си го заборавив да си го спомнан за 2010:) Една од добрите работи претпоставувам... :pipi:

Ма јок,ваќа те закон сеа :)

он топик

Ништо посебно,премногу монотоно,нема ништо што би издвоил.Се надевам на повозбудлива 2011 :vozbud: (се разбира во позитивна смисла)
 
Уф, ова беше лоша година на секое поле. Мислев дека лошите работи завршија лани, ама тие продолжија. Толку многу посакував оваа година да ми се исполни барем една работа, ама очигледно не го заслужив она што го сакам, за возврат добив уште поголема болка. Кога би можела би ја избришала целосно оваа година, не сакам да се сеќавам на ништо. Нема ниту една убава работа која ми се случи. На почетокот мислев дека ова ќе виде прекрасна година, очигледно моите планови не беа реални и остварливи. Летово во јули - август имав колку толку подобар период, ама и тоа заврши брзо, па сакала нејќела морав да се вратам во реалноста. Имав толку многу убави планови за оваа година, сеуште не можам да сфатам каде погрешив и зашто не можев да ги реализирам. Знам дека никогаш повеќе нема да ги повторам грешките кои ги направив оваа година. Таму се` ќе биде подобро!
 
Tripleta%2003.bmp

ова највеќе, а другото се по старо, си учиш, си седиш на компјутер си играш фудбал и тоа ....
 
Уште едно вртење на планетава околу нејзината ѕвезда ништо посебно....


Најдов нешто ново ама и тоа не е посебно на почетокот ми изгледаше како така ама сепак не, тоа е само дел од играта....
 
тапа! очекував многу повеќе ама ете....се надевам 2011 ќе биде МНОООООГУ подобра :)
 
Не ми се верува дека 2010 година ми помина многу брзо. Најголем впечаток ми остави кратката и најубавата врска до сега што сум ја имал и ќе ја памтам до крајот на животот. Тие три месеца ми беа едни од најубавите оваа година...потоа се тргна наопаку. Исто така и летото беше добро, да не речам лошо бидејќи само друштвото беше најпогодено за разлика од храната и смештајот. Последниве месеци од годинава не ми се нешто посебно (за сега) А сигурно ќе ми се разубават со доаѓањето на моите роднини од Италија. Па за 2011 останува да се надеваме дека ќе биде многу подобра за разлика од 2010 и да ми донесе ЉУБОВ, ЗДРАВЈЕ И СРЕЌА. Мене во животот само овие три работи ми се најважни и најпотребни.
 
Оваа година не ми беше нешто посебна..Ама се решив за некои работи и конечно го правам тоа што го сакам и се сменив доста..А останатото се ми е во подем минатите години скоро во сите работи многу подобро ми идеше оваа слабо..Ајде нареднава ке се среди валда :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom