2010 - Како ви помина и што ви ја одбележа истата?:)

Греота е да се жалам па затоа ке речам просечна......како и секоја година.....Немам некој моменти или евенти шо оваа година се вредни за спомнување па ке си претраам и на таа тема и к заокружам на -2010- 6/10.:smir:
 
Искрено ептен тапа година. На секој план, на школо, во љубовта, в кладилница. Во се баксуз невиден. Но, тука е уште малце 2011 која се надевам ќе биде многу подобра.
^^ ни се погодила годината :)
 
-Одличен зимски распуст
-Светско првенство 2010
-Незаборавен одмор (и распуст воопшто)
-Гадна болест и престој во болница есенва

Година што ми помина многу брзо, но сепак многу подобро од претходната година. Пребродив се што беше лошо, а добри мигови имаше многу. Се надевам дека вака ќе продолжам и во наредната година.
 
Оваа година само почна добро. Како се движеше така работите стануваат полоши и полоши.
На бадник ми се падна паричката.
Ми ја скратија платата за 15% поради антикризните мерки на владата.
Девојката ми раскина.
Почна да ме фаќа апатија на работа, и општо во животот.
Имаше еден период кога секој четврток играв футбал со другарчињата во сала, потоа се префрлифме на тревнато игралиште. Дури и копачки си купив.
На Аларм фестивалот отидов со најголеми надежи за уште нераспакуван да си ја повредам ногата. Првиот ден го поминав таму во големи болки, вториот заминав за дома.
Потоа следеше најлошиот летен одмор во мојот живот досега. 18 дена тотално непланирани, толку лошо распоредено шетање низ земјава.
Во септември и купив лап-топ на сестра ми за да не се тепаме над компјутер.
Во меѓувреме сфатиф дека фотографиите ми стануваат се полоши и полоши, за од никаде да ми стигне инфо од Марко дека ќе прави нов курс за фотографија.
Потоа извршители ми ја блокираа сметката во банка, бидејќи другарчето на кое сум му жирант не платил долгови. За среќа брзо се разреши ситуацијата.
Се случи мојата прва групна изложба, поточно слајдожба. фотографиите идеа на бим наместо да ги печатиме. Парите што ги заштедивме така ги потрошивме за јадење/пиење :)
Повторно играм футбал со другарчињата.
Се фотографираф за пасош.

Кога ќе ја погледнам годинава наназад, ми идеше ап енд даун. Повеќе даун него ап, ал јбг, ја сум кул шизик батка.
Од работи кои ги посакував но не ми се остварија е менување на работно место. Можеби и не се трудев доволно на тој план. Посакував да најдам привлечна млада дама која ќе ме сака, ама изгледа не сум фраер до крај.
 
Па почна со нервози. Баталив факултет, нешто џоамити работев, па безделничев после тоа пола година :D Летото супер ми помина, си одев со многу срцка девојче, штета прекинавме :D Си се запишав на факс (втора мајка) и супер ми оди сега за сега. Сума сумаре топ година ми беше :D
 
На професионален план, годинава ми беше најдобра уште од почеток на Јануари 2010 и тој тек се задржа до овој момент, 13 Декември 2010.
На љубовен план - ужасна. Најпосле ставив крај на врска од нешто повеќе од 2 години со патолошки лажго и исто така неверница. Може сепак и не била до толку лоша годинава и во тој план, кога ќе земеш во предвид дека таква "врска" сум завршил. Изгледа најмногу зависи од аголот на кој ги гледаш работите.

За 2011 спуштени ми се барањата/очекувањата: сакам на професионален план да се задржи линијата од тоа што го постигнав во 2010, не мора да има повеќе работа и нови успеси во тоа поле, а на љубовен план се надевам ќе ми се насмевне среќата најпосле. И исто така се надевам ќе го задржам супермодераторскиот статус на форумов а да нема потреба да го користам за банирање на непослушни членови :)
И за разлика од Тончи, јас сум фраер до крај.
 
Одлична година,долго ќе се сеќавам на неа иако имаше и лоши работи али повеќето добри беа..Се надевам дека новата уште поубава ќе ни биде и поуспешна..
 
Мислев дека полошо од 2009 нема да биде ниедна година. Но оваа ги помина границите. Освен љубовта, која си продолжи од 2009 и сеуште трае, друго ништо особено не ми се случуваше (убаво). А лоши работи имаше многу. Генерално, годинава ќе ја паметам по лоши работи, депресија, губење нерви, притресување за се и сешто... За 2011 имам само желба да си најдам работа и да си заработувам сама за себе. И да, очекувам да земам плата во 2011, а не милостина -.-
 
2010 лето господово го оставаме зад нас... Иако лани во ова време бев во некоја дилема шо како каде зошто, полека полека работите си дојдоа на свое место. Од февруар почнав да работам во Скопје и направив доста голем напредок и развој во познавањата. Некои луѓе плаќаат за тоа да го научат, јас го добив гратис :)... една поговорка вика life is a journey not a destination, така да повторно коцките се редат за да се случи некоја промена :). Ветрот дува во сите правци, којзнае на која страна ќе ме однесе. Ваљда тоа ќе го образложувам наредната година ова време :)

Полека полека една од животните желби ми се остварува... конечно оваа година дојдов до мојот Мерџан, за што ми требаа 5 години убедвање со домашните... Патем пола е исфарбан :) за брзо ќе го земам дома, па ќе имам со што да се занимавам во слободното време.

Сума сумарум, кога ќе се завртам назад, гледам дека годината што помина е прилично добра.
 
2010. Како шо ми изгледаше бројката у почетоко, мислев дека ќе биде добра година. Така и беше - во почетокот. Пост-новогодишна еуфорија, празници, снег, ладно .. убаво. Башка си водев муабет со едно момиче од Росоман со кое се фатив у март. Супер беше, уште идеме. Летото беше.. средно. По цел ден дома по социјални мрежи, интернет, скајп.. Дека имав работа у трета смена, па ми беше мачно малце.. знаете, лето сакаме да се пијанчеме да се забавуваме, базени ово оно, а ја морам да спијам :D Нема врска, битно парата спечалена ја трошев со ќеиф. Аларм фест беше дефинитвно најубавиот дел у цело лето. Дека бев трета спрема четврта година у школо, па редно беше ние да идеме на екскурзија. Совршено. Септември помина околу екскурзијанската еуфорија. После тоа започнав нова работа у тобако центар. Првите оценки одлични, школото супер го стартував.. И еве ме у Декември месец, мојот месец пошо тука имам именден, роденден, нова година... сума сумарум не смеам да се пожалам за 2010 баш кул ми беше..
 
Годинава е Highlight на мојот живот.
Среќна сум за многу работи, највеќе за патувањето во Италија.
 
Мислев дека полошо од 2009 нема да биде ниедна година. Но оваа ги помина границите. Освен љубовта, која си продолжи од 2009 и сеуште трае, друго ништо особено не ми се случуваше (убаво). А лоши работи имаше многу. Генерално, годинава ќе ја паметам по лоши работи, депресија, губење нерви, притресување за се и сешто... За 2011 имам само желба да си најдам работа и да си заработувам сама за себе. И да, очекувам да земам плата во 2011, а не милостина -.-


Немам што да дополнам.. од А до Ш важи и за мене ....:icon_roll
 
Годините се делат на такви со Светско и без Светско. Оваа беше од тие првите :)
Се на се, турбулентна година. Имав едно досадно лето, после неколку месеци преполни со ништо, монотони со голема м. Е после стигна Светското што го чекавме толку долго. 1 непреспан месец, а после него најголемата промена што за првпат се вработив. Ова најмалку го очекував од дембел и мрза ко мене ама и тоа бидна. Е од тогаш тргна нагоре линијата, нови луѓе и познанства, поголема активност, по некоја пара и така. Сега иде едно лето што дефинитивно ќе биде подобро од претходното, а со него и еден куп неизвесности. .Ни јас сам не знам што ќе ми се случи во 2011 ама ќе биде полна со настани, тоа знам
 
Прва писмена работа по македонски јазик: Како си ја поминав 2010 година дата: 13.12.2010 година

Јануари 2010 година. Новата година си ја поминав тапа. Ништо посебно. Друштвото си замина во 1.30, а во 2.30 бев во кревет. Накурчен, бдеев во таванот додека надвор се пукаше и се веселеше. Размислував дека има и полошо. Пример... да бидеш таксист за Нова Година и да ја дочекаш новата година на семафор (двајца таксисти од Наше такси ја дочекаа на семафорите кај Тобако 2 во Скопје). Па така само-сожалувањето се претвори во сон и започна годината со посмислата „Ај чим толку лоша била новогодишната вечер...барем годината да се погоди“.

Работите тргаа сеуште наудолу. Прв пат во животот по 2 дена бев на работа (4.01 во 9.30 на работен состанок) и се течеше како ништо да не се десило. Јануарската плата доцнеше, а и таа што дојде одвај извадов жива глава и да не летам на улица заради неплатена кирија. ММЕ си реков, ...

Февруари финансиска инјекција. Уф, почна некако да се живее. Започнав да го пишам магистерскиот труд. Предавања. Одржувања. Времето леташе. Започна МОКУ тестирање на 8500 матуранти. Работа до посер. Ама добро беше. Забавно и исечени прсти од виткање хартии и шетање по масички. Снегот и во март не изненади (8 март тон снег).

Патувањата на секои 2-3 недели и натаму продолжуваа и траат сеуште. Излета возот од шини во март месец и донесов одлука дека повеќе во воз не.

Април-јуни убаво и брзо поминаа. Го привршив магистерскиот труд и го пријавив. (Сеуште трае процедурата за одредување на дата...после 6 месеци).

Јули ОДМОР! Не отидов никаде. Окапев цел месец во Битола, ама супер ми беше. Студентски живот. Стани во 12...во 2 на кафе (во најголемите жештини). Вечерта пак, па една партија Call of Duty и дома до 4 сабајле на Facebook. Милина! Еднодневна ексурзија до Охрид и тоа беше то.

Август на работа. Завршување на истражувањето за магистерскиот труд. Се вратија лицата од одмор... кои требаше да ми дадат информации. Пишување на нови компендиуми по предметите кои ги предавам, update на старите со нови информации...

Септември ... сејм олд шит. Работа-дома-работа. А да..и си купив кола. Fiat 1300 од 1969 година. Милина лимузина.

Октомври...одвај чекав да дојде роденденот. Со девојката си купивме уште едно економично возилце. Застава 128 со големи планови за средување.

Роденден 31.10. Домашна атмосфера. Ручече...шетање...тортичка во Битола.

Ноември...ништо посебно. Деновите се нижеа...времето топло. Ништо посебно.

Декември...аман ...снег човече...и ете 13.12 Снег. Фајнали!

13.12 до 01.01 - во исчекување на Нова Година. Врска неам каде...се надевам дека ќе дадат одмор за НГ, ама изгледите се некако слаби.

Дец ит!


Сума-сумарум = Па супер година, многу работи поминав, сите беа добри. И наредната да биде ваква нема да се жалам.

За в година повеќе успеси сакам на професионален план. Конечно да си ја земам титулата магистер и да се запишам на докторски студии, се разбира и дупло поголема плата (што е речиси извесно).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom