18 години од интервенцијата на НАТО во Босна и Херцеговина

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
18 години од интервенцијата на НАТО во Босна и Херцеговина



Пред точно 18 години, на 30 август 1995 година силите на Северноатлантската алијанса, предводени од САД почнаа воена интервенција во Босна и Херцеговина, што доведе до постигнувањето на Дејтонскиот мировен договор, кој беше парафиран неполни три месеци подоцна, на 21 ноември 1995 година, во Дејтон, во Охајо, јави Анадолија.

Интервенцијата на „демократскиот свет“ е дочекана со помешани чувства, бидејќи поводот за неа беше артилерискиот напад на војската на Република Српска врз Сараево два дена претходно, на 28 август 1995 година, во кој се убиени 43, а тешко ранети 84 цивили, пишува агенцијата.

Операцијата на силите на НАТО „Намерна сила“ во БиХ почна околу два часот изутрината на 30 август 1995 година и заврши на 21 септември истата година. Во операцијата учествуваа околу 400 авиони и пет илјади лица од 15 земји. Во текот на операцијата беа истрелани над илјада проектили.

Во операцијата на НАТО во БиХ учествуваа САД, кои изведоа најголем број летови (околу 66 отсто), Турција, Германија, Франција, Велика Британија, Холандија, Италија, Шпанија...

За време на операцијата извршени се 3.515 летови против 338 цели. Извршени се 750 напади. Авионите, кои учествувувале во операцијата полетувале од воените бази во Италија и од американскиот носач на авони „Теодор Рузвелт“.

За време на војната во БиХ убиени се околу 200 илјади лица, што значи дека секој ден страдале по 140 лица. Само во Сараево се убиени 1.600 деца. За време на 1.425 денови или 44 месеци опсада на Сараево загинаа 11.451 граѓани на главниот град, од кои најголемиот број Бошњаци, а потоа и Срби, Хрвати, Евреи, Роми...
БиХ за време на војната ја напуштил секој втор жител. Земјата, која во 1991 година имала 4,3 милиони жители, за четири години ја напуштиле 2,2 милиони лица.

http://www.sitel.com.mk/mk/18-godini-od-intervencijata-na-nato-vo-bosna-i-hercegovina

 
Член од
30 декември 2009
Мислења
547
Поени од реакции
149
Сирија е одлична шанса за погубување на американската политика воедно и рааспад на нато големо слабеење на сад
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Сирија е одлична шанса за погубување на американската политика воедно и рааспад на нато големо слабеење на сад
Немат гајле Сирија од САД одма му викат дека ке има илјадници камикази(авиони самоубијци ).Со Сирија е поделикатна состојбата бијдеки ги стра и од самоубиствени дествија на територија на САД .Велика Бријтанија само заради тоа нема да учествува во оваа војна .
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Ова е една од поефикасните акции на НАТО.
Уствари доведоа една војна која комотно можеше да трае до недоглед до побрз крај,се стабилизираше една страшно поделена држава колку толку и нападите беа доста прецизни со малку несакани жртви.


Исто-така треба да се спомне и дека НАТО го прекина напредувањето на Хрватите (25 километри од Бања Лука) и на Муслиманите (го пресекоа Брчко).
Така да тука многу животи беа сочувани и не се продолжи војната до недоглед.
Ќе беше катастрофално да се продолжеше понатаму,Србите ќе беа опколени од сите страни и ќе се бореа за гол живот, ЈНА ќе се вмешаше, уште неколку потенцијални Сребреници висеа....
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Србите неколку пати беа предупредени, еднаш беа предупредени заради конфликтите во Хрватска и Словенија, вториот пат беа предупредени заради Босна и Херцеговина, а третиот пат си ја добија најголемата казна со Косово, Белград, а речиси и цела Србија се сруши од воздушните напади на НАТО.. Србите катастрофални грешки имат направено со контра политиките против САД и НАТО,тие мислеа дека Русија ќе ги заштити, а тука згрешија најмногу, политичарите на Белград пред 20 години малку по паметно да се понашаа сега ќе беа регионална сила на Балканот..
 
Член од
30 декември 2009
Мислења
547
Поени од реакции
149
Србите неколку пати беа предупредени, еднаш беа предупредени заради конфликтите во Хрватска и Словенија, вториот пат беа предупредени заради Босна и Херцеговина, а третиот пат си ја добија најголемата казна со Косово, Белград, а речиси и цела Србија се сруши од воздушните напади на НАТО.. Србите катастрофални грешки имат направено со контра политиките против САД и НАТО,тие мислеа дека Русија ќе ги заштити, а тука згрешија најмногу, политичарите на Белград пред 20 години малку по паметно да се понашаа сега ќе беа регионална сила на Балканот..
Не остава САД да има било каква сила ако не е членка на некој пакт Србеја и ден денеска има помоќна артилерија воена од многу членки на нато и европа .
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
За Босна важеа едни правила, за Косово други, за Ирак трети.... не верувам НАТО и УСА да се бореа за мир, правда и човечки права.
Без разлика, Босна сега е лулка на европскиот вахабизам и таа ќе биде попатна станица на сите бомбаши и терористи на пат кон ЕУ.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.166
Поени од реакции
18.212
Од просечно место до европски вахабистички центар.Браво за Нато и другарчињата од Белград, Загреб и Сараево.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
И покрај тоа што сум претежно про-западно ориентиран, под ориентиран мислам во тоа дека го сакам западниот начин на живот, сфаќања, западни филмови, музика и.т.н. и.т.н.
НО одвратно не им ја поднесувам политиката на мешање во целиот свет и искрено молам бога каде и да стапнат да испогинат и да се вратат дома поразени било да е тоа Балканот, блиски и среден исток, северна Африка и.т.н.
Додуше они(Американците и западно Европејците) не се ни свесни дека они не се борат за свои туку за туѓи интереси Еврејски/Ционистички него ај, една држава напаѓаат и се борат демек против Исламскиот радикализам и тероризам, друга држава напаѓаат демек поседувала нуклерно, биолошко и хемиско оружје, во некои држави па(Арапска пролет) поддржуваат и потпомагаат Исламисти да дојдат на власт и.т.н. и.т.н.
Ако некој на ова му го најде крајот, ко светот да е шаховска табла ...
Инаку целта на НАТО беше воено, политички и економски да се ослабе СР Југославија односно Србија и на некој начин да се смали во територија со што и се успеа ... бидејќи факт е дека ако настанеше голема Србија во текот на 90ите години ќе беше крупен регионален играч а на западот тоа не им се допаѓа баш, Албанците си добија на тацна држава(втора Албанска држава ... замислете Албанците си имаат две независни држави ... Албанците), а Босна па постана Исламска Џамахирија со безброј брадоњи ака вахабисти ... :tapp:
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
“Nama je Dejton napravljen, ali po Dejtonskom sporazumu Bosna i Hercegovina apsolutno ne može funkcionirati. Legalizirano je nešto što je sasvim neprirodno”,
“Nigde na svetu nema države gde piše 3-4-5-6 konstitutivnih naroda, nego država svoj suverenitet temelji na građanima svoje države. Dakle, po našoj analogiji, oni Amerikanci ne postoje. Kako im, bolan, nije jasno? 447 različitih etniteta, naroda, rasa, 409 religija! Oni moraju imati 499 članova predsedništva, i onda moraju imati Vijeće naroda, rasa, međurasa – propali bi odmah!”
Spahić dalje objašnjava zašto je Reis Cerić dobio nagradu od Kisindžera i počasni doktorat: “Sve si Cera uradio, kako smo ti rekli iz Amerike, preko Saudijske Arabije”, zaključujući: “Sve su nam to oni napravili, sa Kisindžerom na čelu, u intresu kapitala.” On dalje pita: “Vjeruje li iko da je Ratko Mladić sam napravio plan za likvidaciju Bošnjaka u Srebrenici? Taj ko to misli neka se odmah javi neuropsihijatru. To je politika svetska!” U interesu velikih sila je da podele i da postave visokog predstavnika ovamo da bude tako kako im odgovara.
Besim Spahić – predavanje koje je uzburkalo duhove Balkana: Jedna zemlja, tri gluposti

http://focusnewsinfo.wordpress.com/2012/04/04/besim-spahic-predavanje-koje-je-uzburkalo-duhove-balkana-jedna-zemlja-tri-gluposti/
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Од просечно место до европски вахабистички центар.Браво за Нато и другарчињата од Белград, Загреб и Сараево.
Како интервенцијата на НАТО во Босна го направи тоа жити све ?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.166
Поени од реакции
18.212
Како интервенцијата на НАТО во Босна го направи тоа жити све ?
Aко добро се сеќавам, со години беа таму, исто како и брадоњиве, зошто немаше реакции е ‘само ним познато‘...шемата е таа, Ирак, Либија, Сирија, Египет, Алжир, Тунис...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Aко добро се сеќавам, со години беа таму, исто како и брадоњиве, зошто немаше реакции е ‘само ним познато‘...шемата е таа, Ирак, Либија, Сирија, Египет, Алжир, Тунис...
Повеќето бошњаци (едно 90%) од нив се срамат од тие брадоњи....
Не можеш да ги стрпаш во ист кош со Ирак,Либија и сличните.
Во Босна се маргинална секта без многу поддршка.Опасни можат да бидат,но далеку се од вехабистичко дувло.
Имаат едно село (Горња Маоча мислам се викаше) каде што полиција ги претресува редновно на неколку месеци и не мрдаат од таму.
Дали со НАТО или не таквите шупци ќе ги има секаде каде што има муслимани....некаде повеќе некаде помалку.И во Германија ги има и во Франција ги има и во Америка.


Проблематичните цело време идат шетаат од една војна во друга и повеќето ако не изгинале во Афганистан или Косово гинат во Сирија итн.
Дел од нив тајните служби направија никогаш повеќе да не бидат видени итн.
Доаѓаа муџахедини да војуваат за да ги заштитат "муслиманските браќа",но не беа најголема закана.
Имаше и од запад доброволци на хрватска страна и од православните земји на српска.


Тоа што Србите навистина правеа страшни етнички чистења и што доведоа еден цел народ да се бори за биолошки опстанок тоа е друга работа.Сами на себе си го повикаа НАТО.

Уствари да не почнеа војна Србите во Босна и да не правеа тоа што го правеа немаше ни тие муџахедини во Босна да се појават.Никој не им е крив....цело Подриње беше 70% муслиманско сега таму ги нема повеќе од 10-20%.
Бања Лука беше тек 50-60% Српска сега е чист град.
Посавина имаше 120.000 Хрвати,денес помалку од пола од тој број,а повеќето од нив живеат на тероторија што успеа да се задржи (2 градчиња Оџак и Шамац).
Приједор, Козарац,Источна Херцеговина,Вишеград,Бјелина....
Никој не ги тераше да убиваат по илјадници луѓе во еден ден во секој град што ќе го завземат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom