- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.085
- Поени од реакции
- 1.254
18 години од интервенцијата на НАТО во Босна и Херцеговина
Пред точно 18 години, на 30 август 1995 година силите на Северноатлантската алијанса, предводени од САД почнаа воена интервенција во Босна и Херцеговина, што доведе до постигнувањето на Дејтонскиот мировен договор, кој беше парафиран неполни три месеци подоцна, на 21 ноември 1995 година, во Дејтон, во Охајо, јави Анадолија.
Интервенцијата на „демократскиот свет“ е дочекана со помешани чувства, бидејќи поводот за неа беше артилерискиот напад на војската на Република Српска врз Сараево два дена претходно, на 28 август 1995 година, во кој се убиени 43, а тешко ранети 84 цивили, пишува агенцијата.
Операцијата на силите на НАТО „Намерна сила“ во БиХ почна околу два часот изутрината на 30 август 1995 година и заврши на 21 септември истата година. Во операцијата учествуваа околу 400 авиони и пет илјади лица од 15 земји. Во текот на операцијата беа истрелани над илјада проектили.
Во операцијата на НАТО во БиХ учествуваа САД, кои изведоа најголем број летови (околу 66 отсто), Турција, Германија, Франција, Велика Британија, Холандија, Италија, Шпанија...
За време на операцијата извршени се 3.515 летови против 338 цели. Извршени се 750 напади. Авионите, кои учествувувале во операцијата полетувале од воените бази во Италија и од американскиот носач на авони „Теодор Рузвелт“.
За време на војната во БиХ убиени се околу 200 илјади лица, што значи дека секој ден страдале по 140 лица. Само во Сараево се убиени 1.600 деца. За време на 1.425 денови или 44 месеци опсада на Сараево загинаа 11.451 граѓани на главниот град, од кои најголемиот број Бошњаци, а потоа и Срби, Хрвати, Евреи, Роми...
БиХ за време на војната ја напуштил секој втор жител. Земјата, која во 1991 година имала 4,3 милиони жители, за четири години ја напуштиле 2,2 милиони лица.
http://www.sitel.com.mk/mk/18-godini-od-intervencijata-na-nato-vo-bosna-i-hercegovina