GRUNGE
Cobain со цигарче!
- Член од
- 25 февруари 2008
- Мислења
- 677
- Поени од реакции
- 28
А1:
Заврши првата фаза од тендерот за изградба на црква на плоштадот. Само една фирма, скопски Гранит достави понуда да го гради верскиот објект на плоштадот.
Според информации на А1 Гранит бара околу милијарда денари или 16 милиони евра за изведба на проектот. Големата сума се објаснува со вградувањето на скапиот и редок мариовски камен травертин со кој се предвидува рачно да биде вграден во фасадата.
Оваа сума неофицијално е само за изградба на објектот без внатрешноста. Претходно дури четири компании се откажаа од тендерот. Бетон, Маврово и уште две фирми од кои една австриска немале доволно долг рок за да ја комплетираат целата документација. Извори од министерството за култура за А1 тврдат дека досега два пати го одложувале отворањето на понудите.
Изградбата на црквата е спорна уште од стартот. Со протести и тепачки се бранеа ставовите околу верскиот објект. Идејата ги разбуди уште повеќе и амбициите за изградба на бурмали џамијата кај камениот мост. Планот да никне верски објект на плоштадот изнуди и две иницијативи за преиспитување на уставноста на овој проект.
Спорно е дали државата смее да троши пари за изградба на верски објекти и дали со тоа ја привилегира само едната од верските заедници. Нов проблем сега се очекува да биде и сумата од 16 милиони евра само за градежниот дел од објектот.
-------------------------------------------------------------------------
Економска криза? Ма дај ви се молам! Како не им е срам на Владата да троши 16 МИЛИОНИ евра во време на криза кога работници се отпуштаат, работа уште повеќе нема, невработувањето расти...
Вработувањето е замрзнато секаде, не само во државната администрација. Излегуваат со соопштенија во јавноста дека ќе се штеди, а се расфрлаат со пари за налепници да бидеме патриоти и да градат цркви во и така пренаполнет плоштад!
СРАМОТА!
Не знам само како народот ќе го преќути и ова и ќе седи пред ТВ ќе пука сеир на студентите кои протестираат на плоштад.